Ех, Спешлке, не се чуди, ќе наидуваш и уште на такви луѓе, па после ќе отрпнеш и ништо ново нема да ти биде.Луѓето сакаат да слушнат тоа што ним им одговара, ама не е можно тоа...
Тоа е оној егоистичниот, ѕверски дел од нашата природа, кој иако кај некого не надвладејува (победува доблесниот), тоа е мошне ретко. Најчесто победува оној ѕверски дел од човековата природа и како што вели и изреката, доброто се запишува во песок, а лошото се длаби врз камен.
Сакам да бидам еден од Пинк Пантерите. Патување во прва класа, шампањско, отмени дружења и конверзации на различни светски јазици. Адреналинот претопен во страст додека го крадеме најбрилијантното. Ако го правиме, секогаш да биде гламурозно. Еднаш како на филм
Пред се сакам да кажам дека сум нова на форумот ..Долго време го надгледував форумот,и денес конечно направив профил... Сакам да кажам дека во светот постојат многу луѓе кои не заслужуваат ни да се споменат,сакам да кажам дека на овој свет многу се ретки луѓето кои знаат да ценат и сакаат вистински.НА секој чекор ќе надеме по некој ненормален,љубоморен,себичен,итн итн.СО СЕТО ОВА САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА РЕТКО КОЈ НА ОВОЈ СВЕТ Е ЧОВЕК!!! :
Конечно положен последен испит! Многу добро чуство било сега уште формалностите да се средат и се ќе биди во ред!
Денес го запознав најубавото девојче на свет. Еми случајно на базент. Девојчето беше многу убава уствари не убава туку најубава. Се прашувате што ја направи волку убава во мои очи? Тоа што постојано е насмеана и што на секое прашање одговара со насмевка, сите ја сакаа и почитуваа, кога прашав некој за неа,ниту еден не прозбори лош збор за неа, ама баш ни еден. Толку ми е чудно тоа. Инаку девојчето е без коса веќе 15 години, нема ниту едно влакно на неа ниту на глава. Преживеала некој вид на леукемија. Носеше капа на глава. Носеше и црвен кармин, чијшто усни од каде се гледаа белите и убави заби го красеа нејзиното бело и многу убаво лице. Девојчето е 3 година на стоматологија во Белград. Ама искрено нејзиниот шарм, позитивизам, оптимизам и пред се убавина ја направи нај нај најубава девојка која некогаш сум ја сретнала. И ми стана јасно зошто си фатила толку убав и згоден дечко, а еве во што бил штосот. Ова е за пофалба. Толку сакам да сум во нејзина близина, пак да ја видам, да ја гушнам и да разговарам со неа. Значи девојки пазете шминката, пудрата и разните хемиски и козметички препарати, кратките сукњи, длабокото деколте, високите потпетиции не се мерило за вашата убавина. Земете пример од ова прекрасно девојче и се најдобро. Штета што не раздели проклетото невреме од неа денес.
Можеби дождот има своја убавина,романтика и незнам ти што...но јас не ја гледам,ми се гади од него Си патам од времево.. Ме фаќа мрза,склет,не ми се излегува од дома,а морам Дојдов од работа со водени балетанки и испрскана(од кола) до колена Не сум марлива на вакво време,незнам да се снајдам... Септемри почна со дожд ...да не закасни у п.м..
Ко учениче си заспав во 9, во кревет. Арно ама ми се приоди во веце, и прво станување од кревет, ме разбуди такво едно акање у отворен прозор... така ме освести... Боли да го еам. Тиеам тоа распоред глуп, да ти еам. Од толку распореди, јас со прозор над глава! Ќе биде ова интересна годинаааааааааааааааа. Прееска иначе дождов ме напраи ко глушец. Т.е. глуууувчиште. Фала на прашање. Па и оноа чоровинкине, дај нека научат сами нека се бришат више, смучено ми е. :geek: Си стаив едно црвено ќесе на глава, наместо чадор. Шо ми е гајле. Џоа Црвенкапица. Овај, Црвенќесица. Боли челото да го ееееам. Не пцујам ја олку, мирно дете сум си. Не знам што ми е. Чим дојдам тука... одма пцујам, да го еам. Ко кочијаш сум тука. До душа не знам колку пцуе тој кочијаш, шо толку го зборат.
Zdravo na site Sakam da kazam deka konecno vidov nekoj uspesen make up artist so poteklo od nasava drzava bravo za nea Maya Mia ( od mob sum ne me karate )
здраво и на тебе BrendonGirl и јас СДК дека воопшто не ми е мило што почна учебнава година ама тоа е....
Гордоста е гадно нешто. Таман ќе сакаш да направиш нешто и тап ќе те заебе. -Еј кај тргна мене ме заборај??? Ти реков нема да одиш. Не чудете се во 8 сатот го пишувам ова. Што да правам не можам да се изначудам на таквите луѓе кои не можат да ја прегазат гордоста кога е во прашање љубовта. Па да си со некого 2 години и да ги фрлиш по вода заради таа ебена гордост. Ако вистина постоела љубов барем еднаш ќе попуштеше бе,мочко. Ама не како ти мора да си стојш на зборот и јас пак да те барам. Е не те барам. Овој пат НЕ. Ќе чекам ти да ме побараш.Ако воопшто го дочекам тој ден. Јебига. Спојлер ова последново со посвета. Поради некојси се ми се испреврти во животов. Не ми е ни до кафе ни до муабет ни до ништо. : Ај добро утро и на вас. Ми тргна мене сабајлечки.
Majki i Tatkovci! Kako toa gi pustate devojkive od 15 godini da izleguvaat so gol g,z ;-O Ne mozam da svatam be.... ili jas sum zaostanata ili vie ste mnogu napredni. Jas da ja vidam taka kerka mi koga ke porasne ima gazeto da i go napram vo sklop so ucebnava godina.... saka na tesni-siroki saka na kocki, po nejzina zelba
Пф, синоќа специјално излеговме без чадор за мојата драга да танцува на дождот. Играв и јас како благо чукнат со тефлонско тенџере по глава, ама под стреа за да не се чувствува осамено. Мислам дека е доволно фер, нели? Се смееше како мало дете, среќна. Додуша малку и` беше мака дека не сакав и јас да бидам на дождот, ама пак беше задоволна. ТУКУ, еден ден врне и светот западна во есенска меланхолија. Цитати од тажни песни и книги, слики од пожолтени лисја и многу постови во СДК со депресивна и down содржина. But hold on little girls, ќе причекате за есента, ќе помине дождов следната недела, моето сонце и +30 ќе се вратат во градот. Не ја гасам климата и го игнорирам радијаторот додека чадорот стои во ходник и им се смее зашто тој е единствениот од есенските реквизити што добива шанса да глуми есен. Вчера ми било cake day. Пред една година сум се „родил“ на форумот. За таа пригода, еден ден подоцна направив торта, па повелете каснете си. Ако сте од оние на диета, баталете го спојлерот, за вас имам шатчиња од свежо цедено овошје, боровница, лимон, зелено јаболко и портокал -> http://static.wixstatic.com/media/991d59_2826cc93e9b3453994df4fcc995dfb6a.jpg За останатите, тортата. Спојлер Се надевам нема да кликнат оние на диета, ама ако кликнавте, а сте на диета, на ваша одговорност муабетов. Значи, тоа се чоколадни стапчиња наредени како замок, а во него има сладолед од лешници. Е, бидејќи девојка ми мрази лешници и знам дека веќе не чита од тука натаму, да додадам и дека има сладолед од јагоди, чоколадо како и цели парченца милка. Одозгора, ги гледате јаготките за оние кои се најголеми љубители на ова овошје. Епа, инџој. И за крај на денешниов пост и почеток на денешниов ден, за #сексисреда и како повод за мојот cake day, посакувам сите момци на форумот да облечат убава кошула и да искомбинираат со соодветна вратоврска, девојките да облечат провокативна танга, сукчињка и да искобинираат со соодветна женска кошула и да седнат да напишат барем едно мислење на форумот така облечени. За мој атер, ако ништо друго. Хаштаг #сексисреда и ќе знаеме дека сте прифатиле. Се надевам некој ќе се одзве на предизвикот, барем еден.
Како да ви кажам колку многу обожавам лук. Чист вкус на Медитеранот, тврдо лебче потпечено со лук и си го мацкаш во чисто маслиново масло. Фета сирење полиено со маслиново, оргинао и лукче! Лукче со домати во сос за тестенини. Печени лигњи одозгора прелиени со маслиново, магдонос и секако лукче. Риба со маслинки и лукче, шпагети аглио олио, рукола со моцарела, оригано, домат, маслинка и лукче! Канелони полнети со спанаќ, а одозгора со прелив од павлака, оригано и лукче. Гарлик пица и за мезе некое пармезанче, мувлосано сирење и пршут. За пиење бело вино, некое наливно старо Италијанско или Грчко ќе ве молам! Романтика и афродизијак! Тоа би било се благодарам.