мрзливи,глупи.неспособни,необразовани,неинформирани,неуслужливи, луѓе што нејкат ни да те сослушаат веднаш ти спушта слушалка е таков персонал ние имаме по нашиве амбасади. Срамотаа бре,срамота !!!!!!!!!!! за еден лист да се чекало со месеци!!!!! крајно сум изреволтирана:еден вика врти во рим,друг вика врти во венеција,трет вика не не врти во истамбул,четврт вика врти во египет или во белград. па идете сите упм ке појдам во амбасада и не излегувам се додека не ми дадат тоа што ми треба!!!!
Појди и не излегувај од таму, секој ден да те гледаат и да им се смачи, та тогаш да ти го дадат документот :geek:
Откако повеќе не си дел од мојот живот ништо не е како што беше. Осамени ноќи,осамено срце. Светот не е ист. Смачено ми е од толку многу осаменост. Пробувам да се навикнам и сешто правам да ја надокнадам празнината во мене. Но сепак не е тоа тоа..
Да почнам со исповестите It started when i was little..I started smelling everything, i had a big nose.. My mum was a perfumoholic, and my father, and my sister too..Now, i can't stop, it's an addiction
Приказнава ја има у милион други форми,ама им продава мутна вода на нашите селебритис нели,од типот на Панчо ДНК,Хелена,Мели и остали,или на страшно јаки малограѓански персони. Му се восхитуваат на книгиве до бескрај,да се пофалам дека ме умре зашо не сум му купила од книгите,или прочитала и тако то. Му бев на документарецот лани во Синеплекс,и да се пофалам дека 99% од луѓето му беа блиски,така да...Со оглед нели дека и ја бев.... Коста во суштина е океј лик,ама нели,мора некако плус да си профитира и така. И така ,луѓенца,се гледаме на следното Бизнис кафе со Коки. Ако случајно не сретнете некаде,знајте,дека е океј лик,ја не му ги перцепирам книгите,ама си имаме муабет и така.
Нема ништо по убаво од тоа да се наоѓаш во природа. Тамо каде што припаѓаме. Зеленило, цветови, овошки, борови, зелена трева, сонце и ветер. Не многу силен, доволно јак за да ти ја земе сета болка, сите грижи и да ти ги однесе мислите. Совршенството е мигот кога се мешаат сите прекрасни мириси на природата. Летаат пеперутки и ја разубавуваат глетката. Мирисот на смола буди убави чувства. Забораваш на се‘ и уживаш! Останувам на викендичка до следната среда. Далеку од градскиот метеж и врева. Доволно време да се наполнам со живот и одморена да се вратам на градското секојдневие.
Луѓе од денес официално се префрлам на позитивната страна Паа барав совети од форумов, како да бидам позитивна, како да сум смешна.. И гледам дека мн делуваат советите, луѓе сум имала она, како се вика смисол за хумор? Шала, важно е да се лупне нешто. Па сеа татко ми отиде на пат, брат ми искочи и сама сум пак. Некако празно се осеќам, ми недостига тато! И како и секоја години почнав да се припремам психички за втора година, ама овој пат мн рано почнав, ама има да им ја знатнам на сите усата шо ми викат дека не можам да бидам добра у школо!! И времето е добро, све е некако добро, мравките пак ми дојдеа на гости, пак ќе се дружиме.. И ми се пуштаат 2-ца Едниот 17, др 20 втф си мислам.. Па изгравав детектив и сама све открив, ама шо мајка бара овој 20 шо е да ми се пушта бе? Бегај таму, мала сум, а овој 17 само ќе го мајначам сеа, нејќам врски бре, мала сум за такви глупости,чекај да пораснам, после нека ми се пуштаат, пуу И нечу више да кукам! Значи со моево кукање ширам само негативна енергија, сакам позитивна сеа да ширам! Ќе си пишувам дневник сеа, па он нека се нервира за мене (Упс, сори дневнку :3)
абе јас ако не доцнам нема кој. Знаете кога после напоред ден конечно се договарате да излезете ама доцните и се набрзина праите,се туширате,се облекувате,шминка-минка и ајт трк. Така и јас,се туширам,брзо брзо да се облечам,земам долен веш облакам и опп гледам нешто газот пола надвор и целата ваква хмммм абе ослабена сум не сум здебелена па да ми се мали....втора опција аууу машала газот ми пораснал,пак се мислам ами како ке ми порасни толку многу,како два броја помали гаќи да сум купила ... си зборам сама со себе „не не не е можно тоа,па и да е можно од што би било,кога само овошје и зеленчук јадам„. Тегнам тегнам,не бре не бива,туку намалив брзина на спремање и кога гледам јас што напред назад сум стаила .. па си се изнасмеав сама на себе.
Никогаш на разбрав зошто ги викаат фамилијарни коли? Небаре фамилија во обична кола не може да се смести
Ако не ставиш на фејсбук дека си бил на одмор по автоматизам си седел дома цело време. Ако не ставиш на фејсбук дека си прочитал книга-цел ден си дремал пред телевизор. Ако не ставиш на фејсбук што си имал за ручек-не си јадел цел ден. Значи живееме во свет каде не си направил ништо ако тоа не го поставиш на фејсбук. Жално.
Секогаш ми велеа дека имам груб глас, како на момче и дека не требало да пеам ни кога сум сама. Еднаш, несвесно запеав пред едно девојче кое го познавав само неколку дена. Истото девојче ми рече дека пеам прекрасно. Само се насмеав, но никогаш повеќе, во ничие присуство не запеав. Пеев кога бев сама во целата куќа. Денес запеав и забележав дека да, можеби не пеам како Адел или Бијонсе, но имам единствен глас, можам да го менувам, да звучам и како момче, и како девојче, и како жена, и како старец. Не сите можат. Сеуште се срамам да пеам пред другите, не испуштам ни глас, но кога сум сама растурам. Нема зошто самата од себе да се кријам.
http://brif.mk/?p=160206 Ова е срамота, парамедици да не знаат основи и да не знаат дека триажата е клучна за спасување на живот! Направиле КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА ВО ИСТАТА!!! Мирно бебе после страшна сообраќајна несреќа е НАЈЈАСЕН знак дека бебето има потрес на мозокот со ОГРОМНА веројатност за внатрешно крварење. Нездрава држава!!! Така е кога секој се запишува на медицински факултет само затоа што неговите се доктори или имаат пари да ја платат нивната амбиција, но и неталент. Кога редат вештачки просеци за да можат да работат како доктори и кога пред се во здравство партиски се вработуваат! Пљук! И за докторите, но и за неодговорните родители кои навистина е тажно што се тажни! Од ваквите настани родители вадете поука дека безбедноста на децата е поважна од тоа што вие мислите дека се безбедни во вашите раце или мислите дека се премногу стуткани и немаат воздух.
Посебни се оние книги едноставно не дозволуваат ништо да ти го одвлече вниманието од нивните редови. Книги за коишто не ти е потребeн обележувач за страници, те мамат да останеш уште некој саат подоцна, го прават неважно времето кое го покажува часовникот. Постојат приказни создадени за читање во еден здив, чијашто магија не ти дава мир додека не ја поклопиш задната корица. А потоа жалиш што со нивните последни редови мораш да се разделиш од омилените ликови и локации, враќајќи се во реалноста. Одберете си приказна идеална за светлината на столната ламба, внесете се во редовите на некоја книга пред спиење. Нема поголемо уживање од читање добра книга во доцните вечерни часови. Лека ноќ.