Со што се гордеете? Дали со некое ваше исполнување на некоја поставена цел, со некоја ваша карактерна особина, со некоја ваша блиска особа, вашиот изглед... Лично јас си се гордеам со моите родители и се гордеам со самата себе, што навистина размислувам зрело, паметна сум, комуникативна, сакам да помагам, што имам добри испеси во учењето, а истовремено се гордеам и со својот изглед
се гордеам со самата себе ... со тоа каква личност сум ... со мислењата и ставовите што ги имам.... со тоа што до сега сум се изградила во личност каква што сметам дека е правилна ... со друг од страна со никој не се гордеам ...
Се гордеам со себеси, затоа што сум паметна, амбициозна, и секогаш го добивам она што го сакам Се гордеам што имам широк круг пријатели, солиден успех во учењето (досега ) што сум лидер, итра и снаодлива
браво аничка нова тема а? супер е епа вака срц јас се гордеам со самата себа.не сум самобендисана но се гордеам затоа што се запишав само со мојот успех на факултет.земам приватна стипендија.независна сум до 60% од моите родители во финансии,имам прекрасна врска со дечко ми кој ни на сон немаше да ја сонувм,имам здравје и јас и мојата фамилија и се гордеам на некои форумџики на форумов вклучувајќи те и тебе зошто се вистински другарки а не само личности за кавга... ми се допаѓа темава и пак ќе ја посетам за аничка
Се гордеам со самата себе , бидејќи сум разумна , разбирлива личност, упорна и скоро секогаш го добивам она што го сакам...па секој труд се исплаќа.Се гордеам што сум добро воспитана и имам размислувања кои ме прават добра личност. Се гордеам со мама и со дечко ми Ете за мене !
Горда сум што ги имам моите баба, дедо и мајка коишто ми беа верни водичи низ мојот живот. Горда сум на самата себе за сите одлуки што ги направив до сега, било да се лесни или тешки. Горда сум што успеав сама до сега да ја растам керка ми, и едноставно се гордеам со тебе принцезич мој најмил
Се гордеам со татко ми единствено . Направил и прави се што треба за на нас да ни е добро . Најдобар е , како татко и како другар Со гордеам со некои мои постапки деновиве , се надевам вака паметна и ќе останам
Се гордеам со себе, затоа што секогаш се трудам да напредувам, да се усовршувам. Затоа што сум секогаш упорна и истрајна. Се гордеам и со тато, да не е тој немаше да постојат ниту третина од моите постигнувања и карактеристики.
се гордеам со моето семејство,затоа што се што створиле створиле со свој труд и пот а не се влечел татко ми на грбот на неговите родители......фала ти татичко се гордеам и со мојот дечко.....затоа што ми е многу вреден работлив,снаодливи има такви особини на кои стврно морам да се гордеам....ве сакам и двајцата мажиња мои.....
Со семејството бидејќи се трудат во се да ми удоволат.. И на дечко ми кој е вреден,упорен,трудољубив и прави многу работи за мене!
Се гордеам со самата себеси..што сум постигнала нешто што никогаш не сум мислела дека ќе можам.. Се гордеам со моите родители...кои се имаат изборено со многу работи и проблеми..кои ги донесле до самото дно...но сепак останале чесни и покажале дека вредат...
Се гордеам со моите оценки и со моето образование.Се гордеам со дечко ми и со прекрасаната вреска која ја имаме.Се гордеам и со дечко ми како личност.