Лилит, ме изнасмеа со мемори пената
Оооо, колку работи има околу мене...
Остатоци од гурманската (поточно празна чинија и хартии

) , мајонез, барбикју сос, остатоци од чизкејкот, кутија колачи од Палма (треба да ми забранат да влегувам таму кога сум во ПМС, штотуку купив 4 големи и 12 мали колачи бидејќи сакав да пробам од сите

), кока кола, празни чаши од денес и вчера, списание, алишта од децата, плишани играчки, боенка, боички, расфрлани перничиња, прекривач, масичкао украси и мојот сопруг на троседот

.
За жал далечинското не ми е на дофат, инаку немаше да ја трпам водителкава што грака на телевизија...
Според напишаново погоре не може човек да не заклучи дека време е да го мрднам заднкот од двоседов и средам по дома. Воедно можам и да сменам канал на телевизорот... ај уште 5 минути
