Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Брајтлинг часовник? Ма дај...
    Чисто информативно, колку време штедеше за да си го купиш, со оглед на тоа што чини едно 5-6 илјади долари и тоа во странство, а во Божиновски сигурно дупло повеќе? :?:

    Работниов ден беше долг и напорен. Едвај чекав да си дојдам дома.
    Утре неработен ден, па барем да беше во петок, ама ај и вака не е лошо.
    Би сакала утре да е убаво времето, па дома да не се приберам, а ако врне тогаш ни со кран нема да ме дигнат од дома. Какво ќе биде времето, таква ќе сум и јас. Изгледа ова второто ќе е. :)
    Се закотвив во фотеља. Ќебенце, лаптоп, музика, топло црно чоколадо, цигара...
    Me myself and I.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    Конечно денес ќе излезам, после 1 месец. И не му се радувам нешто многу на неработниот ден утре затоа што ме чекаат мнооогу напорни денови. Ама на тоа ќе му мислам од утре, вечер журче.. јеееее :d: :music:
     
  3. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Ако беше повозрасен човек повеќе ќе ме болеше, овој е малишан во залет на пубертет и све му дивее па се разбира дека ќе се обиде да се испразне на дргите за коишто мисли дека имаат недостаток |( да беше он толку паметен колку што јас се борам против тоа да не си создадам комплекс, светот ќе беше боље место за живоот :D ми помина малку :)
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.842
    Пред некој ден седев на ручек меѓу два тазе парови.
    О, боже, каков кошмар! Сврти се лево - лигавење, сврти се десно - исто!

    Изгледа премногу се дружам со парови со добра километража, или распар луѓе, па некако дружбава со тазе парови ми е тешко сфатлива.

    Сакам да им порачам на сите тазе парови да имаат обзири за тие околу нив.
     
    На CIA, kravce и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Треба со закон да се забрани лапање у кафич!

    (полека јас ќе ти кажам кога)
     
  6. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Црканф. преколен ден.
    Предавања еден куп.. значи овие професорите барем еден грам да мислеа на нас студентите.
    Заради нив цел ден останав на факултет.
    Предавања, вежби,вежби, предавање.
    Мајкатааааааааааааааааааааа?! Како така...
    И зато секогаш после факултет во среда, почнувајќи од денес, да си шептам. ццц
    Абее кадееееееееееееееееееее -.-.-.-.-.-.-
     
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Ризикувај, зборувај ја вистината,
    Излези на состанок со некој кој ни во сон не е за тебе.
    Кажи НЕ.
    Потроши ја целата своја заштеда.
    Запознај се со некој ,, ОНАКА,,
    Не се оптоварувај,
    Кажи: ,, Те сакам!,
    Пеј на сиот глас,
    Смеј се на глупави шеги,
    Плачи,
    Извини се,
    Кажи му на некој колку многу ти значи.
    Кажи му на кретенот што мислиш за него.
    Смеј се додека не те заболи стомак.
    Живеј!
    Не жали по ништо...
    ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ Е КРАТОК!
    Крши ги правилата,
    Простувај брзо,
    Љуби споро,
    Сакај искрено,
    Смеј се лудо -
    И никогаш не го заборавај она што од срце те НАСМЕАЛО!
     
    На Adi888, Monroe, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.764
    Пол:
    Женски
    Ниту еден подарок не може да покрие разочарување, изневерување...


    Многу често кога ќе погрешиме за нешто, најскапо не чини да кажеме извини, за жал. Ретко кога сме храбри да го изговориме тој збор и навистина да го мислиме.
    Првиот таков подарок го добив пред некои 6 години. Не дека згреши многу, доцнеше некои 20,30 минути, но наместо да рече -Извини, помнам влезе во една продавница на ул. Македонија и ми купи еден украс. Убав беше, сеуште е, го чувам, но го помнам и како првиот подарок наместо извини.
    Секоја наредна караница следуваше по една ружа, па ради него и престанав да ги сакам. На едно раскинување ми подари преубава кутија за накит и накит, а обидувајќи се да ме импресионира заборавил дека јас тоа не носам. Но, нели не е битно тоа? Битно е дека се обидел некако да се искупи за грешките. Последното раскинување го заокружи со уште една ружа која ја фрлив пред негови очи. И не, не се каам затоа што знаеше колку не ги сакам и една прегратка и убав збор ќе ми беа помили.
    За да се искупи и за тоа, ми прати писмо со еден куп наши фотографии, позади испишани со убави мисли, за чудо од него, огромно писмо и обетки. Повторно не ги погодил, но неколку пати во писмото посочи колку го чинеле. Никогаш не ги ставив на мене.
    После него никогаш не добив ниту еден подарок како искупување за некоја грешка. Но, пред некое време повторно ме потсети тој, истиов дека искупувањето со материјални нешта е подобар од убав збор и извини. Заслужуваш ми рече нешто вакво, а јас само се насмевнав.
    Ви реков неколку пати дека се променив после Д. После него многу работи престанаа да ме допираат, па сега ни Извини ми нема значење, затоа што ретко кој навистина го мисли.
    Не знам што може во моментов да ми го замени, да ја пополни празнината од разочарувањето. Сега и самата престанав да пополнувам дупки одејќи од продавница за чевли, до некој бутик, да потрошам пари на некои безвеза нешта кои ми причинуваат моментално задоволство.
    Моментално најмногу ми се исплати разочарувањето да го покривам со храна, барем ќе се поправам некое килце. И тоа е нешто, нели?
     
    На CaperucitaRoja, Adi888, zarah и 24 други им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вчера почина младо, талентирано, темпераментно дете, кое го паметам по својата енергичност, волја и страст за живот.
    Зошто?
    Се разболе, животот му станал незамислив пекол и почина.
    Се тоа во рок од само една година.

    Пред две лета, се присетувам дека го видов со друштво на одмор...
    Една година, еј!
    Како може толку многу да се смени.
    Од нетрпеливо чекање на наредниот ден, до непостоење.
    Под земја.
    Не, не, не и не.
    Не можам да се помирам со фактот дека секојдневно млади животи згаснуваат, дека нивните безживотни тела гнијат, и тие се избришани од ликот на Земјава засекогаш.

    Зарем ова е целта на животот?
    Зарем можно е да сме олку кревки и беспомошни?
    Зарем сите ќе и гледаме во очи на смртта знаејќи дека нема лек, дека наскоро ќе заминеме?
    Зарем ова е се?

    Иако мразам да признаам, при вакви трагедии, скришум го надминувам скептицизмот и песимизмот и се надевам... Се надевам дека постои барем една мала можност да има нешто повеќе.

    Бидејќи ако има, овој извонреден музичар е таму.

    RIP, ти благодарам. ;( :bow:
     
    На andromedae, kravce, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам оти вака не бидува веке доста страдав
    аман толку да се нема срека
    ке пукнам не е фер значи :(
     
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ете ме и мене, сеа ќе досаѓам малку у темава...бар додека не ми биде подобро :D
    Станувам сабајле и гледам неможам да станам од кревет, а синоќа едвај заспав, ме боле бубрезите, главата веќе си се навикнав 4 дена ме боле и не ми поминува :) Ама сабајле. Леле немоќам да мрднам, половината ми се укочила како на стара баба :D , а ми се мочка ми се плаче. И така уште сабајле и звонев на сестра ми да стане да дојде у мојата соба, пошо спиеше у друга и да ми помогне да си завршам работа. Прво ми се изнасмеа после ме однесе, па и ме зафрка цело време. И така денес цел ден си го поминав у кревет додјоа дома инекција ми ставија 2 саати ми пушти сеа пак сум укочена. :devil: Како стара баба суууууум. Ке умрам дома
     
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Божее ским ја то живим |( |(
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Купи си Прозак дечко. Да те усреќи од внатре, бар никој нема да знае, вака цел форум да ти се потсмевнува, не иде.
    Другар си купи доста достоверна ама сепаккопија на Брејтлинг за 150евра, а 26годишен македонец освен ако не продава органи не може да си дозволи часовник од 4/5 000 долари.

    Веќе се се прави по некаков автоматизам во општествово. Запишување на факултет зошто сите се запишуваат. Купување брендови зошто сите купуваат. Излегување на места кај што сите излегуваат.
    Многупати гледам скиселени фаци и ми се иде да им дадам папучи да се симнат од 15цм штикли, да им купам голем мрсен сендвич, може ќе ги насмеам.
    За мене животот сепак се одвива во зоната на комфортот.
     
    На julie77, Sweety-Tweety, M.a.r.i.l.y.n и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Вчера отидов, на половина час, да му помогнам на едно мое помало другарче нешто за на училиште.
    За тоа време, кај нас дошле гости, на мајка ми некои пријатели. А кај нас секогаш има гости, од причина што имаме ординација во куќата и сите роднини и пријатели таму се матични, па си идат на кафенце и благце кога им е паднат шеќерот.
    Се враќам јас, влегувам дома и гледам вратата на дневната затворена - а никогаш не ја затвораме. Си велам, татко ми си дошол и сега ќе го изненадам со песна.
    - ОООО СОООООЛЕ МИИИИИИО и упс :o . Гледам, полна соба гости. Уште си стојам со ваква фацка :o , и велам - здраво, одам да учам.
    Луѓево занемеа, а потоа се изнасмејаа. А мајка ми и татко ми цел ден не престанаа да ми ја пејат песната, поточно стихот на песната. Ма бре, луда фамилија.

    Ќе ме биде за оперска певачица или боље, за баксуз.
    :D
     
    На sweet-cherry, kravce, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Овие денови сум како speedy gonzales. Одам на аеробик, зумба и пилатес. И да, преубаво се чувствувам. Имам една инструкторка, мислам дека е од Куба, и дали знаете колку само позитивна енергија ми дава кога ќе ја видам. Нејзината насмевка зрачи и ми е омилена. Се поретко гледам вакви луѓе, таа е од оние кои уживаат во она кое го работат. едноставно тоа и се гледа. Иако Сеуште имам толку бубачки во главата кои не им даваат мир на моите мисли. И Сеуште се трудам да не се замарам за површноста која ја носат некои луѓе. Еднаш мајка ми кажа дека јас секаде и секогаш ја барам правдата. И верувајте многу ретко ја наоѓам. Толку ми треба мир. Ми фалат баба ми и дедо ми. Ми фали скокањето по лубениците на огромната приколка која ја имавме во село. Ми фалат искрени погледи, без злобни и мили. Ми фали галењето на козите. Највеќе ми фали врискањето во доцните летни часови во село. Ми фали времето кога како мала ги гракав песните од Студени нозе и Дарио (бе). Ми фали времето кога правев букети од полски цветови и дедо ми ми ги купуваше. Ми недостигаат импровизираните лулашки кои ми ги правеше баба. Е нив ги љубев и ги љубам сеуште најмногу, неизмерно и несебично. А не ни знам каде се и дали ме чуваат. А толку ми се потребни . И почнувам да плачам... Шшшт.
     
    На kravce, anabel-a и COollLady им се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е убаво кога мрзата ќе те фати и во последен момент одлучуваш да си останеш дома.
    Ладноно надвор ми иде на живци, ми се исмева зашто се’ уште не можам да се навикнам дека летото си замина. Ми фали топлото сонце, отсекогаш првиот месец и кусур сум кукала и лелекала по заминатиот распуст... Ај, кај и да е ќе ми помине, да се надеваме. Мора!
    Вечер ќе си останам во топлиот кревет со пижамчиња и ќебуле, еден добар сендвич у рака а подоцна можно и чај. Лаптопот, фејсбук, фемина, кротко музиче и интернетски дрембулии. Мераци! Има ли нешто поубаво у светов од уживање во својата мрза? :D
    Подоцна ќе си пуштам Gossip Girl, ќе си поживеам малку у тој свет на модата и трачевите и ќе си легнам. Ете така, тоа е мојот репертоар за вечерва. :l:
    :*
     
    На kravce, cinderella5, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Кој да ти каже Ивана, дека Кемал Монтено е жив!? - хит на фејсбук.
    Го умреа човекот пред време, а јас повторно сфатив дека пејачите повеќе се ценат откако ќе ги нема. Почина Ејми Вајнхаус сите песни од неа објавуваа, почивај во мир дрн дрн. Почина Витни Хјустон на сите им беше омилена пејачка, сите одма песни од неа почивај во мир. Го умтеа Кемал Монтено сите песни од него објавуваат. Да, и јас сум една од нив. Од кога не ми беше текнало да си пиштам Топ-листа од Кемал Монтено да си ја ислушам. Еее..пола година може има. Сега откако повторно го оживееа, си пуштив и си уживам во КВАЛИТЕТ.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Прв колоквиум.
    Колку страшно звучи. :?:
    Убаво ми е да се топлам и да си пијуцкам какао, ама не оди во комбинација со збирка и решавање задачи.
    Марфи, Марфи, лепото низаедна - барав нешто за читкање, ама и онака ме мрзи, па фала Богу не е лошо и ова. :wasntme:
    Го пишувам постов за да се смеам на стравот од (во блиска иднина) престојната колоквиумска, АКО случајно поминам океј, ако не - да се тешам дека сепак ме гризела совеста да се подружам со книгата, ако не друго. :lol: :tmi:
    Без зафрканции - одам да решавам. Уствари, прво да се погушкам со лепи, па после да се погушкам и со матриците. :D
    Останете ми со здравје. :hai:
     
    На Doozy и Ingvild им се допаѓа ова.
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Пуста желба...
    И пак ќе прашам, како се заработил толку пари и за колку време, па си приушти ваков луксуз? Дај просветли не и нас, па и ние еден ден да се фалиме со скапоцености. :lol:
    А да си некој тежок бизнисмен, не си. Тоа е и повеќе од очигледно. Таквите не дремат на форуми и се фалат на девојчиња со фармерки од Зара и саат од Божиновски.
    Не можев посилно беше од мене...морав да искоментирам. :tmi:
    No hard feelings Vitomir.
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Абе времево е многу ладно или мене така ми се чине, Божеее шта се то мени дешава. Значи се изнаоблеков како да е минус навор (е, или мене така ми се чине?)Измрзнав. Е така си се облеков боди, мајца, дуксер, елек, дебели чорапи и си се покрив со ќебе и си пијам сеа чајче. Сакам да станам, да одам до некаде, да си се напијам кафе, добро де изнаоблечена ама битно нема да лежам :^) Дупка напраив денес у креветот :D Сериозно, ептен било досадно човек да се разболе. Сеа а молам мама друштво да ми праве :) А ви шеткајте си, јас ќе завидувам :hai:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.