Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Моето незаборавно пијанство, беше во декември ко се скарав со овај мојов :D
    Летва бре луѓе, не знам како го погодив клучот од вратата :D , пијем да га заборавим беше работата, али очигледно не ми успеа :D
    Манав 10 чаши бунарче, две ракии и толку беше за да ме фати и да не знам кај терам, и да играм ко будала оро низ кафаната, и сеуште незнам како со другарка ми ојдовме до такси. :D
    Ехх младост- лудост :D :D
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    ^ Значи стварно се чудам како сум можела во втора и трета година средно да пијам толку многу (под многу мислам на колку тебе ете 10ина чаши бунар и +- уште некое полуалкохолно напивче). Сум пиела, дури и не сум се опијанувала некогаш. :) А сега друга е приказната - од една чаша се расположувам, 2 поцрвенувам и 3 веќе на бапка (нема плачки и драми како порано, само дирек на спиење). Можи пак тоа е дека од бело на црвено вино сум префрлена.. :P
     
  3. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Ги има премногу, ми поминуваат или во смеа или во солзи или во кавги. најнезаборавно ми е „Danza Koduro“ пијанството, и мноооогу други хахахахаха :D :D и секако следниот ден после пијанство иде реченицата „никогаш повеќе нема да пијам“ ...демек :wasntme: :?: :rofl: :rofl:
     
  4. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    На роденденот на другарками, пред една година,прво и последно хахахахахаха. Вотка вотка вотка иииииииии после падни стани низ куќата, па торта кога ми дадоа да јадам коа ме фати една смеа и земав со лажицата фрлав торта низ куќата, врз гостите, на ѕидовите, абе лом. И после седнав на еден стол и плачев, па земав со една огромна лажица по глава се мавав, па се смеев, па плачев, уште си го чувам клипчето во пц во едно заклучено фолдерче. хихихихии кога ќе ми текне лелеее до дома како ме влечкаа, и после тоа си реков е нема веќе пиење за мене, и еве помина една година, оваа година јас неа ја трезнев заедно со дечко и :) ама на нова година сепак бунарчето не ми избега
     
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    :D Ххахахха подобро ќе биде да не зборувам за моето незаборавно пијанство.Со него бевме скарани и при крајот на забавата двајцата плачевме на глас како мали деца пред цел кафич,и им ја растуривме забавата зошто направивме голем скандал аххахахаххах. :D
    А на последното пијанство си ги скршив штиклите (а колку ми беа убави),плачев ,го обвинував него о го мавав со нив хахаха. :D
    По се изгледа секое поголемо пијанство ми завршува со плачење. :lol:
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    Моето второ незаборавно пијанство, после тоа со абсинтот ми беше овој петоков што помина.
    Јас, моја најдобра другарка, нејзина најдобра другарка, и на другаркава на другарка ми- другарка од клас. Е ај сеа. :D А последново девојче не го ни знаев. Јас уште пред да излеземе ги известив дека идеме во Њу Ејџ и дека ќе пиеме абсинт, значи со однапред спремен план за пијанчење. :D И ај добро отидовме ама немаше абсинт па келнеркава ни кажа да сме земале камикази шатови и јас знаев дека тоа е нешто као коктелче ама немав пробано до сега. И земавме една тура, ама едното девојче не пиеше а јас, другарка ми и тоа девојчето од клас на другарката на другарка ми :D , абе лом се направивме. Језда не беше оригинал камикази, беше зелено-жут а требало да биде плав ама нема врска.

    Од првата тура ништо не ни бидна и викаме ајт уште една тура. Е од таа незнам веќе патос се направивме. Јас мислам дека испив негдека од 12-15 чаши. Битно јас и другарка ми највише пиевме. И кај да идеме, ајде накај плоштад. Незнам зашто ама многу долго ми се виде идењето до таму, брееј. А другаркава на другарка ми (таа што не пиеше, т.е пиеше ама само една сечена водка) нешто фати да се смее, а мене само толку ми требаше па не знаете како сум фатила да се кезам ама за ништо онака. А овие позади нас се изгубија негде друшкиве, па се баравме после. :rofl: А кога бевме во Њу Ејџ помина еден дечко и онаква му се дерам дечкооо, ти диџеј си? И овој као може да бидам, и јас онаква одлучна епа ондак пушти ми Скази! И фатив да се расправам Скази па Скази, транс па транс. И овој абе девојче слушаш ли ти, немаме Скази а трансот е покасно! И јас абееее Сказии, ме слушаш ли ти мене? :rofl: Накрај виде не виде, си отиде дечково. И кога се враќавме од кафичот јас онаква ги земав сите мобилни на другаркиве и си пуштив Скази и таква фатив да ја пејам Хит н ран, а уствари незнаев ни што пеам, мрмљав нешто се дерев. И така пеев до кај плоштад, накрај исклучив и викам ај да пееме нешто од Аца Лукас, а до пред тоа сите се смееја онакви а сеа сите ко мртви ми викаат каков Аца Лукас ма што ти е на тебе, и јас видов не видов-фатив сама да си пејам напред назад немам гдеее, лична карта празна је :rofl:

    Па после бев на работ да заплачам, онаква сум ја фатила под рака другарката на мојава другарка и и викам леле неможам веќе, многу го сакам, он ќе биде мој ме слушаш ли ти мене? И онаква ми вика кој ма, Стефан? Јас кој Стефан бе, сељак тој ваков онаков, све му изнаредив таму ,он мене ме остави вака-така.. И после ми вика епа ако си му дала нешто што не треба.. И јас се вртам кај другарка ми, фатив да ја мавам и и се дерам кучко еднааа, што си и кажала? Зашто си и кажала? Оваа па ми се смее, ми вика мори ама си глупа сама си се издаваш. Па фатив да се правдам жими се му немам дадено, што стварно му немам де, ама под ова нешто друго мислевме..

    Конечно стигнавме на плоштад и јас од чиста мира си седнав доле и фатив да се дерам, мноогу го сакам он мој ќе биде, највише го сакам, најубав е.. па после коа дозна девојчево што ја замарав за кој зборам коса и се крена, зашто е торбеш и комшија и е, го знае каков е што е. И такви ме креваат трите да станам јас не бре брате уште повише се дерам , уште им викам па вие мене толку пијана ме сметате да не можам да станам? Пих! Девојчево па се напна ми објаснува, не е он за тебе, ваков е таков е, сите го имаат тепано и јас е ако де што ако, од ќутек се расте ами како! :rofl: Викам не ми е гајле ќе го мувам јас него, и после се јавувам на едно девојче што е другарка на дотичниов и фатив да и викам јас го сакам многу, да ми го местиш, одма да ми го донесеш сега, он ќе биде мој леле леле..

    После на плоштад сретнавме едни дечки, па ни кажаа демек биле од Кичево студенти биле, живееле во Црниче и мене едниот така помлад прва факс рече дека е, бреј ми се засвиѓа. И таква му викам дечкоо, како се викаш? А другаркава нешто го замара, кај живееш во Кичево, имам јас тетка таму да не ја знаеш и овој таков бледо ја гледа и јас онаква ..абе не го замарај дечкото ,оваа продужува јас абе не го замарај мори и овој абе остај ја, не ме замара. Али не ми кажуваше како се вика и ми рече нешто као ако дојдеше сама ќе ти кажев и јас ма немоој? Мене па ми текна дека благо ми се јаде, а 30 денари ги оставив на свирачот од ГТЦ демек ми тежеле хахаха, а 10ки беа.. И ај јаднава моја другарка да ми купи благо, јас незнам ни трафика кај има идам накај ГТЦ, оваа ме влече, па коа фатив цела продавница ја земав, викам ќе си зеам од ова, ова ова.. Продавачкава ваква ме гледа :o и другаркава засрамена цела, вика ќе ти купам едно, и ај земав Сириус па да се враќаме кај дечкиве, и овие се вратија и еднава ми вика заеби работа, албанци се.. јас што бе албанци? Па вика се приметуваат нешто ова-она, а другаркава една им зборела нешто леле тие шиптари да умрат, џамиите ќе им ги запалам а овие само се смешкале.. Не сакам некој да се навреди, само кажувам што зборела другаркава..

    После не се дешаваше нешто посебно освен што си шмекавме типци низ град а другаркава најдобра им се дереше демек ги знаела, и на сите им викаше уу дечко многу си убав, дај да се запознаеме! Па имаше едни дечки друштво поголемо и такви сме застанале сите околу нив и овие еден поглед кога ни мавнаа а ние онакви абе чекаме само во ред да се запознаеме. :rofl:
    Накрај не зема брат ми со кола, па слушавме некои шабанерии што вака не ги поднесувам ,абе до даска рокнато тоа па пеевме иако не го знаевме текстот, плескавме со раце ко ментални, па поминавме од кај гробишта, накрај дојдов дома утепана целата и мајка ми упорна што пиеше, па што пиеше, јас ништо ма мамо кафе, аман веќе! А колку се приметуваше дека сум мортус, ама ај!
    Епаа, тоа беше моето второ незаборавно пијанство. 8)
     
    На mysterious и CIA им се допаѓа ова.
  7. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    уфф ,,никогаш не се заборава такво паѓање во грмушките , :!: не јас ,и јас бев али среќа мм беше со мене па се крепев на него,пошто тој не пие :lol: али овие две другарки и тоа како паднаа врз грмушки,и поголем проблем што едната другарка идната вечер правеше веридба ,па сега мислете каква беше :rofl:
     
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Незаборавно пијано искуство.. ухх, кај да почне чоек, не е само едно :D ама едно од нај незаборавното пијано искуство е ко се начукав на 31 март на концерт на Дивлје Јагоде во валандово. Влагам у дискотека и другарот ме прашува шо ќе се напијам од него нели.. и ја му викам 3 текили (пази , една пијачка да не части јас три му викам) ..али несвесно тоа пошто коа порачувам сама не зеам по една него по 3. Потоа отидов се обесив на шанк и си зедов уште 3. И чекајќи ги Јагодите :D да искачат на сцена отидов по уште пијачки. зедов 6 и ги испив на шанк, се сеќавам пак порачав уште 3 и на шакерот му викам дај ми лимон.И пошто гужва тој ми го дава садот за да се послужам сама со лимони ја му го зимам и одам на масата си го оставам..И сите вака у мене :o . Потоа расположена ,играм кршам и таман почна музиката тргнав надвор на воздух демек а другар ми доаѓа по мене дека не сум можела сама во таква состојба , и ја му викам тргни се можам и сама (се закопав таму пред куп народ) , и само шо го кажав тоа паднав се здробив. И станувам ко ништо да не било ,одам позади дискотека да оставам црева а никој да не ме види..Исклучена ептен во меѓувреме слушнав една од омилените песни ,и само ради таа песна отидов на концерт али неспособна да станам и да влезам пак во дискотека си останав таму кај што бев, и коа приметило друштвото дека ме нема тргнале во потрага па ме најдоа , потоа скрос се исклучив и коа се разбудив бев дома и добив тровање.Ете така.. и од тогаш , пијам али со мера :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.443
    Пол:
    Женски
    Срамота е ова да го пишувам ама ајде.. Пред неколку години на другарка ми и беше роденден и испив повеке одколку што требаше. отидовме во дискотека пиев текили како луда и кома, сум ги соблекла стиклите боса... таа вечер хаос за памтење нема да ја зборавам. утредента станувам толку ми беше лошо ке умрев и бев во болница инекции...после 3 дена почнав да реагирам нормално.. бруки... веке пиење не :) ( до толку ) :)
     
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.443
    Пол:
    Женски
    Исто така и уште едно имам такво пијанство... помешав све што можеше да се помеша, вино, вотка, текила, пиво и некако кога и да се опијам имам навика боса да се соблекувам и да пишувам кај што не треба пораки, таа вечер си го изгубив каишот и обетките , згазнав на срчи нозете лом, и стражарот во домот ме качуваше по скалите бидејки неможев да се качам, ми ја отклучи вратата легнав, кога станав утреента, има што да видиш... искуства :)
     
  11. sophi.e

    sophi.e Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред неколку месеци, се собравме друштво и ќе пиеме текила. Инаку јас љубам алкохол, ама тогаш текила прв пат пробав.. Почнавме, чашка, една, две... и понатака не знам колку станаа. Многу. Знам само дека следното беше јас и една тогаш сеуште познаничка, а сега другарка, стоевме пред собата и си ги споделувавме сексуалните искуства. Во меѓувреме дојде друга другарка да ме собира, требаше да идеме накај Маракана, а јас на трета сум и рекла да ја занимава вторава, дур јас со првата си го допраиме муабетот. На крај, отидовме накај Маракана шо отидовме, таму... ова не памтам, другарка ми ми раскажуваше. прво сум наздравувала со некој член на бендот шо свири, после тоа сум им седнала на маса на бендов и сум си праела муабет, па сум се јавувала на бившиот.. и на крајот кога сум се подопраила, цело време сум ја штипела другарка ми, и сум викала леле каков резил, брука невидена сум. Али добро, лудост младост :D
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.074
    Знам дека сум мала, ама коа си со машки поголеми (2-3 години) на одмор, ни родители, ни ништо, едноставно те влече. Бевме у Дојран и на Скала бич прво пиев швепс, па после сечена водка, па земав узо, па купивме вино и колку ми треба мене, по 2-3 чаши од водката и виното и готово. Не се сеќавам, сум се запознала со некои дечки од Дојран, утредента на плажа идеме и ми викаат Памела шо праиш, нели добра си ова-она, а ја викам кои се овие и другарка ми ми кажуваше.


    - Прво пијанство.
     
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ех, да беше едно убаво ќе беше.. Скоро на секое пијанство правам глупости и има многу дешавки. Но додека бев во средното, е таму беа правите дешавки.

    Нема никогаш да ја заборавам оваа вечер. Петок беше. И јас имав од оние државните телефони, што им ги даваат на државни функционери ( татко ми е еден од нив ) да ги користат на одредено време. И обично кога ќе им дадат така татко ми ми го дава или мене или на сестра ми. И тој кобен петок, таман пред излевање и ми вика:
    - Тате, телефонот да ми го вратиш утре, попис ќе имаме да го однесам само и пак ќе ти го вратам.
    ( Јас ) : - Е добро де, шо ми кажуваш, демек ќе го изгубам јас. ( А си ја знае ќерката, знае дека има изгубено десет телефони во пијано стање и затоа ми кажува )
    - Не знам ја таму, јас да ти кажам.

    И добро. Излеваме екипа, одиме кај нас во дискотека, зимно време беше. И јас не знаев дека имало текила на метро таа вечер. Носе келнерот едно метро, носе уште едно, носе потоа коњак, носе уште шток, па уште еден ( тогаш многу го возев штокот ) и јас се направив пуфка. И така нели пуфка мене одма ме избива на љубов и се мислам кого да го лапам вечерваа .. И другар на дечкото што ми се свиѓаше баш тогаш ми пишува порака ''ние сме таму и таму, дојди''. Ахам, ако можам.

    Не паметам како излегов од едната дискотека, па како поминав преку чаршија и да стигнам во оваа другата. И прво, правец во вецето. А едни скали какви ги имаше оваа, абе ни ограда, ни бутур. И се качувам јас горе, и се навалувам на ѕидот пред вратата на вецето и мислам. За глобалното затоплување. Ама ми се повраќа, ми се плаче. И една девојка ме прашува, добро ли ти е? И јас и викам не, нели е очигледно?! И ми вика ај оди пред мене у вц. Е баш ти фала. :D

    Али пустото, кога има каде да повраќаш никогаш не доаѓа. И си излегов јас таква цела и сега иде потешкиот дел. Треба да ги симнам скалите. Е тука е веќе интересно.

    Како ги симнувам, многу нормално дека паднав, али во рацете на обезбедувањето. Си го гушнав обезбедувањето, таква цела насмеана. И колку влевам внатре и се правам како ништо да не било, а оно сите што седеле на шанкот ме виделе и се газат од смеа. И јас го барам овој другар ми, неможам да го најдам и си викам што го ебам, јас си одам дома, ова вака не бива.

    И излегов некако од дискотева, кој знае како, кога ќе слушнам некој ми вика од некаде, се дере по мене. Кога ќе се завртам најдобрата другарка и она направена пуфка и се дериме и двете една кон друга, како будали, на сред чаршија :D

    И муабетот за телефонот. Како излегов од дискотеката, си бркам во ташната, и не го осеќам телефонот. И си мислам, ах што ми е гајле, ќе плати тато 10 илјади штета ( а толку беше казната, затоа што телефоните нешто биле кодирани или што ти знам, државна работа, битно казната толку беше ) и си одам по патот и сама си зборувам. И после некои десет секунди и застанувам и си мислам не бе бегај да се вратам, како ќе си одам вака дома. И таман се завртив и го гледам еден школски со кој до таа вечер црнките не сакавме да си ги видиме и ми вика: Кај тргна ти моме волку пијана?

    А јас одвај зборувам. ШШШШШШЕЕЕЕЕЕ ОООДДДАААМММ ТЕЛЕЕЕЕФФОООУУНООТТ НЕЕЕ ЗЗЗНННАААМММ КАЈЈЈ МИ ЕЕЕЕ...
    И ми вика тој, дај кажи број ќе се јавиме ќе прашаме. А па тој еден другар негов, ме дупи, ми вика ее срце се напи ли малце? Ааамм, малку повеќе.

    И овој школскиот, разбрал кај ми е телефонот и ми вика,ајде со мене и ме фаќа под мишка. И од тука поминуваме покрај чаршија, па го заебаваат:

    Крстеее, оваа ли ти е женската? Многу убаво одее.. ( А јас еден Господ знае како уште сум одела ) :D
    И овој па им враќа - каква си е таква си е, моја си е ахаххахахахха :D

    И се враќаме кај обезбедувањето што го гушнав јас пред малку. И јас му се дерам на уво: ДААА НЕ НАЈЈДЕЕЕ ЕДЕЕЕЕННН ТЕЛЕЕЕФОООНН ТУКААА САММСУНГГГ ( а самсунг ми беше поранешниот телефон, и тоа го сваќам у моментот и се поправам ) УСТВАРИИИИИ САЖЕЕЕММММММ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! А бе се дерам мислиш последно ми е. А оно додека јас се дерам, типот ме видел дека сум дроб и му го дал телефонот на школскиот и јас дури да сватам дека е завршена работава, се осамна.

    И сеа се враќаме надвор, сто пари паднав по тоа скалите, да не беше школскиот, мислам ќе скршев нога таму.

    И само паметам дека кога си дојдов дома, седнав на скалите повратив. И после у креветот повратив. И така. :D

    Најјакиот момент. Вечерта кога се дешаваше сето овоа, косата ми беше пеглана. И обично кога ми е косата пеглана, луѓето се дешава да не ме познаваат, затоа што природна ми е многу виткана. И сега излегувам наредна вечер, нели нормално си се избањал, и косата пак ми е природна. Поминувам покрај оваа дискотеката кај шо го гушнав обезбедувањето и типот само ми вика добровечер. И јас цела ваква :^) од кај ме знае овој и типот ми вика не пиј толку друг пат. :D Многу на љубов и на гушкање те избива. :D И јас му викам е од кај ме позна жити мајка, еее ми вика, како да не те познаам ѕвезда на вечерта беше. :D

    Цццц, мислам дека од тогаш многу поретко ми се случува да се брукам во јавност пијана, али ако ништо друго на внуците еден куп дешавки ќе им кажувам. :D
     
    На Gosh, ku4ence, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    После многу вино и вотка, обид да се моча.
    Им кажувам на другарите да ме почекаат, се тргнувам на страна, покрај патот, покрај некои високи треви, околу 2 часот наутро, значи светлината непостоечка.
    Ај уште малку, ај уште малку во тревата, замислете имам некаков срам во таа состојба.

    Спремам терен за мочање, шишето пиво го ставам во уста, го стискам со забите и во сред процес, паѓам во некаква провалија, ќор темница околу мене, јас целиот мокар и во позадина тешка смеа.

    Им требаше некое време да ме извлечат, моментот беше премногу добар за да го прекинат и веројатно се договарале кој да ме подигне, не бев за допирање баш.
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Редакт на пијанствата да си манам.
    Последно пијанство беше на куќна слава кај бабичка која прв пат ја гледав во животот.Јас у женско друштво расположено за пиење како резултат на нерасположеноста во реалниот живот.Се направивме дрва.Греота од жената и повратив во купатилото, во кујната во садот со компири во дневната до креветот, на масата, во спалната, во салонот и на крај во бавчата. дирек на домати И дојде време за ручек ние онака гопожи културно седнавме да ручаме, уште во обид на отменост и умешно да го скријам веќе одамна заприметливо пијанство се потпрев на масата и го тргнав чаршафот со се на него Не послужи со пристојна порција и пијалок - уште Другарка ми се навали заспа со увото брцнато во гравот а образите шлакнати во рибата.Се разбуди па плачеше со суратот во порцијата.Жената праша дали е бремена па дечко и ја оставил штом толку пати.А не ние бевме само зезнати од алкохолот и од животот љубовен.Сериозно почна да не теши и да ни објаснува за вистинските проблеми во животот со кои еден ден ќе се соочиме.А ние начукани кој плаче кој мези.Легнавме со другарка ми се гушнавме бидејќи ни беше ладно.Повратив уште еднаш.Другарка ми се згади и стана.Седна на масата, до старата поврати под масата а мачката го јадеше тоа одоздола.Лижеше кутрата како да немаше видено Во напад на смеа поврати уште еднаш.Паднав и како гојдо се стркалав по тепихот згнасен.Резили.Бабата не избрка надвор, се брукавме пред комшиите кои се собраа да гледаат сеир.И ги памтам последните зборови :
    како луѓе ве прибрав како животни ве испраќам
    .Мене ме собра мојот,другарка ми си ојде со градскиот, ја собрала косата палма стил седнала назад и го отворила чадорот.Заспала и се возела две кружни гратис.Многу испив, количински а и измешав и се срамам од ова.
    п.с. Во обид да го соберам повратеното од подот на кујната и скршив скапоцени чаши кои биле дел од сервисот подарок од нејзиниот починат маж.Многу се натажи и ми се развика.Ќе одам да ја посетам кога ќе најдам некои такви, воедно и ќе се извинам.Ама како што ми изгледа за скоро ќе биде...помина скоро година од тогаш А мачката почина од токсините на измешана риба,шток,жолта ракија,пиво и црвено вино домашно R.I.P
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Хаха и тоа за прв пат..на нова година..4-5 чаши пиво и 3 чаши шампајнско...ххх боже боже сум пиела и сум спиела 2-3 саати..ме покривале...ме легнале на кревет..бидејки сум заспала во кош на подот..хахахах :D :D :D :D :D :$ :$ :$
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Вчера, леле леле. :x :D
    Моите се на одмор, па другаркиве ми дојдоа на гости. Си седнав во када и зборев на телефон со тушот ко микрофон и одеднаш другарка ми ми пушти вода, утоп. Кога го свртев тушот накај неа, двете жива вода. Се затрчав по бањарката и сфатив дека во дневна имало истурено на земја вино, па си седнав да избришам, се ролав по паркет. Завесата ја откачивме сосе корниза (викаат дека сама сум ја откачила, ама лажат, сто посто и они биле :D ). Ми се мочкаше многу, па кога видов дека е зафатено се измочкав на тераса во леѓен. Уште одозгора на се`, сама и` ѕвонам на мајка ми во еден и и` викам: „Мамо, јас само ти се јавив за да ти посакам лека ноќ, чао.“ Ај па да не сфати. :fubar:
     
    На LittlePinky, crazylady, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Сношти :tmi: Преубаво си поминав со друштвото и со едни убај машки :wasntme:
    Мене од многу малце ме фака оти ретко пијам па уште во 11 си бев порасположена :tmi:
    Плус дечкко ми е на одмор, абе мора да се искористат ваквите шански кога сум сама. :D
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Од неколку повпечатливи, имам едно ептен незаборавно, или подобро кажано-со неколку дупки во меморијата. Инаку ова се случи пред некои три-четири месеци.
    Викенд како и сите други, не памтам добро дали беше петок или сабота вечер. Цел ден ми помина ужасно досадно и едвај чекав да излезам вечерта. На другаркиве не им се пиеше, ама јас инсистирав и бев жива среќна што успеав да ги убедам. Ај се договоривме некако, ама не ни се излегуваше по кафичи, и онака надвор врнеше истураше, па решивме да останеме кај една другарка што тој викенд беше сама.
    Добро се опремивме со секакви видови алкохоли, од пиво до коњак, од вино до вотка, и фештата можеше да започне. :rock:
    Си пуштивме музиче, се опуштивме и мене алкохолот почна невидено да ми лизга. Неможев да се запрам. :tmi: Почнав со коњак помешан со пиво, продолжив со сечена вотка. После третата чаша почнав да играм чочек качена на маса, си бев супер расположена, ама за жал не знаев за граница :lol: , а после 5-6 чаши мислам дека се ми беше во магла.
    Тогаш бевме тазе разделени со бившиот, и знаете како иде тоа, се скрив во вц и почнав да му вртам, му плачев по телефон :tmi: Среќа што ме најдоа, ми го земаа телефонот од раце и јас до крајот на вечерта веќе не го видов.
    Следно на што се сеќавам е дека отидов да се туширам, ама сосе облека. Си го пуштив тушот да ми тече одозгора и си застанав така, облечена и нашминкана. И пак плачев, додека другаркиве безуспешно пробуваа да ме извадат.
    Повратив неколку пати, меѓу кои на каучот, под тушот, и на крај на тераса. :tmi: И сама си исчистив, уште неотрезнета. После тоа филозофирав малку со другарките, како што правам скоро секогаш кога сум во алкохолизирана состојба.
    Откако се оправив малку, почна многу да ми се јаде, па со една од другарките отидов во Седмица да си купам хамбургер. Се најадов и си отидов дома, а сабајлето знам дека главата ми тежеше како олово, ушите ми зуеја и испив десетина чаши вода.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    60
    Идеме кај другарка ми демек на пижама парти.Ај кока кола ај фанта ај ова она ама на крај дојде до пиво.Ме натераа и пиј ај уше една ај уше една...Една ама пијана ДАСКА :D Дома не можев да си појдам ај по полека тато да не види ахаххахахах незаборавно е да :rofl: врв на пијанството 8)