Форумџика на годината

Требаше/не требаше... Се каете ли за нешто?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од beautiful87, 20 септември 2010.

  1. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Разгледав низ темите и не налетев на ваква, доколку грешам поправете ме.
    Сите правиме грешки во животот за кои подоцна се каеме и сакаме да го вратиме времето назад. Има ли нешто за што вие се каете или досега секогаш сте постапувале правилно??? Доколку има што мислите да сте постапеле поинаку, што би се случило, каде би биле сега, каков би ви бил животот сега???Сте размислувале ли некогаш за ова???

    Јас се каам за неколку работи во животот и сметам ако тогаш сум постапела поинаку денес би ми било многу поубаво. Но најмногу се каам за тоа што како помала бев тврдоглава и после караница со тренерот не сакав да продолжам со пливање и покрај сите убедувања на моите, а бев и повеќе од добра и талентирана со неколку медали зад мене на толку мали години. Да продолжев денес ќе постигнев многу :(
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Грешките во животот постојат за да научиме нешто,ако никогаш не згрешиме нема ни да знаеме што е правилно,а што не.Никогаш незнаеме каков ќе биде ефектот после секоја наша одлука за било што,затоа пред да одлучиме за нешто,треба добро да размислиме,но и за нашиот пристап кон одредени работи или личности,да размислиме дали би била добра во иднина нашата одлука или постапка.Меѓутоа кога човек ќе згреши,ќе знае како треба понатака да се однесува,но и не секогаш грешките можат да се поправат. Конкретно, немам некои поголеми и позначајни работи за кои би се каела,нормално како и секој, некогаш сум згрешила,па самата моја грешка ме научила како не треба да постапувам понатака :)
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    не постои човек кој не згрешил и кој не ја акал после главата од ѕид :)
    од грешките се учи, тие не водат понатаму. секое каење после непромислено однесување те доведува да размислиш што е морално а што не... те насочува кон вистинскиот пат.
    значи лично за мене сега ќе зборувам... имам направено грешка и тоа голема за која прееемногу се каам :( ама тоа е. тогаш такви биле околностите, годините си го правеле своето... се помирив со тек на време. не можам да речам дека ако не би го направила тоа сега ќе било вака или така... оти сум ја направила грешката и сега сум тука со овој живот...
    се каам! тоа е единственото кое ќе го кажам :(
     
  4. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Да , се каам за неколку работи..
    Лани , шо убаво си ослабев немав ни стомак ни ништо :rofl: , али стрвна јас, неможам на ништо да одолеам. си ги вратив истите 15кг и сега сакам да ослабам како тогаш :( ..ама оди одолеј му на ајварот!!!! :devil: :devil:
    Ама сум си рекла МОРАМ, и МОРАМ да ослабам, вака не иде!!!! :@ :headbang:
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Уфф не верувам дека постои некој таков кој не се кае за нешто.Нормално е сите да грешиме иако понекогаш не сме свесни за тоа.
    Се каам за многу работи кои сум ги пропуштила.Секогаш кога има убава прилика треба да се искористи,нема секогаш втора шанса.Се каам поради тие неколку испуштени прилики,но барем ми беа лекција за понатаму.
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ехее колку работи не требаше :lol: Ама најмногу не требаше да изгубам 2 години од мојот живот во борба за некој кој не го заслужи тоа. :fubar:
     
    На Betty* и vekiveki им се допаѓа ова.
  7. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Нема човек што не се кае за нешто во животот.Ако не згрешиш никогаш нема да научиш.
    Јас лично се каам за неколку работи во животов.Некои од нив да не ги направев немаше да морам од почеток да го градам односот со моите.Ама си ја научив лекцијата и си ветив дека никогаш нема да го повторам истото.Се каам што тој ден не станав порано барем еден час и не се поздравив за последен пат.
    Се дур си ја гледаме грешката и се трудиме да ја поправиме,сме на добар пат.Иако некои работи не се поправаат и некои личности не се враќаат.
     
    На Rebi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Не требаше да ти кажам што се чувствувам.. не требаше да ти кажам дека ти си ми се.. не требаше да ти кажам дека се каам што избрзав.. не требаше да покажам храброст.. едноставно не требаше .. ;(
    Требаше да те чувам...другите мислења само ни штетеа .. ;(
     
  9. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    Хммпп... многу пати сум рекла не требаше да постапам така .. згрешив .. да постапев поинаку ке беше подобро.. немаше тоа да се случи..
    Но од кај да знам .. ако сум постапела поинаку може нешто полошо ке се случело :|
    А иначе се каам за некои работи :worried:
    Поздрав :*
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Сум грешела да, ама не се каам, не можам ме јаде од внатре ако се каам за нешто, и си се помирувам со се... не си се мачам сама себе, и никогаш не викам се каам за нешто, било поминало, готово крај, идам даље
     
    На roberta-rubi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Во природата на човекот е да греши. Ама карактерно е дали секој знае да се носи со последиците од своите одлуки.
    Колку и да не сакам, понекгоаш морам да се запрашам дали псотапив правилно, и ако не, што требаше да направам. МЕѓутоа тоа е се поретко и поретко, зошто научив како се учи од грешките, не само од моите,туку од туѓите и така си го збогатувам искуството. Не сакам да се каам. Било што било, одлуките во тие мометни ми изгледале соодветни, тоа е тоа.
    Не сакам животот во каење да го поминам.
     
  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Еј па многу сум грешела :P Ама фала Богу досега си ги знам грешките и никогаш не сум се каела што сум згрешила. Само сум си ветила себеси дека никогаш повеќе нема да ги повторам истите грешки :)
     
  13. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    Од грешките се учи. Штета што треба многу пати да ја повториме истата грешка па да сватиме :D
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Најмногу се каам што еднаш ја повредив личноста која ми значи најмногу на светот.
    Се каам што пред неколку години еден човек тропна на врата со дијагноза од болница и бараше пари, а јас не му дадов, не знам зошто... Се’ уште се сеќавам на сликата, човекот беше изморен и се гледаше дека не лаже, многу ми е жал што така постапив.
    Се каам што пред неколку години во автобус со другарка ми оговаравме еден човек дека има многу злобна фаца, а после сфативме дека е болен и ослабен, затоа така изгледаше...
    Има многу работи поради кои се каам, но затоа е тука совеста - да не’ помачи и да помогне во иднина да бидеме подобри луѓе.
     
    На Trendafilka и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Се каам што му простив толку многу работи, и секој ден се прашувам далу вредеше, и дали вредеше заради тебе да го изгубам човекот кој ми даде толку многу без да очекува и да добие ништо за возрат.
    Сепак тебе те сакам премногу, немој да направиш да се покајам и за тоа.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Често знам да речам Е ТОА НЕ ТРЕБАШЕ. Ама не се преоптоварувам толку со тоа. Ако се случило нештото, се‘ е после џабе. Секакво каење нема да го промени текот на настаните. Не се каам никогаш. На грешките се учи и не треба истите да ги повторуваме (е добро сега, има исклучоци :lol: ). Ако веќе ги повторуваме, дефинитивно нешто ни фали :D
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.486
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за многу ситуации што се случиле. Но и да се каам и да не се каам исто ми е , времето не се враќа назад. Само можеме да внимаваме да не ги повториме.
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не се каам за ништо... бар се трудам да не се каам ... а знам да речам еи не требаше вака или требаше така ама било поминало ... не се замарам . 8)

    Инаку не требаше да преќутам кога ме навреди една колешка без потреба ама ај кој ја тркала што е недорасната не ми носи леб дома ... :)
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.949
    Пол:
    Женски
    Секој човек се кае. Мислам дека не сум видела човек што не се кае дека требал нешто да направи. Но тоа си е веќе минато, колку и да се каеме, и да го мислиме, нема да се смени. Затоа ја веќе се помирив со ваквите реченици ...... Затоа што нема да ни помогнат никако,во никаков случај.Само онака трошок на зборови :lol:
    Се каам за многу работи. Прво за сите мои лаги кон моите родители.
    Второ, кон сите лоши зборови кон мајками. Си ја сакам,и сакам и она тоа да го знае. А сигурно го знае. Многу се каам дека сум едина, и кога ќе и свикам... :?:
    Друго, за некои ситници кога ќе се закарам со најблиските другарки...
    Но секој човек греши, се учи од сопствените грешки. Така? :wasntme:
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да. Се каам што не му удрив шамар. Да осети силна, женска, сочна шамарчина, да го пржи убаво лицето барем неколку минути како он мене што ми ги испржи сите чуства. Ама ај, него и на таквите како него животот ќе им врзе шамар. Нема јас да се правам Господ, кога не сум.

    И се каам што кога сум нервозна им се истурам на најмилите и најблиските за глупости :( Ама искуството е лекција, учам и се подобрувам, барем имам такво чуство :?: Се контролирам се повеќе и повеќе како што си поминуваат годините.
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.