Кога бев малечка секогаш кога ќе ме прашаа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш јас ко од пушка ќе речев учителка И сега ми е останато на малечкиве да ги прашувам што сакаат да бидат и тие така срамежливо ми викаат принцеза, докторка, манекенка; а машките се повеќе ориентирани кон фудбалот . Па ајде женски присетете се на детството и што сте сакале да бидете кога ќе пораснете.
сакав да бидам најпрво учителка и имав дури дневник дома за да си играам, па им ставав оценки на децата од маалото и така се шетав низ улица со дневникот во рака па водителка сакав едно време да бидам подоцна кога малку пораснав, кај 3то одд сакав да станам хирург и ги имав сите хирушки реквизити дома и таа желба до голема траеше...
пораснав веќе јас многу сакав да бидам некоја многуу позната личност, пеачка или актерка (од мала обожавам филмови )
Сакав стујардеса , сакав во банка , сакав пеачка , манекенка .. А сакав да имам многу пари ( не знам ова како ќе го изведев , ама ќе имав ) и да направам дом за кучиња . Нема да моеше никој тукутака да земе куче , него ќе го чува некое време и ако сум задоволна од тоа , ќе го задржи а ако не тогаш бираме други родители Ова животна желба ми е , можеби ако имам пари многу , ќе ми се оствари . А иначе веќе подолго време сакам да преведувам , и натаму се стремам , ама никогаш не знаеме каде не носи патот
Одсекогаш сакав да бидам докторка и таа желба ми траеше долго се до осмо одделение и баш за уписите се предомислив и ете отидов право.Хахахах ама допирни точки што имаат да не зборам...ама тоа бидна и еве и ова ми иде во школо супер сега за сега ама мислам дека и во медицина добро ќе се снајдев,тоа е тоа иначе да можев да бидам се што сакам ехехеееееееее... нема крај на желбиве мои
Уште од мала сакав да бидам адвокат,потоа манекенка,па преведувач е сега уште преовладуваат две желби преведувач или адвокат.Но втората повеќе некако ме привлекува........ама не сум баш сигурна
Јас сакав писател да бидам Пишував песнички, добив два-три пати награди некои, а врвот беше во петто кога ми читаа една лична творба на „Ѕвон“ Е од тогаш ептен бев навлегла во филмот, дури сонував книга да издадам
и јас пишував песнички па потоа љубовни текстови... ееее колку тетратки имааам ама никогаш не посакав да станам литературец
Пораснав веќе, но моја пасија е да сум истражувач, археолог, или научник...по било што! Но животот напати знае да е суров, па така во одсуство на финансии....морав да се запишам на факс, во мојот град!
сакав да сум пејачка,манекенка некоја позната.и секогаш крадев штикли на мама,со далињското в рака и пеј сите ми се смееа од дома
Од прво, докторка, после сменив учителка, после библиотекарка и на крај астрофизичар (а врска немав што е тоа, ама многу се занесував по астрономија, дури почнав да читам астрономски учебници во трето одделение ), ама после тоа сакав да бидам океанограф... и ден денес таа желба ме држи и се надевам дека ќе си ја остварам. А по професија сум - она првото.... за заби...
Сакав да бидам ни помалку ни повеќе туку - принцеза! Е после кога разбрав дека тоа не оди баш така, сакав да бидам фризерка После сменив уште сто работи, ама овие две ми се од ептен мала, предшколска возраст А штета со ова за принцезава, Вилијам ми е непреболена љубов... ама ај, бидна веќе
Како малечка,сакав, кога ќе пораснам да бидам моден креатор,се сеќавам правев цртежи на модели,навистина незнам како сум имала голема креативност,какви се не модели ми текнуваа,па ги чував во папка,па и сега,некои ги пронаоѓам,што сум цртала,па дури и во тефтерите на мајка ми сум цртала ,па често кога нешто пребарувам по дома,наидувам на нив.Меѓутоа немав некоја конкретна желба,за тоа што сум сакала да бидам кога ќе пораснам,мислам конкретно на професии како правник,наставничка или професорка итн.Па не излезе тоа што сакав,туку едноставно целиот мој живот го поминав/поминувам занимавајки се со уметноста,филозофијата,можам да кажам дека можеби тие цртежи на модели ми биле како предуслов или база на тоа со кое што се занимавам сега но искрено никогаш не сум сакала,нити сакам сега,професија како правник или друго нешто,а за сега, наставничка/професорка незнам,за тоа постои некоја веројатност незнам,здравје има време
сакав да бидам дизајнер и креатор и стилист....сакав креативни работи....па на барбиките им правев домови и ги уредував, им шиев облека.... сега не дека сум порасната ама ете потпорасната и сакам да бидам бизнис воман деловна женска по нашки
Интересена тема. Јас одсекогаш сум сакала да се занимавам со некој тип на наука, да истражувам или да станам професор. И ден денес желбата не ми се променила и сум на пат да ја исполнам. Малку ме разочарува што со време заклучувам дека истражувањето не е баш тоа што некогаш било, тука е се повеќе искомерцијализирано. Но сепак, се на се е интересно
Јас сеуште сакамм.. Средношколка сум ама уште си сонувам ко мало детенце хихихи Сакав да бидам уште во градинка наставничкка ,па после балерина па кога почнав школо стјуардеса ..ама знам дека никогаш не сум сакала да бидам доктор.А сега сум во медицинско и (да се надеваме) ќе бидам успешна докторка. хахаха
Полицајка И уште сакам. Можда ќе запишам академија, ама кога ќе соберам пари да платам мито И плус сакав да бидам моден креатор, ама на сукњи само така сум и велела на мајка ми
јас сакав да бидам научник или истражувач. И желбата бавно и сигурно си ја исполнувам, уште малце истражувач... па понатаму може и научник, е сеа не ви кажувам каков