1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Мислам дека немало девојка која еднаш во својот живот нема незаборавно пијанство, па ајде малку да се насмееме со нашите случки кои ги паметиме или други ни ги кажале (бидејќи сме биле малку по пијани :D )


    П.С ако ја има темава одма во канта

    Моето незаборавно пијанство беше на роденденот на дечко ми пред 3 години.Бев на диета и само доручкував. Вечерта отидов кај него , имаше црвено вино, свеќи романтика уу :D . И ајде да наздравиме, една па две па три па четири и јас веќе дрво пијана. Па на сето тоа и торта имаше, а алкохолот и благото се најлоша комбинација, и во неговата соба направив лом :Puke.(ќе заборавев) утредента со кисела вода влегов на час, професорката не да се смееше само рече-добра вечер си имала :rofl: . На одморот тие што седе под нашиот прозорец добија мало наводнување :puke: :doh: , и еден друга вика леле врни а јас преку прозорец :puke: потоа перев 3 дуксери на другарите лом ги направив.Тоа ми беше најнезаборавното пијанство :$ .
     
    На Bitter-Sweet, Betty* и Vaga03 им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Вашето незаборавно пијансто

    Аааа.... што ако имаме неколку? :$ :D

    Шала на страна, еве, ќе издвојам ЕДНО така најфатално :lol:

    Бев на роденден кај школска другарка во недела навечер. Го правеше во едно мало кафанче, мало друштво, одбрано. Имаше мезе, ама Хипица (јаката пијанџика) си се нашлока чисто црвено вино и ајт наздравје. Се испразнав ( :puke: ) во неколку наврати :$ на неколку места по мојот пат од кафаната до надвор ( :$ ). Сандалите се преселија од моите стапала, во моите раце. Се лоцирав на една клупа во близина во придружба на неколку фини особи додека се освестам малце. Патем да напоменам дека од кафаната зедов стаклена чаша и кога стигнав кај клупата ја мавнав од земја (за успомен :D : ). Кога си дојдов малце при себе, заедно со другарка ми (која не беше ништо поарна од мене ), штиклите во раце и пеш до дома.
    Прво кога си дојдов се бувнав на каучот в кујна, затоа што не бев способна да си се качам в соба. Се разбудив во 4 сабајлето (а се прибрав кон 1), НЕКАКО станав, отидов да си ги измијам само стапалата (пеш се враќав дома, па замислете во каква состојба бев, беше врнато :x ) и сосе фустанче си легнав в кревет. Во 6 и 30 ми ѕвона аларм (појма немам како сум успеала да наместам) и уште ме држеше вртоглавица. Отидов под туш затоа што не ќе беше на арно таква да појдев на училиште.
    Кога стигнав таму, бев цела насмеана и цел ден си се смеев, можете да претпоставите.... уште бев под мало дејство.

    Повеќе посрамотена во живот не сум била :o :x
     
    На Bitter-Sweet, kjukli и Betty* им се допаѓа ова.
  3. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Вашето незаборавно пијансто

    незаборавно пијанство ми беше во јуни месец ко повраќав со глата изваена низ прозеорецот од на другарка ми колата :worried: катастрофаа
     
    На Bitter-Sweet и Hipica им се допаѓа ова.
  4. Froshinka

    Froshinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Незаборавно пијанство :lol: ... Во Дојран на одмор кај најдобра другарка ... После пиење на мојата омилена Кавадарка :lol: која ја имаше у изобилство ... Така страшно се начукаф :tmi: ... Мислам дека се истуриф од повраќање цела вечер :worried:hock: :puke: ... Уше на све тоа ... Заврна ... Абе патетики ... И се изнаплакаф за 300 глупости :emo: ... Каква вечер еј .. :fubar: ...Хахаха ...
     
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Бевме на роденден кај еден другар, големо друштво, атмосферата топ. Така убаво се начукав што еден другар мораше да ме носи дома. Чекал да се качам по скалите и да влезам внатре, па си отишол. Ама мене нешто ми светна да одам во кафичот кај што отидоа. Па неможев да ги пуштам да се забавуваат без мене. :lol: Како сум стигнала ни самата незнам, ама сум се плеснала на шанкот сама, заборавив дека појдов да ги барам. Имало некој типац до мене, си грицкал нешто со пивото.. јас сум се посегнала по чинивчето, сум си го прикарала до себе и сум почнала да јадам. Човекот бил културен дури и пијачка ми викнал. Сето ова од другите што ми го кажувале, јас на таа вечер ништо не се сеќавам.
    Ама се срамев потоа да се појавам во кафичот. Кој резил сум била. :x
     
    На Bitter-Sweet, kjukli, Umbrella22 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.845
    Пол:
    Женски
    Абе женски ние у комбинација со алкохол може да бидеме страшни.Јас не сум многу по пиењто...мислам секогаш си ја знам мерата и кога осетам дека почнува да ме фаќа престанувам така да останувам само расположена.Но имам и исклучоци кога се препуштам на чашата со тело и душа :P Па незаборавно би било на мојот 17ти роденден..бев со најдобрите другарки во една кафана и си седнавме, мезе ова она и пиевме бело вино(мислам бунар де)почнавме со 1 бокал а завршивме со по еден на сите,па и куќата частеше за славеничката :lol:се опијaнивме страшно дај еден дај уште еден..и така едно време се загубивме станавме па вртки,вртки(среќа се сеќавам дека не бевме единствени кои станаа да играт )една од другарка што многу ретко пие две чаши и го чистеше подот во кафаната со газот :DЖално е што баш кога дојде 12 јас не се сеќавам како ми честитаа роденден се загубив ептен. И плативме незнам како сме успеале точно пари да дадеме..и излеговме пред кафаната и на една клупа се лоциравме сите и неможеме да станеме какака кикики смеи :D И ај тргнавме некако до кафичот да отидеме..одевме едно пола саат а се стигнува за 5 мин...и таму сите кој како не виде сите добри ли сте не прашуваа :tmi: Со кој филм во глава па и на диско отидовме такви мртвосани...потоа се сеќавам кога се вратив дома легнав на кревет и ми се вртеше таванот и брат ми беше буден па ми помогна да легнам :$ а тој жалче помал е, се загрижил што и е на сестра му.Утрето се собравме да си расправаме кој како поминал и нормално неможевме да склопиме крај со крај...фалеа некои делови во служувалката :D Едната другарка си ги унштила чизмите скроз на скорз,друга лом го направила бифшиот и, а јас...му правев смеи на дечко ми...ме снимал и ден денес уште се смееме на моето плетчење...не не сум пијана како може да сум пијана леле цццц :DИ ште кога ги гледаме сликите од тој роденден се смееме многу...иако се сеќавам на многу малку работи пак ми е убаво кога се сетам :) ''Иако заборавено сепак незаборавно'' е вака би го опишала мојoт 17ти :D
     
    На BojanaLegija, Bitter-Sweet, littlevampire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    хахах се изнасмеав... :D
    мене не ми се случило да се поднапијам
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Охоохоо...ги има повеќе... :lol: ...ама не паметам од кога веќе не ми се случило пијанство... :?:
    Еднаш ептен мешав алохол...бевме на забава и се држев добро...обично секогаш сум се држела добро колку и да сум пиела и се паметам..Ми се случува во пијанство да плачам...често тоа..и да ги гњавам тие околу мене со плачки,жалопојки :D ...Ама ова знам дека кога веќе почна да ме фаќа здраво се изглупиравме со друштвото..и после накај дома како да лебдев се осеќав.Нормално имав придружба :$ инаку да бев сама ќе залегнев на пат негде.И знам дека не сакав дома,гњавев да идам ама некако ме убедија(убеди беше еден и е екс одамна)и до врата ме донесе...и само кога влегов не знам ни сама до купатилото како стигнав се истурив од :puke:...татко ми стана ..брат ми...Ме прашаа само да не сум јадела нешто бајато или да не сум измешала :lol: ...И никако не им текна дека е тоа од алкохол у крви :D ...Утредента бев како болна не можев да станам и не се сеќавав на многу детали од претходната вечер/ноќ. :doh:
    А бе убаво е и ова да се искуси ама нормално во граници и еднаш до два пати ;) :D
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Моето незаборавно воедно единствено пијанство помина во придружба со брука , резили , емоционални испади и незнаборавен секс.
    Глумам јака женска , ни текнало со мојов за афродизијак да се поднапиеме .Никогаш не пиеме па од страв да не ја претераме ставивме еден прст водка , ја помешавме со Швепс. Како незнам, ама откако испив пола чаша , сеќавањето ми е бледо. Паметам дека многу се смеев , почнав да го соблекувам и да му лепам банкноти од 10 денари , немаше музика па почнав да пеам. Тогаш се случил најнај сексот ..на кој не се сеќавам :tmi: Инсертите ми се некако доволни ;) На пат до купатилото , се виткав како гумена, не си ги чувствував нозете па почнав да плачам силно мислев дека сум останала инвалид . Таман помислив - ах што ми требаше ова , добив нагон за повраќање ,ама ништо од тоа . Легнав на подот дечко ми седна на шолјата , ми помагаше да се истуширам , ме завитка во пешкирот и ме гушкаше. Мораше реприза , се вративме назад неочекувано исповратив врз него , еднаш , двапати :puke: :puke: и ете момент на кој јасно се сеќавам , ми кажа дека ме сака , ме изми и ме бакна во уста ...хуху вистински одвратно љубовен француски бакнеж . Тогаш нашата љубов тргна во сосема различна длабока насока.Лежевме некое време додека да се освестам , паметам како корнизата ми шеташе лево десно и ротираше.Ме однесе во паркот на малку свеж воздух, сега веќе одприлика почнав да разбирам колку сум се посрамотила.Седев на клупата ми донесе сладолед . Тивко ми кажа дека сака со мене да го помине остатокот од животот.Тука имаше солзи радосници :inlove:
    Се шетавме некое време , ладно беше . Ме однесе дома. Така полна импресии цела ноќ око не склопив , размислував си реков ако ме сака ваква , секаква ќе ме сака :D
     
    На Gosh, BojanaLegija, Bitter-Sweet и 15 други им се допаѓа ова.
  10. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    Браво за темава. :clap:
    Кога пијам обично си ја знам границата но ете имало моменти кога неможам да се одвојам од чашката. :$ :D

    Дечко ми ме викна тој ден да одиме со неговото друштво во викендица,ќе правеле текила парти.Јас срамежлива,не не можам,срам ми е,којзнае кој ќе бидат таму...И решив не одам.Готово.И 30 минути пред тој да отиде му се јавив,јас доаѓам.Ах каква вечер. :angel:
    И почнавме со текилите,знаете како велат:one tequila+two tequila+three tequila= Floor!
    Многу ми беше убаво,излеговме надвор со дечко ми,превртување по тревникот,тој не беше пијан колку мене...Цело време ми велеше,немој доста ти е,ќе ти се повраќа,јас неее,убаво ми еее. :drunk: :drunk:
    Ајде уште една тура,две...Јас не знаев каде се наоѓам,излеговме пак надвор,почнав да повраќам.Се ми собра,ми се чини дека сета текила ми излезе низ нос. ]:)
    Го замолив да легне до мене,да полежам малку,да не одам таква дома...Сме заспале,кога станавме тој не можеше да стане од кревет,пијанството му се виде кога се разбуди,се истури од повраќање...
    Јас веќе трезна,сега го држев него додека повраќа.... :|
    Не сакав да одам а излезе најдобра вечер,само без повраќањето се разбира... :rofl:
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Уф леле, во средно многу пиев, секој викенд...и многу вакви “незаборавни„ пијанства ги имало.
    Е сега, на многу ен се сеќавам зошто имав црни дупки сабајлето... Ама едно памтам како вчера.


    Се собравме кај мене, најблиските, рокнавме музика до даска и се фрливме на пиење. Добри залихи имавме, така да гарантирано ни беше добар провод. :angel:
    И пиевме ние, пиевме...и пеевме, и пак пиевме...се превртевме. Се упативме накај парк, такви никакви, јас сепак со тазе фризурка и мислиш по небото газев :D Седевме во дискотека, уште пиевме...мислам дека од тие шутерите почнав да гледам зелени пеперутки околу мене, мајмуни, слонови и што све не. Ама ги џапавме на екс!!!! Едно, две, три....пет...и веќе не знаев ништо.
    И.... :wasntme:
    Наместо да си тргнеме дома останавме во парк. Беше лето, многу убаво топло лето.... Седевме во тревата, и од никаде се сеќавам дека дојде мојата тогашна љубов :$ Стварно не знам како дојде таму, ама браво за него, ми ја направи незаборавна вечерта.
    И , така пијани и млади, пеевме песни, и се ваљавме во трева... Почнаа луѓе да одат на работа, дојде утро. Почна да се размрдува градот, а ние трчавме по Илинденска како Скопје да е наше. Пеевме на цел глас, и се надевавме дека ќе наиде некое такси.


    Следното утро како да не бев јас. Седум туша , три кафиња, лимонада и самиот Господ не можеа да ме повратат во нормала. Околу 6 часот поплане веќе се стабилизирав и ја отворив ташната да видам нешто да не сум изгубила.
    Фалеа пари(нормално) |( , клуч од дома, сјај за уста....И среќа апаратот беше тука. И кога го пуптив не можев да се соземам. Имавме направено десетина клипови како се глупираме и пееме.
    Моментите беа нешто хистерично смешно, ама мило ми е што сум снимала, зошто инаку никогаш немаше да знам што всушност се случува кога моето друштво решава да пие :tmi:



    Ех...убави спомени. Уште се насмевнувам кога ќе ми текне.
     
    На BojanaLegija, TaMaRa80, Buttterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Па има повеќе интересни случки :lol: Ете сега една ќе споделам што ми останала во сеќавање.Со другарка ми си останавме сами за први мај и од пуста досада...си седнавме кај неа дома сама беше и за прв пат отворивме узо да пиеме.И незнам со си мислев јас,ама почнав ко вода си го го пијам со салата марула за да не ми лути мн и мавнав 8 чаши а мене од сите врсти пијалоци освен пиво од 2 чаши ме факја :lol:Ништо не осеќав дека бевме оптегнати ама кога станав од каучот кога ми се пресекое нозете,не бев свесна за себеси :) страв ме фати,па си отидов во вц да повратам па сум влегла под туш саат време и другарка ми се извадила од памет и ми влезе во вц да ме извади од када и да ме подзабрише :lol: греота.Си отидов дома си легнам и ко бебе заспав-КАМЕН чудно како ништо не ми беше после спиењето топ се осеќав освежена :) ама до ден денес кога ќе мирисна узо бљааакк ми се повраќа :puke: Мн јак провод за први мај :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Па можам доста опширно да пишувам на темава зошто сум имала неколку такви испади. Од некои и ден-денес ми е незгодно, а пак некои ми се сеуште смешни :) Ај ќе издвојам едно пијанство што се случи пред 5-6 можеби и повеќе месеци и ми е уште свежо сеќавањето на него. Значи, најмногу сум се начукувала кога ќе излезам на "една пијачка" или на кафе :D И овој пат така се случи. Излегов да се видам со мојата најдобра другарка (демек) на една пијачка. Беше слободна од работа вечерта и отидовме во кафичот кај што работи нејзиниот дечко. Ние не мислевме да пиеме којзнае колку, ама начекавме промоција на некоја си воткааа. И ај, како да не пиеш??? :D И така си почнавме со промотивната вотка, па дечко и почна да ни прави некои коктелчиња волшебни. После тоа отидовме во еден бар во кој обично одат луѓе кај 2-3 саат, а ние се нацртавме од 12. Испивме не знам колку Б-52-ки и во 1 саат бевме фаза на пијанство -СУПЕРМЕН- Јас, другарка ми и дечко и'. Веќе почна да се полни баров, луѓе да влегуваат, а ние тројцава испружени на маса, абе жал да те фати. Требаше оттаму да одам кај дечко ми. И ај се решив некако да се одлепам од масата и да се пикнам во првото такси. Значи, сама на Партизанска, луѓе 1 000 000, и јас со моите осмици. Се пикнав во таксито и да ме нема. Кога ме виде дечко мииииии... Леле леле! Не знам што сум му зборувала, ама знам дека сабајлето кога се разбудив не можев да го погледнам во очи од срам. А вечерта другарка ми носела апарат и сме правеле фотосесија на сред кафич. Сабајлето кога станала се чудела од кај се сликите. HANG OVER :drunk: Значи никој од нас тројца не знае што се' се случувало. Butterfly efect :rofl:
     
    На BojanaLegija и Buttterfly им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    :$
    Немам повраќано од пијанство и многу се гордеам на себе.

    Едно од најнезаборавните пијанства ми е журката во една невладина организација.
    На тераса беше значи, со бенд, многу отмено, пиење какво што ти душа сака.
    Јас уште земав и другарка и така дотерани и намирисани се упативме.
    Џапнавме една, па две, па три пијачки... не знам колку се сторија, ама отидовме да мочкаме.
    А тоа дека во стан, значи купатило со када и сите нормални елементи.
    Другарка ми инсистираше да види што има позади завесата во кадата.
    Ја отвори, а таму средства за чистење, џогер, метли...
    - Еееееееј, види, имаат од овој новиот доместос. Баш сакам да го пробам.

    И таква, во фустанче, ја попрска кадата со доместосот, уклучи туш и зема да риба :rofl:
    Будала.

    Некако се смиривме и ајде излеговме, ќе си одиме.
    На излегување , во ходникот имаа многу убави врамени слики.
    Не знам кој ѓавол ме запоседна, ама една ужасно ме бендиса, ја откачив и си ја ставив под мишка.
    Сабајлето се разбудив, до мене украдена слика, а јас мамурна, ем насмеана.

    ***
    Во една друга прилика, шетајќи низ паркинг забележав регистрација 666 и бев убедена дека треба да си ја земам за дома.
    Ја откачив, ама другарите ме разубедија дека скапо се плаќа украдена или изгубена регистрација. :(
    Па ми падна жал и така пијана ја оставив до колата, а задното стакло му беше немиено и напишав со прст: ИЗВИНИ.
    ***
    Стандардна рутина ми стана да се враќам кога сум многу пијана боса и со штиклите во рака.
    ***
    Последното големо пијанство ми беше на Виноскоп.
    Тогаш трчав и пеев низ ГТЦ, и со креон за очи напишав на еден постер под името на една дотична пејачка - ЦИЦКА!

    Има уште, ама засега нека се овие. :D
     
    На elvittta, mileystar, BojanaLegija и 31 други им се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    незнам дали е казна или не али никогаш не ми случило да не памтам што се случувало кога пијам.


    бевме на двонеделно патување во европа и се погоди за 18 ми роденден да бидиме во еден голем европски град па во еден кафиќ со другарките пиевме нели 18 мора да се прослави, и дрво се напраиивме и назад во хотелот се собравме во една соба и таму на прозор седев )како не паднав незнам и јас , си ги соблеков чевлите негде низ спратот и го видов дечкото што ми се допаѓаше го фатив за рака и лапање цела вечер :D а утредента си ги барав чевлите по собите незнаев каде сум ги оставила срамови...

    и уште една случка во периодот на учење и спремање испити ми пукна филмот и излегов сама во милионски град али во барот кај што си ги имав моите и кога ме видоа испадната сама јас, убаво ме опијанија и ја направив најголемата грешка во мојот живот ама свесно и не се каам бидејќи беше и почеток на нешто многу убаво еден возбудлив период кој никогаш нема да го заборавам. многу ме кошташе таа вечер но секоја девојка треба да го искуси тоа за да си го чува во срцето и да се насмевнува... некои грешки треба да се направат :P
     
    На Bitter-Sweet и Buttterfly им се допаѓа ова.
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    :D :D :D Ме насмеа темава...

    Па сум имала многу незаборавни пијанства, ама еве ова ќе го раскажам.
    Излеговме со другарките и како по обичај не можевме да се погодиме на кое место ќе одиме. Тогаш еда другарка рече абе имам водка јас ај прво негде в парк да одиме па потоа во некое кафуле. И ај ние ќе одиме в парк, а надвор камен ладно. И Пијаме, се тресиме, пијаме, се тресиме и..... зелки.

    После тоа знам дека заминавме на рок- свирка некоја и единствено од таму се сеќавам дека ги загинав другарките и останав со едни колешки од факултет.. Игравме, се смеевме... И заврши журкава. Мене ми текна кај да одам сега ми ги нема другарките. Ми текна дека можеби се заминати во едно друго кафуле, таму обично кисниме.

    И ропам, ропам со тоа штиклите низ центар сама ко споулаена, се шантрам лево десно и се бувнав во тоа кафулето. Ја гледам другарка ми, бетар од мене напраена. И го затворија кафичов а ние седнати надвор и се дериме ли се дериме. Уште не можам да се сетам што ли беше тоа толку што се расправавме.

    Требаше да си одиме со еден другар и тој се запна ај в казино две секунди само да најдел некој па ќе си одиме. Влегуваме ние внатре и застануваме со другарка ми на средина и и викам јас добро што работиме овде дај да си одиме. Седи бе ми вика да се стоплиме... Поседивме пет минути и да не нема.

    Го собравме другарот и знам дека пешки си одевме и по пат со некои цвеќиња се тепавме ама не знам од кај ги најдовме, другарка ми потоа ми рече од некоја бавча сме ги кинеле, затоа што сме сметале дека нема дома да не примат, па ај ко Жика на Дара ќе му носиме цвеќиња.

    Одвај си појдовме дома, знам само дека се шлакнав на кревет и кома. :rock: :rock:
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ау, па едно да било! Со оваа долгогодишна пракса неможе да остане на едно :) :$ Мал вовед: обично многу издржувам, ама не смеам да мешам - а почнам да мешам алкохол, отидов! Водка&мартини убиствена комбинација! Џемс Бонд - сам себе го убиел.

    Еднаш се сеќавам отидовме со другарка на кафе! Ама сериозно на кафе. Тогаш беше во тек утакмицата Македонија - Холандија. Заседнавме во едно кафуле и нормално следевме фудбал. Кафе не нарачав, ниту јас, ниту пак другарката. И така после неколку весели пијачки, ни се јави другарот кој доаѓаше директно од стадион, дека ќе ни се придружи. Другарот исто не пиел кафе претходно, очигледно, или кофеинот предизвикува по ново толку весело расположение кај луѓето, не знам :?: Дојде облечен како за утакмица, црвено - жолти бои, 3 знамиња, и секакви помагала за правење бука на стадион. Цело време трубеше во кафичот, не оглуве, ама на нас се помалку ни беше тоа битно. После многу пијачки кафулето се затвори, и ние се преместивме во клубот. Демек ај на по уште една. Ахам, важи! Веќе тука бевме пивнати во моментот на симнување. Сите дознаа дека се симнуваме во клубот затоа што како поинаку? - другарот повторно не најави со трубење и урлање. Пиевме, игравме, пиевме, игравме, трубевме, Македонија еее оооо и кога одеднаш ево ти га маестро Пандев. На таа многу весела состојба, ме натераа другарот и другарката да се протуркаме низ целата гужва и запотени батки и да одеме до кај Пандев за да се сликаме со него. Нејсе, едвај ме натераа - бидна и тоа. Моите другари се запија со него, му правеа муабет за фудбалот колку бил добар, и колку е тој извонреден....не знам, се изгубив. Се изгубивме сите. Само знам дека на идење од клубот успеавме бесконечно долго да се влечкаме накај Рамстор. Којзнае колку луѓе сме разбудиле со нашиот пијан патриотизам. На другарката и се јави мајка и во ниедно време, другар ми мислејќи дека е тоа некој дечко почна да и пее на слушалка - Хитно ми требаш ти, а којзнае каде си..., чинам последната песна која ја пуштија во клубот на заминување. Успеавме да изедеме безброј многу симитки во Фурна. Успеавме да се одвлечкаме до старо маало и да мочкаме сите под балкон, како во старо време. Успеавме да се качиме на Кале и да си ја отпееме химната. Наредниот ден другарите ме пцуеја мене - јас не бев на работа, тие да! Јас ги пцуев нив зошто ме будат. Сите го пцуевме кафето, кое кобајаги тргнавме претходниот ден да го пиеме :)

    ***Едит ми текна на уште едно пијанство. Во многу весела состојба, ама ептен весела, му отидов на Јовица Михајловски и му велам.
    Добра вечер, јас пораснав на вашите емисии.
    Тој ме гледа и ми вели, - епа бајаги си пораснала, а на кои емисии душо?
    И јас му имитирам со рацете (демек запчињата од Бушава Азбука, ви текнува) и му велам
    - Куче што лае....не каса! :tmi:
     
    На elvittta, душленце, mileystar и 19 други им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    На Divinebutterfly и 2468 им се допаѓа ова.
  19. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ауууууу!

    Јас како најрекламиран алкохоличар и шанкољубиец немам коментирано на темава :D :D :D

    Ц ц ц ц ц ! ! ! За срамота Бокичке, засрами се :$

    Моето незаборавно пијанство ми беше во далечната .... кога бев III година средно.

    Јас и моите прекрасни женички, како и секој викенд си се дотеравме, си се собравме кај една од нас, си го отворивме Водчето, си го помешавме со сокче од портокал и почнавме да си се налеваме. Една чашка, друга, трета, петта, десетта и Боки веќе не можеше да оди...

    Арно ама пусто диско, нас само не чекало, па морало да се упатиме натака, џанам симпатиите таму биле, а ние сме морале да им се фрцкаме и да им глумиме јаки цури недостижни (дечурлаана :lol: ). Не знам како стигнавме, знам само дека се најдов во преполно и презачадено диско (аххх, колку ми недостига мирисот на зачадено диско) и пред мене се беше исправил ТОЈ (мојата тогашна симпатија).

    Јас глумам лудило, нешто здраво му правам, а пустата ми се плетка јазикот! И најсмешно од се беше кога ТОЈ ми рече: „Ај да излеземе малку надвор“, а јас пустата изгорена од желба да излезам надвор со него, ама срце јуначко не попушта и му викам „Јас со тебе надвор? Ма нема шанси“ (можете да замислите како сум го кажала ова) и тргнувам да си одам го вртам грбот и одеднаш ми се фаќа штиклата за скаличката (штикли што е најтрагично тој викенд прв пат облеков во мојот живот) и почнувам да паѓам и го повлекувам и него и двајцата на земја!

    Леле луѓе, во момент сум се отрезнила! Колку ми беше срам! Тој ме гледа, ме дига, јас не можам да го погледнам од срам! Ужас... Станав си се упатив кон влезот, другаркиве позади мене трчкаат и излагаме надвор и почнуваме да паѓаме од смеење! Вратариве не можеа да ни се изначудат...

    Аххххх! Деца, што убаво ни беше! Каква глупост и да направевме ни се простуваше...

    Е сега пијанството е многу поинакво! Мислам нормално си искачам и си пијам, ама нели така де посериозно, да ме личи на годините ;)

    Инаку тогашната симпатија не ми стана дечко, ама не заради случкава напротив уште толку почна да ме напнува секој ден да се видиме, ама мене од пусти срам почна да ми станува одбивен!

    Пусто дете ни криво ни должно...
     
    На BojanaLegija, Bitter-Sweet, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Не е за фалење темава, ама ај да се посмееме :D . Сега си ја знам мерката и знам кога да прекинам, ама за да стигнам до тоа имав неколку испади. Сепак врхунац во мојата алкохолна кариера беше кога исчистив прва година на факс и нормално како многу значаен настан требаше да се прослави. Со другарка ми си купивме двете по едно шише вотка 750мл. Ги викнавме дечко ми братучед еден нејзин кај мене во станот. Бидејки мажјациве каснеа, ние решивме да си ја почниме журката порано. Ги отворивме 2те вотки, во чаши за нескафе до горе, чиста вотка. Тоа беше кај 8.30 вечерта, следно што се сеќавам звонеше некој на врата кај 10 сатот, некој си дечко со портокалево капче ( дечко ми, немав појма кој е), памтам дека се расправав во вц и дека еден период страшно многу ми студеше. Почнав да се освестувам кај 7 сабајле, лежев на кревет а дечко ми ме имаше гушнато одназад и на секој две минути ме прашваше дали спијам и намерно ме држеше будна. Се осеќав дека ме има воз стапнато. Другиот ден научив дека кога дошол дечко ми во 10 вечерта јас веќе сум го испила цело шише вотка. Сум се онесвестила 2-3 пати, сакале да ме носат на токсикологија, ама сум праела проблеми сите биле несалам јас не сум била за таму, другарка ми ми врзала шамар, битно сум кажвала ко ке ми се лошело не повраќав низ куќа, а и после 2-3 пати немав ни што да повраќам. Ден денес немам појма што правев таа вечер, битно наредните недела дена не можев ништо да јадам, дури вода што ќе се напиев повраќав. Одвај се опоравив. Сепак добра лекција ми беше, 3-4 месеци после тоа немав помирисано алкохол. Од тогаш наваму можам да се пофалам дека се немам испијането, онака гледам дека ме подфаќа по малце и си прекинвам или вметнувам 1-2 сокчиња измеѓу.
     
    На BojanaLegija и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.