Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК колку повеќе некој ми тврди дека е отворен и искрен, бара искреност, а не ми кажува некои работи лично и директно, се повеќе ме уверува во токму спротивното од она кое го тврди за себе си.Тешко човек да ме излаже, ќе треба да се помачи повеќе, а што веројатно и нема да биде пак успешно, ама некогаш и добро е да се остават другите да си живеат во лага, во нешто што нема.Оти џабе ќе отвараш очи на некој, кој не сака ни да прогледа.И пак, секој си го тера своето...И ќе се смени светот? Не, од мртва точка нема да се помрдне, може во некој филм или книга...
     
    На ozbilnazena, Someonespecial, Cacy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    http://www.kumanovonews.com//vesti/vest ... map=%5B%5D

    Треба сите да се дигнат против одлуката за екстерно,учениците,професорите и родителите.Треба да пробаме да се избориме за она што го сакаме и што е правилно,а не без збор и со наведната глава да прифаќаме се што ни сервира оваа усрана Влада!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    СДК дека ми наближува свадбата и ме фаќа паника :sweat:
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ме трогна до солзи, секоја чест. :bow: Нека ти се живи и здрави ќерките, а убедена сум дека во секој миг се гордеат со нивната мајка, затоа што е мајка во вистинска смисла на зборот. :l:

    A за помалата, не се грижи. И таа ќе студира. Сложни браќа куќа градат. Кога се има љубов и слога, секогаш ќе се најде начин.
     
    На Buttterfly, Foreveryoungiwannabe, Springy и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... кој вели дека вагата има негативен ефект и ги остава само жените со скиселена фаца? :D
    Кој тоа лаже, нешто е труло во државата Македонска!!!

    Да го видевте вчера, дури и вам ќе ви паднеше жал.
    А ми се пофали, се здебелил пред некој ден, ај викам да не му кршам атер, арно ама не знам како вчера се качи на вагата и остана ваков! :o
    „Леле, сум ослабел цели 2 кг, како бе“? ;(
    Ќе приплачеше, мене ми се смее, која депресија го фати.
    „Дај ми да јадам“!

    Џабе ја премести вагата на 7 различни места низ собите, резултатот остана ист, се натажи, се расрди човекот, ми дојде да го хранам со чоколади и да го галам по тиквето шарено. :D

    И денес му се јавувам, викам што правиш?
    „Јадам“!

    :D
    Како од пушка, се опремил бадеми, чоколади, граноли, кикирики, ама зошто викам не ја слушаш девојка ти, експертот за здебелување, зошто си ја мачиш душичката? :D
    Купи си пица, сендвич, не бегај од мајонезот, стави си повеќе, па 2-3 мали чоколатца, ехеее ко да си изел едно 100 грамско му доаѓа, па купи си чипсче, мацни си го во сос, растопи му кашкавал, сладолед купи си, стави му прелив од чоколадо или вишна, па пак нешто соленко (после благо оди солено, а после солено - благо) и така до бескрај, ехххх...

    Ах, кога не слушаат децата совети од искуство...
    :D
     
    На kravce, Buttterfly, ceca-1 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Екстерно, ме избрале за физика и историја. Предметите кои воопшто не ги сакам! Ќе полудам, незнам како ќе постигнам, дај Боже да се укинат овие екстерниве, покрај толку тестови и испрашувања, уште тоа ми треба. :@
    Инаку неколку дена пред добивање сум, менувам расположение 300 на саат. Час сум среќна, час ми се плаче, час се нервирам..И плус имам воспаление на мускули бидејќи бев на планина вчера и доста километри изодевме..Оф.. :|
    Чувствувам потреба да се подновам со некое парче облека, се надевам дека бар за момент ќе заборавам на школо и на болките во мускулите и на сите други проблеми.. :angel:
     
  7. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Беше топол и убав сончев ден. Во паркот на една клупа седеше еден човек кој ја посматраше неговата ќеркичка додека го возеше велосипедот. На клупата до него седна една жена која покажувајќи му со прстот му рече:
    - Она е мојот син, покажувајќи на малото момче во црвен џемпер, кое се лизгаше на лизгалката.
    - Убаво момче, одговори човекот. Она онаму во белиот фустан е мојата ќерка.
    По неколку минути погледна во својот часовник и повика кон девојчето:
    - Ајде, што велиш да одиме?
    Девојчето одговори:
    - Уште 5 минути тато, те молам?
    Таткото климна со главата и таа продолжи да го вози велосипедот на нејзино големо задоволство. Времето минуваше и таткото стана и повторно ја повика:
    - Време е да одиме моја принцезо?
    Девојчето повторно му одговори:
    - Само уште 5 минути тато, само уште 5 минути.
    Таткото се насмевна и рече:
    - Во ред.
    Жената погледнувајќи кон него му рече:
    - Вие сте многу трпелив човек.
    Човекот се насмевна со тага во очите и одговори:
    - Нејзиниот постар брат загина во сообраќајка од пијан возач минатата година, возејќи се со велосипед недалеку од овде. Никогаш не поминував многу време со него и сега би дал се, за само 5 минути да можеме да бидеме заедно. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со неговата сестра. Таа мисли дека има уште 5 минути да го вози велосиедот, но всушност јас имам уште 5 минути за да ја гледам како си игра.
    Затоа искористете ја секоја минута од вашиот живот. Кажете го она што сакате да го кажете, направете го тоа што мислите да го направите, не губете го времето чекајќи да се случат оние работи кои мислите дека ќе се случат самите од себе, туку почнете да ги реализирате тие работи, бидејќи еден е животот и жално е дел од вашиот живот да го поминете во чекање.


    Немам што повеќе да додадам на ова, самата приказна и поука си кажуваат се' што треба. :)
     
    На Nine25, kate21, VIN.diesel и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    и овој ден помина колку само брзо поминува времево додека да трепнеш дошол нов ден да се чудиш што се те очекува и секој ден само да се молиш да биде и овој ден во ред како и минатиот да не замини уште некој невин човек од нашиот живот... колку повеќе растиме толку потешки моменти доаѓаат.... :(
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Преубав ден..
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Да ви се пофалам или да ви се пожалам?
    Историја петка на тестот петка за крај, математика тестот го решив оти ги имаше формулите на табла.
    Е, ама екстерно историја незнам ниедна година, математика ниедна формула. Ќе пробам да научам нешто, ако биде-биде, ако не никому ништо, ќе си спијам јас на увото дека нишо нема лошо да ми биде. :D

    Едит: Наутро полагам историја, попладне математика, а вечерта имам полуматура. Прво го чекав 6-ти, ама сега нејќам ни да го помислам!
     
    На Someonespecial и ana-girl им се допаѓа ова.
  11. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Еве јас, пред да почнам да се спремам.. да им посакам убав помин на сите кои слават матура денес. Ова е наша ноќ. :*
     
    На Divinebutterfly, Dog-lover, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Како да сме праведни со луѓе што не се праведни кон нас? А се почесто луѓето гледаат да е само по нивно,да им е добро нив,а другиот кој го *** :fubar: Несакам да станам таква личност,ама па и нема да дозволам некој да ми се качува на глава. По се што сум поминала,многу јасно ми е кој каков е и какви типови луѓе постојат.
     
    На lovely91, Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.105
    Пол:
    Женски
    Ех море, катиљ работа. |(

    Досега имам видено скакулец 6 пати во мојов живот. 5 пати на сон, а шестиот денес, во право издание. Не зелен - ЦРН
    Упс! Сега видов на интернет за скакулец. Значи не било. Овој мојов беше едно три пати поголем, со распространети нозе на сите можни страни, страствено спремен да нападне, со смрзнат, убиствен поглед, силен став.. Да, тој со силен став, а јас со силен страв. Али не се предадов.

    Застанав пред него со надувани образи, ваква: :muscle:
    И тогаш, дами иии... дами, почна третата светска војна помеѓу мене и скакулецот. (Иако не беше скакулец)
    Јас стојам, тој стои, јас стојам, тој стои и ... ... ...

    Kако се замислував:
    [​IMG]
    А каква бев:
    [​IMG]

    И се тргнав. После го видов поразен. :sun:
    Изгледа ставот на скакулецот, и погледот не го спречил оној кој го пратил во пеколот.
    Беше смачкан целиот. :puke:
    Сакав да го смачам уште повеќе, ама нели не било добро да се влегува во војна. :wasntme:
    Па решив да го оставам така, да поплаши уште некој, и да почива во мир. :geek:
     
    На sweet-star, Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК на брат ми му е денес матура,кажав еднаш ама ајде пак :D ,алал нека и е на мајка ми се направи сама,нема да се многу гости- 25,повеќето се другари на брат ми ( тој така сакаше ) ама сите јадења сама ги направи :!: се сама,плус дедо ми го оперираа вчера и за него се грижи и јадења прави,многу си ја сакам :inlove: ,понекогаш ( читај секогаш) си се караме, знае да биде мнoгу тешка
    ,ама сепак прави се за да ни угоди :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • yyyyyyyy.jpg
      yyyyyyyy.jpg
      Големина на фајлот:
      6,1 KB
      Прегледи:
      482
    На Ketrin.Moon, Someonespecial и Anouk им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Кога си ја сакаш работата, ништо не ти е тешко. А јас мојава ја обожавам!
    Бескрајно сум благодарна што ја добив, и се вложувам колку што можам.
    Понекогаш тоа значи и жртва - помалку социјален живот, помалку време на фемина, поинтензивна работа, читање нови работи во слободно време, ама задоволството е големо. Ова да се извадам дека ме нема, ама и да се пофалам дека сум среќна. Да не ме мислите :D

    А денес... денес е посебен ден! Јас и тој, 15 години заедно. Бескрајно многу заеднички убави и неубави моменти. Нека ни се множат!
     
    На glosipgirl, Sweetheart87, kravce и 51 други им се допаѓа ова.
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    учење,учење и само учење...епа ајде нека дојде веќе петок да одмориме |(
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК тажна сум, бесна , разочарана :(
    Зарем дотолку можете да бидете неправедни, горди и себични? Иако секогаш одам до крај и гледам правдата да победи, вечерва ќе биде најдобро а и во иднина да се повлечам, да се смирам, па да видам дали ќе има некои резултати :!:
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Боли кога личноста на која и ги кажуваш своите тајни, мисли, чувства ти забива нож во грбот ;( ;(
     
    На sweet-cherry, lovely91, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Го делам истото чуство и јас го имам.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Aaa ne ne ne :) seuste sum gospogjica.... Seuste nemazena :D
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.