Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ќе ви речев добро утро, ама ќе ме избркаат во соодветната тема :D
    *
    СДК дека сите си го боиме животот со своите постапки.... или евентуални си купуваме стакла во боја која ни одговара...

    ...дал на мозокот
    или на новите чизми.

    Мене денес денов ми е жолто-небесно син. Обоен со новогодишни песнички од рани утрини и позлатен од сонце и суво лисје. Зрачи денов :sun: 8) !

    И ми е гајле што немам рубин, туку скромен Сребре си го носам на прстов, бидејќи со истиот тој Сребре започнав заеднички живот уште далечната 2006-та. Не сме се скарале до ден денешен пу-пу да не не‘ урочам.
    Епа да... поминуваат години. Ете, од тогаш цели 5. Кога ли? Дури речеш кекс и успат одговараш историја на цела тема. А во училницата тишина. Само таму во последна клупа некој скришум јаде чоколада и не сака да даде на професорката.

    И за крај, сумирано од она што сум го видела во градов, поарно да доживеам да бидам стара, отколку пијана, зашто пијани на секој чекор. Не е интересно веќе.
    Фатив јас воз за Недојдија.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, funkygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    - Шо прајш?
    - Шо да прам :doh: ?
    - Шо ќе прајш :doh: ...

    Една од многуте варијации на тема жалопојки, плус изразување лажна загриженост 2 во 1 - без шеќер, разбира се... Луѓето во принцип толку лажат околу вистинската слика и околу вистинските емоции што веќе почнува да добива комичен елемент целава појава. Во принцип ако случајно му е добро на одреден човек радо би да го сокрие тоа, дали бидејќи кукањето и плукањето до дехидрирање е станато соууу ин или па се плашат од контаминацијата ако ја признаат тековната добра положба бидејќи и не е научно потврдено дека несреќата не е заразна или ненавикнати на неа стравуваат од загуба и ја кријат скржаво од сите како старо бабе што крие парички во перница, да се најдат за зли дни или веќе луѓето се чувствуваат задолжени да се жалат во стилот тоа од нив се очекува... Така сиромашните се трудат да покажат богатство и статус, додека богатите сиромаштија, блудните се обидуваат да се пример за чедност, чедните као демонстрираат обид за разврат...А своите задоволства и вистинска природа ги трошат во тајност, стравувајќи од судот на инквизицијата таму некаде надвор, која посочува - ,,напред не оди, назад не заостанувај, на средина - не кревај врева,,! Ја, мајката демек демократија, тоа диктатура во се‘ буквално! Барем диктатурата нема да не малтретира со гласање, за разлика од про-форма демократијата... Малку политика за шмек на муабeтов е не само згодна, туку и неопходна :D ...

    Околу љубовта и емпатијата меѓучовечка има огромна диспропорција меѓу понудата и побарувачката на истата и од истиот присутен страв, го вметнуваме цинизмот на сцена кој на едно кршливо и со неброени препотувања и пелтечења изговорено ,,те сакам,, би одговорил со ,,и јас тебе те мразам,, или ,,стварноооо :wasntme: ?!,,. Или па толку наголемо применуваното ,,уживај,, со демонстративно тапкање по рамо и ентузијастички обоено во црвено како Кока-Кола слоган. Всушност уживај во сопственото неуживачко настроение, бидејќи и квази-емпатијата стана дел од куртоазијата...

    И светот е секојдневно се‘ пошарен од толку често изговарани лаги кои со тек на време ќе добијат и статус на вистини и факти во кои безусловно ќе се верува во знакот на неподносливата леснотија на постоењето...

    Инаку да си одговорам на прашањето -
    - Шо си прам - то си тргам, ;) фала на внимание...
     
    На bittersweet, Gordana10, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Е*ано сум се соголила на форумов, и сум си ја кажала секоја своја мака, пад, успех, болка. Без да правам маски колку сум тоа јас. И затоа сум со отворен профил и не го кријам идентитетот. Го доживував како место каде можам да се искажам, олеснам, изнаплачам, изнасмејам. Ама во последно време не е приметено само од моја страна туку и од други, индиректно сум посочувана. Што до негде ти ја крати слободата да бидеш тоа што си, и да се искажуваш. Требајќи да пазиш како ќе се изразиш дали некој ќе те осуди или не. Јас се извинувам што немам совршен живот како многумина од овде, што имама е*бана болка која ме колве и ме тера да бидат тоа што сум, се извинувам што не ги пишувам само моите најпрекрасни нешта, се извинувам што имам виртуелен живот засега, се извинувам што бев искрена, ама тоа сум јас, и мој е тој живот. Не патам за внимание, убава идеја ДА ќе напишам автобиографија. Не пишувам за лајкови на кои многу му сметаат на одредени особи, пишувам поради самата себе. А ако некој има нешто против мене, постои ЛП и нека се искаже зошто. Или едноставно нека ме игнорира. Се што ќе кажам жалам, и моите мислења што се избришани денес не беа навредувачки воопшто. Извинете пак, ама тоа сум јас...
     
    На dancing.queen, Phyramide, ana-banana и 11 други им се допаѓа ова.
  4. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Сдк дека денот е преубав како за во месев ноември...ама сакам да заврни снег многу многу.....за да си лежам на топло и да гледам надвор...снегот ме прави многу посмирена,поупуштена.
    Не е фер некогаш кога лоши работи му се случват на добрите луге...
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Понекогаш посакувам да си го сменам личниот опис, да се викам поинаку, да живеам на друго место...
    Да сум друга личност, но да го имам сеќавањето на се.
    Да ми се сите спомени, сите искуства, сите случки, се лошо и се добро...се да ми е добро зачувано во мозокот за да не ги повторувам грешките!
    Посакувам да легнам навечер и да се разбудам на друго место, во друго време, како друга јас!
    И тогаш се сепнувам и знам: сите мои желби се неостварливи!
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Не дека имам нешто против нарцисоидните дечки, повеќе ги почитувам од оние, некои си скромни кои чиниш се скромни оти навистина нема што да понудат. А и плус тоа, обиколена сум со такви, нарцисоидни и полни со самите себе до болка, али поради некое чудо, иако јас сум помалце како нив, супер функционираме.
    Но, нешто што најнеможам да сварам е нарцисоиден дечко, патрихајално воспитан и кој се декларира самиот себе како големо е*ачиште и најдобар примерок од посилниот пол. Ма со таквите стварно е бесцелно да си го трошиш времето. Мислам... врти сучи тие се демек најпаметни, најдобри и тие се секако над тебе.

    И не дечки, не сум феминистка ако сакате да знаете, мене ме нервираат тие кокошки. Јас сум изгледана во таква средина ако ја скршам вазата мене ќе ми биде страв и од зборот на мама и од зборот на тато. Или ако ми пишат 5ка на раката ќе бидам пофалена и од мама и од тато.

    Со еден таков дечко ја делам клупата во школо веќе четврта година по ред. На него му се идоли Кнеле, Кристијан Голубович и сите тие идиоти и дегени по ред. Неговата амбиција во животот е да прави пари на црно и да си најде мирна, кротка жена што ќе му роди 5 деца и демек тој ќе ја гледал како принцеза :!: Абе, му викам, ти треба да си најдеш некоја ептен проста, која жена ќе ти биде само машина за раѓање. Абе, ми вика, она и да не е проста, јас ќе ја направам проста. Добро, чао пријатно. Не е баш чао, пријатно де, јас овде правам бесцелни дебати со него али кога човек е толку самуверен во глупоќата нема назад. А иначе, дечкото е многу религиозен, за тоа немам збор.
    Врвот беше кога во четврток ми вели типот, демек многу отворено
    -Магнолија, ми се допаѓаш од прва година, ти си многу здрава женска :)D) , ај ако сакаш ќе одиме на вечера па да пробаме нешто, а? Али ние сме сосема различни карактери, ти си многу темперамента и не можеме да имаме ништо сериозно.
    Го гледам јас и си трепкам пред него потоа му кажувам дека имам фраер и дека не излегувам на вечера со простаци.

    А и пошо една ипол година се гледав со таков патријахално воспитан и нарцисоиден знам колку е тежок и невозможен животот со таквите. Типот има изедено доволно шамари од мене кои ми го олеснуваат споменот дека сум била со него.
    Тоа се тие е*ачишта кои ќе ти кажат
    -Лапни го мори к*рво
    и кокошките тоа демек треба да го сметаат како dirty talk и да си мислат уау колку е загреан за мене и демек треба да го сфатат тоа како дел од жешкиот секс, пошо нели тие не се по романтиката. И ќе направат милион други глупости и не знам колку пати ќе се понижат за овој да ги забележи колку се кротки и колку само му се поклонуваат и го величат неговото постоење. А нели со тоа на него му се дигаат егото е пенисот се повеќе.
    А жено мила, ти си тотално аут уште од самиот почеток и така и ќе останеш. Пошо тие освен чукање во гради и билдање на егото ништо во животот не можат!

    Ма шпанските серии се криви бре! Главниот фраер секогаш на крајот завршува со некоја слатка простача која ќе му служи кротко до крајот на животот.
    Плукам на жени и мажи што ценат плитки вредности во животот!
     
    На Mamba-Jamba, bittersweet, Divinebutterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Секој нов ден е нов предизвик. Борба за опастанок. Денес се чувствувам подобро од било кога 8)



    Имајте убав ден! :*
     
    На Divinebutterfly и julie77 им се допаѓа ова.
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Од една страна убаво ми е, си лежам под јорган лаптопот на мене али од друга страна болна, кашлам а неможам, многу ме боли грлото, неможам да си пеам, ми се губи гласот, се напрегам. Ме болат очи. Не искочив цел викенд нигде, односно изгубив цел викенд. Епа така ми е кога не се пазам. Другпат пак да возам ролери на ладново и тоа со недосушена коса. За што? За да земам тетратка. Е уште да не добијам петка и.. :x
    Пејте наместо мене
    http://www.youtube.com/watch?v=-oCCnxBo ... r_embedded
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    СДК одвај чекам вакво да биде
    [​IMG]

    преубаво еее..
    Ајде па веќе снег сакааам!
     
    На Serafima, Divinebutterfly, Hiii и 4 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    22.524
    Пол:
    Женски
    СДК убава вечер беше вчерашната. Средба со луѓе кои ги знам многу години, со кои делев школски клупи, смеи, бегања од часови, испрашувања и тестови, екскурзии, матурска вечер. Моменти на среќа и задоволство кога после долго време ќе се видам со нив, и немаме време се да си кажеме, што има ново, како сме и сл. Би сакала да можевме што почесто да се собираме така за убави работи. :)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    На Dayse, MSkorpionka, angel92 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Oдкако и ја покажав на сестра ми, демотивацијава, одма тргнавме во потрага по нинтендото.
    Барај, барај, ваков кабел таков.. наместивме, се уклучи..
    И татко ми ми вика: Елена, а ти имаш играно на ова?
    Ја: Не бе, јас од вчера сум. Што е ова? |(
    Само Господ знае, колку сме се тепале со сестра ми за пиштолот, и за Супер Марио.
    И до вчера се каравме, кој како што да игра, се фрливме на зафркавање. Зар е можно толку да сум го заборавила?
    Изгубив на 3 стаза, неможам да се качувам на ништо.. ова нешто дека сум се поправила ќе да е..
    Ми се изнасмеаа сестра ми, и дечко и. Не стигнав ни до пливањето, ни до сивата зона.
    А ова пак, знаменцево, никако да го фатам од горе, се од доле..
    [​IMG]
    После тоа, си пукав чавки, и кучето само ми се смееше, зошто неможев да ги погодам.
    И на крај, си играв тркање со коли, секоја кривина беше моја, ме скинаа од зафркавање. ]:)
     
    На SexyLady, MSkorpionka и Ann.94 им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Ова не значи ништо друго освен што си неспособна да подзачистиш дома троа. Браво, гордеј се со твојот неред. Земјо што се не држиш на тебе. Па како за беља една шака народ сме, а во таа шака се вакви се собрале.
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Моментот кога се радуваш што ќе одиш на концерт кај омилена артистка,и после ти текнува дека имаш колоквиумммммм на тој ден.... :( ама морам да одам... Ина не се пропушта...
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК морам мобилен да си купам деновиве ако не полудечуууу сакам да се подновам малку паааа ајде пред нова година да си бидам подновена со баш сВе + и ќе завршам со сите можни полагања уште 2-3 недели , нешто облека ау , мобилен и готовооо спремна за 2012 :lol: и така бе убаво ми е сега :*
     
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Денес владеачка партија во државава,
    барем за неа можам да зборам за подалеку засега не е, глупавоста,
    а пратениците се дел од простата маса.
    Зошто, о зошто дојде до ова дереџе?
    Денес си манга ако си глуп, денес си фраер ако не прочиташ книга, морее денес центар на внимание ако опцуеш, се степаш..

    О зошто, зошто денес е толку добро да си глуп?
    Ако си поразлчен, ти превртуваат очи, те исмееваат, предмет за зафрканција си(пример од околинава).

    Не знам навистина дали да се смеам на оваа нова карактеристика, епитет или како да го наречам, дали плачам затоа што дојде до степен под 0, дал да им вратиш со некој ироничен коментар, ама пак луѓево не те сфаќаат.

    Еее, дојде време кога никој никого не се сфаќа, па често ни самиот себе не се сфаќаш!
     
    На SexyLady и Cynthia им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Секојдневно гледам многу работи по форумот на кои не можам да им се изначудам. Едноставно некои нешта ме тераат да помислам дали ние жените сме родени само да се натпреваруваме една со друга, или пак некои едноставно немаат живот надвор од форумот. Можеби пак форумот го сметаат за поле за самодокажување.
    Некои едноставно само гледаат да си натрупаат милслења, а ни во 2% од тие мислења нема ништо содржајно, пола од нив немаат ништо заедничко со темата. Други само ја користат секоја можна прилика да мрчат за рејтинзите, за тоа како тие не биле доволно забележани или 300 други работи.
    Мислам дека таквите форумџики на големо ја промашуваат идејата на форумот. Форумот не е натпревар, а некои такви личности го уништуваат оној добар прв впечаток што го остава форумот. Секоја чест на исклучоците, а ги има и не е тешко да се забележи кои се тие. :)
     
    На AnaKarenina, SexyLady, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам
    [​IMG]

    Денешниот ден ми започна со многу поучен филм на сител за двете братчиња тигарчиња.

    - Во почетокот на 20тиот век имало 100 000 тигри, денес живеат во дивина околу 5 илјади, а oд најпознатиот бенгалски тигар има останато само 1411 тигри. Се тоа заради неговото скапоцено крзно.
    - Годишно се убиваат над 2 милиони животни за потребите на крзнената индустрија.
    -Во Европа има над 6000 фарми за крзно.
    - Над 100 милијарди долари годишно се заработува од продажбата на бунди.

    И браво за Анима Мунди и за нивниот денешен протест против крзното.
    Додека едни медиуми ја подржаа акцијата, други се прашуваат кое македонче ќе се соблече за Пета? Побитно им е која гола ќе ја видат, него да се објасни сржта на акцијата денешна.
    А да не го спомнувам дневниот весник Вест кој во понеделникот за непознатата фолкерка и ја предаде цела насловна страна за нејзините 3 бунди кои маж и и ги купил. Да и кажам ме здоболе пи*ката за нејзините бунди.
    Ненормален народ, само тоа ќе кажам.

    И за крај сликата која најмногу ме потресе лично мене и секогаш се наежувам од неа
    [​IMG]

    Не се ставајте во групата на глупи луѓе, луѓе без свест, луѓе кои носат на грб 100тина мртви животинчиња, луѓе кои сакаат да се луксузираат додека светот оди во бестрага.
    Не постои ниедна оправдана причина за да носите природно крзно, ниедна!
     
    На Dushica-sk, lolyta777, Neytiri и 13 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Силата ми доаѓа од неговиот поглед. Не можеме да се допреме, не можам да му ги осетам усните, ама затоа сите емоции се префрлаат во погледот. Кога ми е најтешко он ми е само спасот. И неговите очи. Да не види некој од страна ќе си рече види го овие сигурно нешто им фали како се зјапаат. Ама не ми е гајле. Злато не се нервирај те молам. Знаеш колку ме боли кога се нервираш. Се што сакаш ќе направам само да ти биде добро. А потоа јас со погледот му одговарам. Знам, знам, еве поради тебе. Само поради тебе ќе се смирам. За ти да не ми се нервираш.
    Понекогаш доволен е само поглед. Ништо повеќе.
     
    На Divinebutterfly, DAngel, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Си уживам во звукот на песните што ги слушав пред 2-3 години. Сама сум и пријатно ми е вака... Мирна сум, одморена и наспана. Дури незнам дали ми фали неговото просуство до мене. Почнав да се навикнувам на тоа да сме малку подалеку еден од друг. Можам да издржам. Без секого се може... Овој пат нема да потклекнам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.