Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    СДК убава вечер помината со пријателите, кафенце, муабетче, по некоја партија карти.. ама пак, ми недостига некој мој, само мој...
    П.С. Оглас: Барам гушкач, цел ден само да ме држи во прегратки и да ме гушка најсилно!
    Ако знаете некој таков, пратете го кај ракче.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    22.068
    Пол:
    Женски
    Какви патетични жени постојат значи...
    Заради нивната алчност и глупави амбиции, спремни се да бидат газени од маж, понижувани, изневерувани. Уште на крај викаат „Не ми наоѓај маани, ти си глупавата, види јас во каква куќа влегов, јас и моите деца сме обезбедени до крајот на животот. Од љубов не се живее.“
    Не, од љубов не се живее, ама без љубов многу тешко се живее.

    После ти се жалат како си набиле проблеми со самодоверба, како никој не ги почитувал.
    Знаете што викам јас на тоа? Никој не е дотолку убав и паметен за да го заслепи другиот да не ги види неговите “амбиции“. Штом си решил да бидеш на продажба како стока, очекувај и да бидеш третиран како стока. Сурово, но вистинито. Мисли добила џекпот што се омажила за некој имотен богаташ со стан на убава локација...децата ти биле обезбедени...ха, ха, ха, како воопшто можеш да го знаеш тоа? Ванѓа си? Ако реши еден ден да те шутоса сосе децата заради некоја друга што му ги стегнала нозете за да сврши во неа и мисли исто дека добила џек пот? А ако сака да ве остави без ништо, постојат разни финти и манипулации со кои би го сторил истото.

    Жени, сфатете едно. Помина времето на нашата подредена улога. Имаме право да заработуваме, да створиме, да наследиме. Доколку за нашата и за иднината на нашите деца се потпреме на ветувањата на некој друг, може да сметаме дека во тој момент сме ја упропастиле истата. Прво, сами треба да се бориме за своето добро, а доброто што ќе дојде од друг е само плус.
     
    На najubava2010, Monna.Monna, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ tessie штета што нема опција за „допаѓање“ на потпис! :)
    ____________________________________________________________

    Оn: СИ МОЖАМ!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    понекогаш чуствувам дека фемина ми е единствен пријател и на некој начин драго ми е поради тоа...

    единствено ми фали што неможам да идам на пијачка со неа :D

    периодов не сум како што треба мрачна сум и пасивна, депресивна ... милион мисли низ глава милион прашања милион сомнежи... зошто човек неможе да има мир, зошто неможе да се задоволи со животот?

    како може во еден момент да тонеме во среќа а веќе во другиот да тонеме во тага?

    и не гледам веќе дискавери бидејќи сакам да бидам една од тие што шетаат по амазон или по други краеви... ах човечко око ненаситно!
     
    На anuskaNESTLE, Umbrella22, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Си ги силувам ушите со Никола Жар или како и да се чита момаков, со денови, и во полусон го восприемам светов околу мене. Полу будна, полу сонлива. Делува малку налудничаво, знам.
    Се спремам за журка со филмска тематика, и конечно смислив што ќе бидам.
    Сакав да бидам Марија Антоанета и да шетам со cupcakes во рацете и со огромен фустан, па саат време да се мислам, како ли ќе мочам...ама за среќа од Франција се префрлив во Египет (нормално нали) и отидов на покомотна варијанта.

    Денес воочив два факти следејќи ги луѓето кои се брзаа некаде.
    Првиот е дека се се одигрува со таква брзина, што не ми се ни чини дека вистински живееме. Ги изнесуваа децата од кола со сила, затоа што се брзаат на работа, се со нервоза, со викање, со намрштени фаци „ајде излегувај не туку ми се влечкај“ и ги тераат кутрите дечиња со сила да одат малку побрзо.
    Вториот е дека, (не е уствари факт, чудење е) не можам да сфатам како заљубените не слабеат. Абе пеперутки немате ли у стомак? Не ли ве тера да ви летаат мислите? Да не сте окупирани околу тоа кога ќе јадетеи дали воопшто ќе јадете?
    Јас мислам дека првата фаза, лапачката, она кога ти летаат мислите, со брауново движење у стомакот треба да се искористи максимално. Мх мх витка става. Мх мх за мерак.

    И така. Овој Никола е стварно добар. Ајт убав вторник, иако имам чуство дека све ми е наопачки, како во Inception.
     
    На Sunchild, bittersweet, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... на сета радост и среќа вчера, дознав дека другар ми порано тргнува на печалба, и договорот му е во времетраење од, ни помалку ниту повеќе - туку цели 2 години. :|
    Не знаете каков ладен туш ме мавна.
    Ми се приплака.

    Не можам, чувствувам дека државата ни стана како автобуска постројка, чекална поточно, луѓе доаѓаат луѓе постојано си заминуваат, а јас продавам ѓевречиња и потајно се надевам дека некој ќе реши да остане заради вкусот на убавиот ситен сусам. Ете баш така се чувствувам, додека блиските ми заминуваат. :(

    Знам дека секој е кројач на сопствената среќа, и не ги обвинувам, ама од тотално себични побуди ги сакам покрај себе. Постојано.
    Ние негуваме другарство од моментот кога лицата ни станаа релјефни мапи. Не, уште порано, кога традицијата налагаше еклер и индијанка и лимонада или боровница како главен избор на роденденската прослава
    Тоа треба да значи нешто, нели?
    Good times.

    Знам дека ќе се снајде и тоа предобро. Другар ми е таков тип што да го пратите и на месечината, ќе направи рок концерт и ќе прибере марсовци и други човечулчиња во публика.

    Јас ќе треба да ја одложам мојата имагинарна свадба за две години плус.
    Зашто - како би се решила на таков чекор, ако не е тука да ја споделам среќата со него?
    :worried:
     
    На Neytiri, Marjan007, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Си стануваш рано си јадеш, си вариш чајче седнуваш и си читаш фемина :) :hai:
     
    На Katerinceee и ana-girl им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Овде смртта никако да отиде на одмор, напротив...зема замав.
    Може ли луѓето барем на неколку месеци да прекинат да умираат, може ли да не заобиколи малку? Јас лично ќе и уплатам, каде сака таму. Малдиви, Доминикана, пекол, рај, сеедно. Како некој црн облак што собира души да надвиснал над нас. Нема страв од смрт, колку што има страв од начинот на кој би заминале од овој свет. Има ли безбедно место или кога ќе дојде веќе дојдено е, нема бегање, нема криење?
    Знам, знам... лош муабет. Што преостанува кога не можеш никако да помогнеш за туѓите несреќи? Молитва? Како некој да ти го држи срцето во рака и повремено го стега. Сакам одмор од лоши вести, од страв дека утре тоа ќе биде некој од нас.

    кој тоа ни ја тестира силата?
     
    На Sunchild, Serafima, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    9 години...Цели 9 години од тој проклет ден.
    Ден кога Господ ми го зема најмилото нешто...мојата најдрага тетка...
    А иронијата да биде уште поголема тоа се случи на 26.02 - роденденот на мојот татко.
    Па татко ми сигурно не можеше да замисли погрд подарок од тоа неговата сестра да почине на неговиот роденден...
    Премногу ми е тешко но животот продолжува понатаму :(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Пак е вторник и пак вали...
    Честит нов ден!
    Ти поръча дъжда, нали -
    За мен, За мен...
     
    На 31971577 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Абе проклет да е цел образовен систем сосе институции и професори и студенти во него. Знам, знам дека сум веќе досадна со моите дискусии на тема образование ама мене ми се одмили и факултет, и предавања и учење и се. А воопшто не сум на крај како што изгледа, на средина сум ако сакам да станам некој и нешто. Ама денес јасно ми ставија до знаење дека џабе ми е јас да учам нешто со љубов и посветеност кога нема ништо од тоа. Да не речам со напорот кој ќе го вложам можам да станам само обична чистачка. Е со тие зборови ми се обрати еден мој професор денес. " Колешке среќен сум што прв пат после неколку години гледам студент кој навистина се труди на научи нешто повеќе за меѓународното право, без да се грижи дали ќе положе и која оцена ќе ја добие. Ама не се трудите, не си губете време и не се усмерувајте кон ова, џабе ќе ви биде образованието, освен ако немате вујко владика па да ве сместе некаде. Или да ви дадам можности и опции да студирате некаде настрана." Епа драг професоре немам. Немам никој за да ме поттурне и да ми нареде работно место. И фала што ми кажа знам дека никогаш нема да го учам тоа што го сакам. Не дека другите правни предмети не сум ги разгледувала како можност да се насочам на нив, ама овој го учев со љубов. Штета. Ама кај нас тоа е тоа. А не сум сигурна дека сакам засекогаш да си заминам некаде далеку од Македонија. Така да ќе си учам нешто шо малку ме интересира,ама не го љубам!
     
    На Katerinceee и ana-girl им се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ах Анима Мунди,ах пак успеавте покрај цела среќа да ме расплачете.Не,не не сте вие криви,вие само ја кажувате суровата вистина,која многу ја одбегнуваат.Честите појави на насилство врз животните...Незнам,преоптеретена сум,неможам да не мислам на животни,па и после тие крајно тажни случки,кога ке ти умре маче во рака,е тоа мене над 5 пати ми се има случено!На 12 години!На 12 години се маткав со мачиња и кучиња по ветеринари,со другарка ми,цело време,сите пари ги трошев за нивно лекување,па за едно маче и 1.400 денари потрошивме.И ни денар од тие пари не жалам,ама зашто е ваков животов бре,зашто?Да го лекуваш да го галиш и на крај да ти умре во раце,дали враќајќи се од ветеринар,дали како еден идиот, монструм,гад,кретен незнам веќе од омраза како да го наречам пред мене ке убиеше маче,со метла по глава го удираше,а тоа дали имаше еден месец,едвај се спаси... :fubar: Се сеќавам и на едно маче, Клиа го викавме,тоа е мачето што ке останеше без нога,и на мои тогашни 11 ипол години по жештините во летото секој ден го носев инекции да прима.Секој ден.И после и во септември после школо...За на крај да го отрујат,а толку го сакав,е тогаш се осеќав како член од семејството да ми убиле,толку плачев,незнам...Се сеќавам и на едно мало маче,последно што го чував,покрај улица го најдов,додека бев на одмор им го оставив на едни деца да го чуваат и храна им оставив,и не го чувале,прегладнето,пред умирање го најдов,а што ке се случеше ако останев на одмор како што планирав,24 дена?Ќе умреше,ама ете нешто ме влечеше да се вратам дома и се вратив,и го најдов,и на крај,умре,премало беше,без мајка,фрлено ;( , а толку го сакав,се трудев да го спасам ;( незнам...И се сеќавам на нешто,на 12 години за него што си смислив,и најтажниот дел највеќе го памтам - ново утро израсна,едно срце згасна,тоа мило маченце,не ни порасна...
    И нема никојпат тие работи да ги заборавам,како после толку време во раце ми умираа,како се мачеа,никојпат нема да ми излезат од сеќавање... ;( :doh:
     
    На Sunchild, tweety26, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.789
    Допаѓања:
    100.294
    Пол:
    Женски
    Знаете што значи да сте немоќни пред природна стихија??? Јас осетив ноќеска.И тоа втор пат во животов.Првпат пред неколку години кога во близина на мојата куќа сечеа тополи,и кога се плашев да не падне тополата да ми ја пресече куќава како нож низ торта кога поминува.Втор пат,ноќеска.Проклетава река се излеа, изгледа од мака и поплави се наоколу.Водата ми беше на 50 метри од куќата.Немоќта да се направи нешто предизвикува бес, знаете?За среќа врнежите престанаа,инаку ќе мораа со чамци да доаѓаат да не спасат.Жално што многу куќи се поплавени,уништен им е домаќинлакот што се вели.Одвојуваш од уста за да закрпиш некоја дупка,и тогаш дојде вода,земјотрес или оган и однесе се како и да не било. :(
    Немоќна бев денес и пред нашето високо ценето здравство.И пак ги почувствуваш на своја кожа,недостатоците на малиот град,неможноста за бирање на лекар кај да се лечиш,и ограниченоста на лекарот од таа област и неможноста за негово побивање на алфа стручњак.О да,секако,можам јас да се лечам низ приватниве клиники по главниов град ама еден преглед ќе ме чини 2000 денари.И зошто воопшто тогаш на маж ми му се одбиваат средства за здравствено осигурување кога јас не можам да се лечам како што мислам.А побарав само упат за да чујам второ мислење.Ама не ,како да му побарав пари [​IMG]
    Значи резиме,куќата ми се спаси од поплава,од лекарот добив само упат за магнетна и грди зборорви.
    До сега денов беше да го грабнеш и исфрлиш низ врата [​IMG],а попладнево не давам да ми го уништи ништо...
    А утре промена на локација на движење ,малку дремење во државна,малку шопинг,колку да разменам нешто де [​IMG]
     
    На Sunchild, Trendafilka, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  14. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    СДК дека беше веќе крајно време да добијам и јас 5-ка по биологија!!!!!И тоа без да згрешам :!: .
    И пред тоа не грешев ама не ме сака многу наставничката и незнам зашто, ништо не сум и направила :|
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Aaaaaaaaa ме боооли грлооотооо ;( ;( ;( ;(
    Ако некој знае некој лек освен топол чај- кој веќе го пијам нека пише во инбокс веднаш :!: , едвај зборувам... :sweat: :sweat: помош грлс :worried:
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Луѓе што се мешаат во туѓи животи, сакаат да добијат една циганска наопаку, што ли?

    Ужасно се напнав денес. А ова е само почеток на уште една голгота наречена - толеранција, зафрканција и да ми простите на израз заебанција до зла бога.
    А пази, животов тече, треба да се збираат куп нерви за идни ситуации. Фамилија, кревки релации, деца, настинки, планови, пари во банка, црни фондови, притисоци од сите страни.
    Понекогаш егоизмот ми се чини како најрелевантен спас и одговор.
    И да. Луѓето што не можат да ја простат туѓата среќа, обично не можат да си ја простат сопствената несреќа.

    Жалам, ама од такви светот не станува подобро место.
    Ќе се бориме бе. Како ќе биде, ќе видиме.

    Од другите вести во светот што не е розев, денес одам на кафе за душа кај другарка ми, сама е во станот со баба и. Ќе веземе спомени, а што друго. Машината за перење не го зема омекнувачот, а тоа дополнително ме нервира. Мејлот што го добив од издавачкава куќа дополнително ме раздразни. Се’ ќе се пролонгира како што тоа знае и умее на ова наше тло.

    Останувам на борбата.
    Животе, фин двобој ќе биде ова.
    Знам кој е крајот, ама дур трае сето тоа, очекувај дека ќе правам секакви трикови.
    Мамицата твоја. 8)
     
    На antonina, bittersweet, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
  17. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Оди на лекар,нека ти препише Амоксиклав,или пак некој појак лек ако ти треба,ако не пак,прашај во темата за здравствени проблеми , како и да се викаше ;)
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Работите конечно почнаа да се средуваат...тргнаа по нагорна линија.
    Се си доаѓа на свое место,онака како што треба да биде.
    Без разлика што времево претежно е тмурно ние сме си расположени. :)
    Вчера додека надвор врнеше јас и мама си пиеме кафенце и си пееме "Судбо моја" :rofl:
    Значи кога ќе ми се уврти песнава во главата по цел ден ја пеам. :D
    И секако дождот не не спречи да се собереме со другарките и да се видиме.Иако стигнав целата жива вода,при толку смеење воопшто не приметував за тоа. :lol:
    Понуди за кафе секој ден...секој различен на свој начин...но еден остава посебен впечаток.
    Не многу упорен но очигледно ги бира правите зборови. :wasntme:
    Премногу сум затворена во себе,и од моето срце не ја отварам вратата...но сепак имам надеж во мене,надеж за љубов некаква...
    Да,би дала шанса...но не на секого...не секој е достоен за таква љубов... :)
     
    На crazylady, mimiiiii, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Кога за толку кратко време стигнав до 300 постови :|
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ах мор Кравче, тоа е страшно, јас само слушам како си умираат луѓе :( туку се некоја таква вест се појавува и ме остава без зборови, а што се вика до вчера биле тука, сега ги нема :| и ај да речеш, ретко да се дешава, ама ова често е, незнам што се дешава, ама страшно :| Страв да го фати човек :|
    Што значи животот, само еден здив :x :(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.