Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Уште не се разденило, и ете звончето звони. И кој друг ако не една квази роднина која по принципот “Свој леб јади, туѓо гајле бери“ се нацрта кај нас на врата. Ало, од ниедно време. Тоа е тоа што ми оди на нерви. Ама ајде, најде овци па стрижи ги. Како демек, ти ако не ни дојдеш, ние ќе останиме непросветени.
    И сигурно, секој од нас има по некоја ваква роднина - нероднина, која се декларира како најдобро ти мисли, а само чека да слушне за некој проблем за да моше после да ти го вади низ нос.

    П.С Теткице, комплексите, фрустрациите, љубомората да си ги лечиш на друго место, пред други луѓе, а не пред моите. Еднаш ја помина мојата црвена линија, па сега за мене си едно обично ништо. И уште нешто, ќе дојдат и моите 5 минути ама ќе траат цел саат. Е тогаш мисли му ја :D

    И не дека ти ова ќе го прочиташ ама ајде јас да си кажам за да ми олесни :punch:


    Имајте убав сонцев ден и сончеви моменти
    [​IMG]
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Sto uste da posakam od zivotot, koga go imam nego, najprekrasnoto nesto sto mi se slucilo dosega. Kakva e ovaa srekja, nemozam ni sama da si zamislam. Nikogas vo mojot zivot ne sum bila tolku srekjna, nikogas ne sum bila tolku ispolneta i sakana.
    Neznam sto povekje da kazam, vi posakuvam na site devojki da go doziveete ova sto jas go dozvivuvam momentalno :inlove:
     
    На Bozica1980, Lov3, macence85 и 38 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Процес на уписи во средно-DONE.

    Посакајте ми среќа. :)
     
    На Marjan007, Barbie20, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Како би се нарекло чувството во кое влегуваат заедно среќата и стравот? :|
    реторичко прашање
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    Уште малку ако ја послушам песнава и уште малку ако продолжам да си ја потпевнувам, мислам дека ќе успеам да избројам колку вкупно ла има во текстот. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=3O1_3zBUKM8
     
    На tweety26, Elennaa, vitomir и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ако постои нешто што ме иритира, тоа е кога бабичка застанала на шалтер само да праша нешто, а повозрасна жена одзади и се дере - "Ајде, доста ти беше, не замарај веќе!" Мислам океј е, и јас чекам во гужвата, и јас се потам, но кога некој дошол на ред, негово право е да одземе време колку сака и да праша што му е потребно. Дали бе и вие имате дома мајки, баби и на ист начин се однесувате со нив? |( Наместо културно кога ќе ве замоли некој да му помогнете да пополни документи, да му се насмевнете и да го направите тоа без проблем, или да пуштите ред на некој постар, или не знам, јасно ми е дека како вработена смачено ви е секој ден од исти прашања и можеби, да, некаде пишувало, но ваша должност е да објасните, а не со дерење - "Аман веќе, ви пишува таму копија дека треба, нели читате бре луѓе? И добро де, кога ќе ви бидат готови картиците ќе бидете известени, доста со тоа прашање."
    Човек треба да е страшно исфрустриран за да повишува тон пред постари и беспомошни луѓе. И без осет.

    Како што ми бодат очи туѓи недостатоци, подеднакво ме болат и моите. Мојов си има бројчиња на различни оператори и поради него, земав еден и јас, за да имаме бесплатни разговори. По грешка еднаш му звонам на другиот број и ми вели - "Абе јави ми се на другиот, не троши." И како некоја недоделкана, почнав да му се дерам - "Добро бе, смотан, па што ми креваш?" А тој само ми се извини. И ситуацијата немаше да биде толку лоша, ако не дознаев случајно дека цел месец ми вртел од бројчето на претплата, зашто на другиов немал кредит и на мене си правел огромна сметка. Ниеднаш не ми рече - "Добро, зошто ми креваш?" Или - "ај те молам јави ми се ти, и онака ти е бесплатно."

    Што да кажам друго? Колку повеќе тој расте во моите очи, толку повеќе јас се смалувам. Добро е понекогаш сето она внимание и разбирање кои го имам кон непознати, да го негувам и за блиските. Затоа што после се`, со нив го делиме животот.
     
    На sesilija, bittersweet, Lov3 и 23 други им се допаѓа ова.
  7. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Лелеле! Баш вака се чувствувам денес. Среќна сум , но чувствувам и страв. Каква случајност, како зборовите од уста да ми ги зеде. Еве, го пишувам ова, и се смешкам... ама и стравот ми е тука некаде, за нешто што ме очекува подоцна, односно во текот на целиот ден. Уфф, ај ќе видам што ќе направам. Важно имаме исто чувство- кое не му го знаеме името. :D
     
    На ariela09 и vitomir им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк Гледајте да бидете оптимисти,за плачење, секогаш има време...
     
    На L-a-r-a22, LaraSolare, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Баш така...Зошто да кажеме дека чашата е половина празна, кога можеме да кажеме дека е до половина ПОЛНА.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.092
    Пол:
    Женски
    Што ти значело во животот работите од старт да ги земаш со резерва и полека психички да се подготвуваш на се`. После сите случувања, иако мислев дека ќе страдам, ќе си поставувам прашања, ќе бидам разочарана и скршена, сепак не сум. Абе до тој степен не ми е гајле.
     
    На Barbie20, Peppermint, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Работава ко Сизиф со каменот....
    Колку поише гураш толку појако ти се враќа....
     
    На Trnche, kravce, Primavera и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК утре одма кај баба ми :geek: ајде уште денес ќе се дружиме :rofl:
    Цел ден се разбркувам со комарци уште 3 ми останаа,ама џабе вечер уште 30 ќе влезат :devil:
    поздрав до нив со песната
    http://www.youtube.com/watch?v=eqMxPoCIHP4 :devil:
     
    На prettyliar, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не ми симнувај ѕвезди,симни ми ја цела дискографија на GN'R.
     
    На vitomir, axl-babe и blaa им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    СКД...
    Некогаш ќе мораш да се разделиш од луѓето кои ги сакаш, но со тоа нема да ти се намали љубовта кон нив. Тогаш ќе сфатиш дека ги сакаш многу повеќе.
    Како за мене да е пишана...
     
    На Barbie20, ozbilnazena, kala21 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Светов е отиден даун!

    Се во што сте се претвориле знајте дека е 60%_тно дело на вашите родители.

    Претходниот пост во СДК ми имаше и линк за оваа песна. "BLURRED LINES" EMILY RATAJKOWSKI EDIT

    Зашто ми го избришале кој ги знае. Не ми го бришете и сакатите и овој пост. Многу ми се допаѓа. :$

    Драга моја, по раскинување на долга врска треба да бидеш подготвена дека нема твоите идни дечковци да се однесуваат исто како оној кој си го откачила. Многу машки се мажи со вистинско (некогаш и преголемо) его, а не неамбициозни лиглиња кои се кријат единствено зад успехот дека си фатиле убава и паметна женска како тебе. Не сите мажи ќе ти се клањаат и ќе те величат како што тој тоа го правел. Не сите мажи те сметаат за совршенство, најчесто тие си имале свое бившо или си имаат свое друго совршенство, а тие се тука сега со тебе само за да си пополнат време, да пробаат друга и да ја искористат максимално паузата која си ја дале со бившата! Собираат искуства! Живот јебига! Непрестаен круг! Се што можеш да направиш е да не се занесуваш и да му веруваш слепо на машкиот род. Аа боли кога тебе ќе ти го направат она што ти некогаш си му го направила на некој, а?

    Ова го кажувам како за тебе драга, така и за мене и секоја женска која не знае што сака! И незнае да го цени тоа што го има.

    Настрана што мојот не е лигле и неамбициозен. Си работи ептен е вреден. Само да беше спремен со мене да освојува планински врвови, а не да игра толку често игрици на PC ќе беше one and only.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И бидна...
    Уплативме за на одмор и идеме баш вечерта на мојот роденден.Колку прекрасен роденденски подарок. :rofl:
    Одам да го видам тој рај.Да уживам во сонцето,песокта и прекрасната плажа.
    Ќе ги гледам само боите на летото.
    Ќе ме успокои тоа,ќе заборавам на момент на сите проблеми,психички и физички ќе се одморам конечно.
    Едвај чекам...да ја почувствувам таа клима,да го слушнам нивниот јазик и да го зборувам истиот.
    Утрото мојот роденден веројатно нема да почне нешто убаво бидејќи би требало да сретнам личност која ми влева страв,но се ќе заборавам до вечерта.
    Нема да влијае на мене! :P
    Идам јас да почнам да се пакувам. :D 8)
    Lefkada prepare...we are coming...
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, ana-girl, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  17. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Рано сабајле разбудена спремна одам на уписи за во средно а то ми се плаче ми се спие остај тоа воодушевена сум од школото како се е средено и чисто пред се (за прв пат не ме чешаше носот кога одам во некое школо) меѓутоа малку ми беше чудно,сите девојчиња со пудри,нашминкани,средени ко жени а и високи машала а јас метар и 60.Добро ајде остај тоа кога влеговме со мајка ми да ги оставиме документите една жена од комисијата ни кажување на сите да не се нервираме ќе имаме 3 уписни рока што малку ми олесни кога го кажа ова.Добро ајде средивме работа и одејќи накај автобуска и викам на мајка ми -Абе мамо овие не личат на девојчиња туку на жени. а она-Кои жени ова женишта :lol: Само не знам како не им се стопи лицето со пудрите на ова сонце :?:
    Сега останува да се чека да се види дали ме примиле.Држете ми среќа. :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Немам раат од школово. Ова проф. којзнае колку ме колнат. :D Секој, значи СЕКОЈ ден ги сонувам. Ама не само тие што не ми предаваат. [​IMG] Сите, дури и тие што само еднаш сум ги видела. Oние наставничките од основно, што предаваат од прво до четврто. :D Педагози, директори, хигиеничарки.... :D Хигиеничарките дури ми предаваа. :D Дури и на некои од нив, никогаш не би ми текнало, да не ги сонував. :D

    Ама остај тоа што ги сонувам нив. Туку сонувам како сум на часови. Како има испрашувања, тестови... и секогаш само мене ме креваат. :D Еден предмет, што има само теорија, ме испрашуваше равенки со две непознати. :| Во соновите цела се тресам, само да се испрашувало, е... :D Немам раат, за мене школово не завршува. :D

    И' кажувам заврчера на другарка ми. И ми фрла поглед: - Аман бе, пак ли ко лани? :| - Пак, пак... [​IMG] Секој ден и' праќав извештај, кои професори и наставници сум ги сонувала. [​IMG] На некои дури и името не им го знам. [​IMG]

    Остај тоа. Него денес сонував и како е зима. Се испозамрзнале скалите пред школо... како треснав... [​IMG] Абе истите работи што ми се случуваат вообичаено во школо... [​IMG] А класот ми е измешан од основно и од средно. Дури и фамилијата моја цела, учеше во тоа школо. [​IMG]

    Нема за мене раат од школо... нема.
     
    На Monna.Monna, ana-girl, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  19. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.888
    Разочарана сум, бесна сум. Чуствувам дека полека ми се уништува животов. Не можам да сфатам како може да оди на долу баш се. По се испопаѓав, по се што се надевав дека ќе положам. Дома постојано проблеми, постојано кавги помеѓу моите. Па не се издржува веќе, чуствувам дека ќе почнам да полудувам. Единствена светла точква во сево ова ми е само тој, и понекогаш си мислам да не беше тој можеби досега ќе се бев одкажала, од се а и од овај скапан живот. ;(
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Знаете колку многу сакам некој кој постојано ви се умилкува?
    Јас разбирам, еден ден, два дена, ама постојано некој да се права најпаметен? И со тоа што сакаат да постигнат?
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.