Што сакаш, а што не сакаш во овој момент? (мислам дека не ја утнав темава ) јас сакам да гледам убаво филмче, а не сакам да ја средувам гардеробата по 100ти пат
моментално го гледам Сексот и Градот и веќе погодувате што сакам - ШОПИНГ И С*КС а несакам да учам....ама колоквиумска е
Моментално сакам една масажа, од која ќе ми се опушти секое мускулче, ковче од телово А несакам да мислам на факс и колку имам за учење, леле ми се прислошува
Во моментов......Сакам една убава прошетка до Водно на пр.,денеска сонценцево просто мами да излезеш надвор...ама кој е на работно место како мене додека ја користи паузата и си го пие кафулето,ќе зирка љубоморно од прозор и ќе ви се жали што не може да шетка А не сакам ....денеска сум некако посебно позитивно расположена и не сакам некој да го промени тоа (да ми го дигне притисокот) ама ни под разно Имајте најубав ден девојки
Сакам да јадам едно убаво гиро сега во моментов. Не сакам да имам вишок на килограми, сега во моментов, за век и векови, амин!
Сакам да излезам и да се рашетам, но немам друштво Не сакам повеќе бебуфчево да ме паничи, доста му беше за овие две недели два пати што ме вознемири
Хахаха баш ме изнасмеа Сакам тој да се уклучи на фб зашто ужасно многу ми се прави муабет со него и неговите поетски изрази кои ми ја полнат душата. Не сакам да станам да почнам со учење за колоквиумите.
Сакам да уживам некаде на сонце, топло кафенце и колаче со бело чоколадо Не сакам да бидам закована за столот во канцеларија, ама шта се мора мора се. Ќе издржам уште 2 и пол саати
Во моментов сум преморена и сакам да легнам да си поспијам убаво. Да си спуштам ролетни и да спијам до вечер. А не сакам да станам да го шетам кучето, ама должност ми е - што да правам...
Сакам да се средам, нашминкам и да си направам некоја лепршава фризурка, пардон фризур4е , да се скоцкам тип топ...АМА не сакам да излегувам некако ич не ми се ака по кафичи е ај сега...
сакам да се спремам и дотерам и правец на подиум па макар и со малолетницте во колосеум несакам да давам критички осврт за финансиската криза во македонија - ама морам