Колку сте организирани ..и дали претходниот ден планирате за утре ? Дали знаете што точно треба да направите утре?Навреме ги завршувате обврските или оставате и за утре? Дали има денови кога едноставно ништо не сакате да правите ?
Ја обожавам спонатаноста. Порано немав планови, и уживав во спонтаноста, ама сега без план - ништо. Со две деца, домаќински активности, работа и школо, ако не се организираш - ништо! Сега сум организирана до совршенство. За да можам да најдам време и за дружење, си имам направено ред . Бабите и дедовците си имаат распоред кои денови се задолжени за чување деца, за ние да отидеме на некое кафе, кино, театар, што и да е, а и тие да си знаат, да не планираат друго тие денови. Веќе и друштвото ни е со доста обврски - кој многу работа, кој деца, па мора да им се јавиш еден ден претходно да ги договориш... гледам сите почнаа така да функционираат. Исто така имам точно определени денови кога се бањам (мислам со миење коса, и сите салтанати), кога ги бањам децата, кога чистам, кога менувам постела, кога учам... Звучи смешно, ама само така нема да потфрлам. Зошто малку ако ми се измести редот, после тешко се надокнадува. Секој викенд планирам што ќе готвам цела недела, за да знам што треба да купам за готвење (обично за викенд купувам храна за цела недела). Има денови кога ништо не ми се прави ама не можам да си го дозволам тоа . Знам дека ако еден ден не си ги завршам обврските, следните 5 дена ќе ми бидат пореметени. Е сега од време на време ми се случува во нешто да потфрлам - на прмер да не направам ручек, туку да купам готов, да не излезам, туку да останам пред компјутер, ама се трудам да се држам до редот Најинтересно е што организираноста воопшто не ми е својствена, порано бев страшно неоганизирана... ама морав да ја научам за да постигнам се' што сакам
Браво Ариел...човек може да ти позавиди на организираноста ! Точно дека спонтаноста е добра и знае да биде по возбудлива и интересна ...мегутоа веке возраста си го бара своето нели? јас сум мн организирана и не знам зошто од страна изгледам чудно !па како да легнам да спијам ако не знам што од прилика ке правам утре дали да станам порано ?секогаш ми е распоредено времето однапред и затоа никогаш не доцнам ...и наогам време за се !кога излегува некоја непредвидена ситуација макар и позитивна прво се нервирам .
Јас не сум мажена и немам дечиња и сум апсолвент ама сум прилично активна дома, сакам да и помагам на мајка ми бидејќи ми е жал јас со 23 год да чекам се од неа. Така денес направив ручек, посен зошто татко ми пости, ги измив прљавите садеви од кујна, бев до продавница, купив леб и патем фрлив ѓубре , ја напунив машината со алишта и ја пуштив, сега си пијам кафе пред компјутер и уживам. Ич не ми е тешко така нешто по дома да сработам особено сега кога не сум на факултет и немам обврски. После треба да одам да купам поклон , утре сум на роденден, вечер најверојатно ќе си ја напунам кадата и ќе се релксирам а после ќе гледам некое филмче пред спиење.
Ariel бравооо за организираноста навистина ти завидувам !! И навистина човек надобро функционира кога се е организирано и под ред така се создава некоја мирна состојба на умот кога знаеш дека имаш ред и место за некои работи кога и како да се завршат ... Ама во секој случај мислам дека спонтаноста прави да се чуствуваш убаво и слободно,отстапувањето од рутината и секојдневието и обврските што се зацртани за секој ден да се изостават барем повремено.Барем јас замислувам така ... Е сега нормално со деца и сопруг и кариера ретко кога и како може да се направи тоа
А.Срцушка, во право си дека спонтаноста прави да се чувствуваш слободен, и со задоволство се сеќавам на времето кога ќе ме прашаа што ќе правиме утре, а јас викав ехееее, тоа е дури утре. Ама со повеќе обврски сакаш - нејќеш, мора да се организираш. Моево беше под принуда, и се трудев некое време да го избегнам, ама после сфатив дека што побрзо се навикнам на тоа - тоа подобро за мене а и за околината Супер е Иренна тоа што помагаш дома, така и ќе се навикнеш да правиш нешто по цел ден, па нема да ти биде тешко кога ќе почнеш со работа. Има луѓе што се толку улежани дома, што кога ќе тргнат на работа им се чини ретешко да седат 8-9 саати во канцеларија и да работат. Е тоа не го разбирам. Лавица, и биди си организирана, и не се грижи како изгледаш од страна. Сега можеби твоите врсници се неорганизирани, или не до толку, ама за некоја година - ќе мораат, а ти веќе ќе бидеш навикната. Како што кажа и ти, вораста си го бара своето.
многупати сакам да оставам на работите спонтано да се одвиваат, ама изгледа мојава живчана природа тоа не ми го дозволува. Се мора да ми е точно организирано, под конец и тоа сама се си се организирам, не чекам на друг. Еве денес на пример бев од сабајле на школо, сега планирам да се капам, па после кога ќе дојде другарка ми да се фатиме за работа со проектите. Вечер обавезно читнувам малку, а ако имам време можда и некое филмче.
Јас не станувм од кревет ако денот не ми е испланиран. нормално дека не испаѓа секогаш по планот, но некаков план мора да се има.
Често знам да кажам дека сум човек без план, многу ретко јас да испланирам нешто и така да ми испадне. Ама убаво ми е вака морам да признам, спонтано да ми се случуваат нештата. :up: А обврските редовно си ги завршувам да, што се мора мора се Не секогаш , ама непланираните работи најубаво испаѓаат. А најверојатно кога ќе почнам здравје со работните обврски тогаш друга песна ќе се пее, тогаш организираноста ке ми стане појака страна
не ги планирам работите но и без да планирам знам што ке правам денеска имам испрашување по филозофија и економија па така да цел ден ке скапам
за 2 сати треба да сум чаршија... на кафе ова она муабетче. Вечер..... на журкање и гушкање :mrgreen:
Пааа,ништо посебно.Денов си го посветив себеси,средување веѓи,депилирање,маникир.И си уживам во тоа.ЗА вечер, е тоа е посебна приказна,планирам да излеземе со дечкото,си викнавме друштво,се надевам ќе биде убаво
Цел ден шеткаф по бутици и царшија, сега се прибрав дома. Вечер планирам да излезам негде, на романтична вечера или пак во диско. Инаку за денес имам планирано да одиме на викенд негде или у шопинг али ништо од плановите.
Кате и Барби, убаво да си поминете. Јас планирам да се скоцкам и да си излезам и да си поминам супер со моите најсакани шо ме трпат.
Денес ќе со легнам накај 10, ќе спијам докај 5 попладне негде. Ќе станам да се размрдам и во 7 пак на работа.
Станав во 9ипол сабајлево, со намера да одам до Центар и потоа до кај момчето, ама немам вода дома, се средува некој дефект, па сега се ми се пролонгира. Ништо особено денес. Факс, читање некоја книга приквечер, проба со бендов, па можеби кафе некое релаксирано со другарките по дома и на крај кревет. Досаден понеделник
do 3 na rabota :? posle rabota domece ke si simanam nekoj film ke se izlezavam i ke uzivam...a za posle otoom potom ke vidime sto ke iskoci
Jas nikogas ne planiram zs ako planiram nikogas ne mi ispaga kako sto sum planirala.. A i mn pointeresno i poubavo mi e koga se se slu4uva spontano... A ina4e denes vtora smena u skolo i toa 7 4asa.. Pa ve4er posle skolo direktno na kurs Dosaden ponedelnik.. A moze i ako ne mi se odi na kurs namesto na kurs da si otidam da se prosetam..
Паа....ќе се собираме кај една друшка да ПОУЧИМЕ за писмената по германски, ќе падне и кафе и потоа проект!!!!