Ми навираат спомени, кафенце се чади, врне, готвам... Убаво е чувството кога луѓето кои те ценат и ја почитуваат твојата работа те сепнуваат зборувајќи ти за некој твој ангажман. Денес една личност со која тукушто се запознав уште пред да ме праша за мојата работа, ми вели, "Се гледа,уметничка душа си ти." И уште еднаш ме врати назад низ времето, ме потсети за моите први обиди во нештото за кое што веднаш сфатив дека не ми лежи.И црвсто и се држам до претходново, кое ми оди од рака, ме исполнува ужасно добро и го сакам. Интересно е што ми зборуваат за тоа со восхит, а јас не се пронајдов воопшто во тие води и го сметам тоа за најлош можен настап кој ми се има некогаш случено. Добивам и коментари дека сум премногу самокритична од луѓето со кои работам, професионалците и се мислам дали тоа чувство е само мамка на мојот ум, или навистина било добро и им се допаднало на луѓето.
И пак ќе трујам малку со школо, ама да ми олесни. Денеска така, се погоди прв час математика, знаете, повторување.. Кој ќе ги реши задачиве? и сега јас тука настапувам Јас, јас знам да решам, сите се смеат јас математика сум фатила да решавам. Енд гес уат, точно ја решив, ете кој си учи математика. Не, не сум петто одделение па што ми е лесно, него интересно ми е да мозгам и решавам. ОК, ај батали што се испофалив, туку, секој ден 7 часа, мачно е, не е за тешки предмети, ама не можеш да доседиш, башка јас на тренинзи што сум, мх, мх, таман да не се приберам дома. Во петок 6 часа, ај не можеа да дадат малку повеќе и во петок, па што, можеле да стават 8 часа и плус дополнителна, би биле одлични да преспиеме во школо за викенд, да не се враќаме дома. Него, доброто денеска ми е што купувам тетратки и школски прибор, обожавам тоа да го правам. И времето ми се свиѓа, да си дремам ко мачка, прр.. Отрув со школово, не пишувам веќе за него, pinky promise. Чао.
На форумов сум веќе околу еден месец и дури сега открив како да ставам поставам видео, а да не излезе само линк. Ја открив Америка!
Иако времево е никакво, денов ми е одличен со одлични вести... Гостите од Америка доагаат за 2 недели, братми положи за кола денес, а јас го положив последниот испит... Хепи, хепи Се селиме во новата куќа,нова соба ќе си имам(иако мн спомени имам со оваа соба) епа што да кажам друго освен тоа што одам да си купам нешто за новата соба
Денешниот датум е баксузен за мене. Денот не е завршил, ама до сега ми донесе само болни спомени. А денес, требаше да бидам среќна и сакана, а завршив сама. Можно ли е толку да го сакам невремето, дождот и бурата?
Ме опфаќа меланхонија која се раѓа со преслушување на една иста песна. Од дождот. Од мирот кој следи по дождот. Од таа живост која следи по него. Од таа раздвиженост на луѓе кои се криеле претходно,па брзаат кон своите домови. Не брзам. И се радувам. Иако сум наводенета.
Знам колку е болно да си сам на својот роденден, па и врз тоа да истура. Не посакувам таква болка на никому. Затоа, денес го разубавив роденденот на едно мало девојче. Ниту невремето не успеа да ме спречи. Роденден е денот кој го чекаме цела година, нема да дозволам токму тој ден една мала принцезичка да плаче токму тогаш. Го облеков брат ми, купив подарок, зедовме чадорчиња и излеговме. Стигнавме токму навреме, во 18:00. Девојчето беше пресреќно што нема да биде сама токму денес. Сите дечиња од одделението успеале да стигнат, безразлика на времево и на материјалната состојба. Можам само да замислам колку е радосна. Кога ќе видиш некое слатко лице задоволно, насмеано, и тебе ти се распалува срцето. Радосна што успеав да израдувам некого, си го зедов чадорчето и назад по дождот. Можеби таа никогаш нема да се сети на мене, но не е важно.
...ги мразам оние моменти кога седиме со другарките во кафич и кога ќе дојде време да платиме и пола саат не можеме да се договориме кој ќе го викне келнерот за да платиме, зашто на сите ни е страм.
Себични се луѓето, многу себични. Лута сум поради тоа, огорчена, разочарана. И не би ме болело олку многу, доколку не се судрив со реалноста дека себични се и оние луѓе за кои последно би го помислила тоа - оние кои ми се најблиску. Ги имам крај себе, но само физички. Значи - ги немам. А штом ги немам нив, што имам? Се имам само себе си. А тоа, најверојатно, не ми е доволно...
Лејдис да си знаете од сите типа на манијаци во светот јас сум оној на патики. Ама најозбилно бе, кога и да помине некој човек му се загледувам во нозете, ако не носи патики ги оставам на раат, а ако носи... е тука ви е лошото. Ги анализирам детално патиките и ми иде во секој миг да извикам „УБАВИ ПАТИКИ“, знам дури и од кај се купени па и колку пари и после си поврзувам во главата (без мозок) кој што го познавам има такви патики. Вчера на школо прв ден сите зјапаат дали ќе најдат некое убаво дете, :geek: а јас барам убава патика... епа сега.. на кој до што му е. И одеднаш школската срипува и вика: „еве ги, гледај што убави се“ па јас си ги гледам во патиките, не ми се убави нешто и пола саат се препиравме дали се убави или не. На крај да сфатам дека она збори за децата што минеа, а јас за патиките нивни. Така да ако деновиве видете некоја патико-манијачка што ви зјапа во нозете да знаете, јас сум. ПС. Мајка ми ме прашува што толку пишувам што чукам на тастатурата. И сега што да и кажам? -Ќерка ти кажува дека е патико-манијак. Не бе ќе кажам дека пишувам проект по информатика инаку ќе мисли сум скренала. Спојлер Ајде чао немам веќе време за пишување лето не е лето без „ГРМИ ИСКЛУЧУВАЈ“.
Ако ви кажам колку мачки ми се мотаат у двор ќе мислите дека сум crazy cat lady. Три големи мачки чувам, трите се породија, еве сега едната пак е трудна... Ниедно од мачињата не дадовме, моментално има 13 мали маченца, трите големи, и сега мачкава кога ќе се породи... God i need help Спојлер па вака некако и мојот двор изгледа
Цел ден врне, ладничко, си накиснав два пати... Се чувствувам како да сум прескокнала цел месец.Вчера август, денес октомври.
Луѓе од типот: ќе бидеш секогаш тука за нив, на располагање за совет или услуга без да бараш било што за возврат... И бум - при првата прилика кога заради икс причини нема да бидеш во можност да им помогнеш или при искрена критика ќе кажеш нешто што не им одговара, како со гума бришат се` што си направил за нив и го памтат само тој момент - e oд такви си патиме. Еден збор - неблагодарност... се` би било полесно кога не би постоел во речниците на некои луѓе.
Море остај што се неблагодарни,па и мана ќе ти најдат на некоја работа што ќе им ја завршиш.Доста ќе одвоиш време и концентрација,па се прават и паметни.Таквите треба да ги зафркнеш јако два-три пати да им дојде памет во глава,да се потчукнат.
Ги има ли оние луѓе кои од очи знаат да те прочитаат како си, а без притоа да прашат и да се задоволат со едно кратко зборче-да ? Не бре, ги нема
Последната реченица ти е нелогична, но не е важно. Сакам да кажам дека го мразам Септември! Мораше и дождови да донесе од прв ден!