Мислам дека нема ваква тема ... ајде да видиме што имаме во чантите.. Еве што имам јас во мојата: 2-мобилни телефони, слушалки за мобилен, шишенце со вода, паричник, 2-тетратки, некои скрипти, индекс, книга("Јади, моли се, уживај-Елизабет Гилберт" ), чадор, очила за сонце, влажни марамчиња, паломи, влошка, мастики-Орбит, фискални сметки, шампон(го купив денес ), компактно огледалце, мини-крем за раце, антибактериски гел, клучеви од дома, 3-маркери, 3-пенкала, технички молив + мини, гума, лабело, 4-сјајови за уста , 3-шнолчиња, апчиња(Септолете,Аналгин,Андол..), 3-шеќерчиња, ластиче за коса, 1 ливче, нечии визит-картички, мини-стик-парфемче, билет за градски превоз, кеса, бонбонче, членска картичка од библиотека и usb. Што се' сум носела со мене ...Еве конечно прилика да си ја потсредам ташната.. Епа девојки, вие сте на ред...
Јас носам огрооомна ташна, ептен ми е погодена и додека не и ја извадам душата не ја менувам а во моментов во неа има : клучеви од кај дечко ми клучеви од дома два коректори за подочници палома влажни марамици огледалце кафетин мастики орбит мастики чунга лунга камена пудра стегач штипка за коса шнола за коса некое флаерче што ми го дал некој футрола за наочари ѓубре- фискални сметки, празно ипаковки... шишенце со вода скрипта И ташната ми е полупразна, сега замислете колкава ми е ташната, затоа дечко ми никогаш не ми чепка во ташна, и он може да се изгуби во неа
Јас мислев само во мојата чанта е хаос од фискални сметки и книвчиња од чоколатца шо сум немала кај да ги фрлам а освен нив имам паричник,мобилен,мастики,пенкало,лабело,витамин б6,понекогаш кафетин менструал и аналгин ,потоа може да се најде некој стегач,футролата за очила итн.....
Хахаха баш интересна тема. Во мојата чанта има... сега ќе ви кажам што се не... Пудра за лице, крема, 2 лабела, сјај за усни, моливче за очи, маскара, очила за сонце, штипче за коса, стегач, огледалце, дезодоранс, парфем, влажни марамчиња, паломи, улошка, паричник, фискални сметки, цигари и 3 запалки (WOW, незнаев ни самата дека имам 3 со мене), мобилен, слушалки за мобилниот, клучеви од дома и од кола, лижавче, мачмалоу колаче(повеќе го нема ), мастики, дигитална камера, ситни парички и пенкалце Ете што има моментално во мојата чанта
Во мојата има книги , тетратки , линијар , прибор со пенкала и шестар.. Футролата со наочарите во неа и марамче за да си ги забришам Во тоа скриеното иам пари .. а во тоа напред имам клучеви од дома , слободната , лабело shining star , сјајче орифлејм , пари ситни некои, штипка за коса , фискални од цел месец , мп3 , слушалки , кафетин , киндер буено А за искачање имам во другите ташни све и свашта .Ама тоа кога ќе искачам ќе кажам
Новчаник, слушалки за мобилен, спрејови за тело, парфем, камена пудра, сјај за уста, лабело, влажни марамчиња и индекс.
Во моментов во оваа ташна шо е покрај мене имам: секакви некакви книвчиња (ливчиња за препишување , текстови од песни), оправданието за вчера, мобилен , тефтерче, огромен новчаник, ташниче мало (уште книвчиња , лабело, едно малечко тефтерче, 3 пенкала, молив, гума, режало, белегзија, огледалце, стара влезница од забава), крем за раце и апчиња за баба ми.
прашањето би требало да биде ,,што нема во вашата чанта,, таа за на школо, значи носам огромен ранец, една до две книги, три четири подебелки тетратки ( сештологија ), чадор ( мислев дека ќе врне ), две ташничиња - едно со 2 мобилни, пари и клучеви, а во другото палома, пенкала, боички, сјај а до неодамна и огледалце ( престанав да го носам бидејќи ме иритираа постојаните побарувачки на огледало ). носев и чешле, но и тоа од горенаведените причини престанав - ме згрозуваше кога гледав како ми се чешлаат со чешлето за шишки низ цела коса . кога испаѓам сакам да носам големи ташни, ама во последно време ме фана мрза, па си носам само ташниче со мобилните и пари :y:
Паааа вака.........али првин да си кажам дека по се изгледа сум единствена што нема фискални сметки во чантата и малку ме замисли ваквото сознание. А имам паричник,мобилен,палома и влажни марамчиња,мастики,ацерола и витамин е,аналгин,мастики,наочари,сјај за усни x2,парфемче,клучеви,полнач за мобилен и маскара.
Книги,тетратка,3 индекси (зимав потписи и за колешките ),пенкала,молив,гума,наочари за вид,огледалце,лабело,сакази,голем паричник. Па во споредба со претходните и не е толку лошо
sve i svasta nemozam da se snajdam samata,pa zatoa cesto pati znaat da mi kazat za rodenden da ocekuvam kako poklon nekoj pogolem kufer
Па добро,како сто гледам не ми е во некој голем неред чантата Значи новчаник,огледалце со чешле,клучеви,неотворени мастики,годишен хороскоп(го собрав откај братучетка ми),лабело,влошка и не само тука туку во секоја чанта мора да има и тоа!
Јес, и мојата е неред Во оваа што ја носев денес има учебникот по ДП, тетратка со дебели корици која очигледно само фаќа место , паричник, футролата од телефонот, лабелото , шнолички за коса, венче за коса (од кај се нашло овде ни сама не незнам), ситни денарчиња, палома, паковка од мусли плочка со брусница, airwaves мастики, и неотворени и уште едно со две изгледа мастичиња, мини парфемчето, очила за сонце, футролата од очилата ...мислам толку. И индексот. Без него ни една чанта не оди на пат
Па и мојата не била многу неуредна Како ученичка, има по некоја книга или тетратка, гума, здравствената книшка ( за оправдание), УСБ ( го позајмив и го метлеам само низ ташните, не ми текнува да го вратам ), потоа телефонот, новчаникот, футролата од наочарите, влошка, кетонал форте, крема за раце, по некоја шминка и тоа...
Бидејќи сум прилично уредна, сакам ташната да ми е средена и се си е на свое место. Во неа носам: мобилен, сјај за усни, клучеви, палома, влажни марамици, очила за сонце, паричник и шише вода или леден чај. Тоа ми е стандард, а ако сум на факултет носам и скрипти, пенкала, тетратки и слично
Па нема многу,само најпотребните работи,лабело,мобилен,индекс,наочари за сонце,сјај за уста,огледалце,пенкало,па и зависи од тоа што ми е потребно во моментот,може и да ја пренатрупам
Мојата школска ташна ми е секогаш тешкаа (раменициве си знаат) имаа минимум 5 книги, по 4-5 тетратки, обавезно кесе внатре 2 моливчиња, 3 пенкалциња, гумичка, линијар, острилка, шестар и по некој фломастер.Чадор си носам стално, во случај времево да изненади како денес јас си сум спремна, имам едно кесенце во предното џепче ,потоа телефонот ми е тука, лабело, огледалце , едно тефтерче, влошка, кафетин менструал и аналгин и пари секогаш има резерва тука.