1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ветувам дека...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од velesanka, 13 октомври 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Доста често знаеме да го искористиме зборот ветувам...
    На сите ни личи како да е едноставен збор, меѓутоа малку од нас знаат дека овој збор со себе носи тежина и обврска.
    Да се даде ветување е да се прифати обврска која мора да се почитува се додека не се постигне она што се сака...
    Зашто на некои луѓе им е толку тешко да исполнат дадено ветување?
    Дали е тоа поради нивниот слаб карактер, или пак е едноставно невнимателноста која ја поседуваат.
    Јас мислам дека е несериозноста и непочитувањето према оној на кој е дадено ветувањето.
    Колку луѓе пак во глобала ја сфаќаат моќта на зборот ВЕТУВАМ?
    Дали вие се вбројувате меѓу тие?
    Дали вие сметате дека постојат позитивни и негативни ветувања?
    Дали за позитивни ги сметате оние кои би влијаеле директно само на вас или пак сите кои придонесуваат добро за луѓето, а за негативни оние кои придонесуваат болка и тага?
    Па нели и негативното ветување е ветување и мора да се исполни?
    Нели и позитивното ветување е ветување кое не смееме да го заборавиме?
    Не треба да бидеме водени од тоа дали некоја работа е позитивна или негативна туку од помислата дека дадено ветување не треба да се прекршува. Дали вие со согласувате со ова?
     
    На BarbiG6 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mujer

    Mujer Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Еј, таман се пофалив дека го пишувам првиот пост, ми се избриша. Ако се појават двата, да знаете за што се работи. Јас сметам дека ветувањето говори за карактерот на личноста и кога ќе се даде дека треба да се одржи. Сакам луже со цврст став, а таквите си стојат на ветеното. Е, сега да не зборуваме за негативни ветувања, оти тука станува збор за закани.
     
  3. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Од сега па натаму, нема да очекувам ништо.
    Ќе го земам тоа што го добивам.
     
    На Mai-Shu-meng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    прво мила мислам дека ова е онака посериозна тема и дека не е за у кафе муабети ама нема врска :)

    а во врска со темата .... луѓето зборот Ветувам го користат и премногу несвесни за тоа какво значење има тој збор и кое е бедното чувство кога некој нема да го исполни тоа што го ветил па макар и да е ситница ... се вбројувам во оние што ретко викаат ветувам а кога ке го кажам тој збор и го исполнувам даденото ... така ме воспитале таква и сакам да сум ... не можам безцелно на некој да му ветам нешто ...

    ЕДИНствено лажно ветување што го кажувам секој ден е : Ветувам дека од утре почнувам со сериозно учење на материјалот по ред за да не ми се затрупа ... и нормално ова никогаш не е исполнето :rofl:

    Кога нема да исполнам некое ветување на себеси што сум си го дала се осеќам празно и безвредно ... и баш затоа ретко ветувам на другите нешто освен кога сигурно можам да го исполнам ... и претежно им викам ке пробам ама не ти ветувам ...

    До сега не сум ги делела ветувашата на позитинви и негативни ... нема ни врска ветување е ветување ...Даден збор од некого на некој дека нешто ке биде исполнето ... Ретко кој тоа го почитува и го исполнува ... Ветувам го користат на секој втор збор .

    е така се изнафилозофирав ама си го кажав моето мислење :rofl:
     
    На Harlow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    ветувам дека ќе си ја поправам оценката по социологија!
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Кога самата на себе нешто ќе си ветам не го исполнувам тоа секогаш, но коа на некој друг ќе му ветам нешто тоа е за мене нешто што несмеам да го прескокнам и нешто што мора да го исполнам, но затоа не ветувам работи кои неможам да ги исполнам. Не би сакала да ги разочарам луѓето, затоа и не простувам кога некој ќе ми вети нешто, а нема да го исполни... памтам :devil:

    Еве денеска сама на себе ќе си ветам дека нема повеќе да се замарам и да правам глупости од кои само јас ги сносам последиците и нервозите!
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Слаба точка ми е.
    Ако ветам нешто - МОРАМ (во буквална смисла) да го исполнам. Особено ако ветувам на некој друг. Е тоа е глупаво, што ветувањата кон самата себе не ги сметам за важни |(
    Ако не го исполнам ќе ме гризе совест три дена и ноќи, па на крај сепак ќе го исполнам. Затоа ВЕ МОЛАМ не барајте да ви ветувам, ми страда психава :D
    Ако некој не го исполни ветувањето кон мене многу се нервирам и се лутам. Па да, лутка сум. Знам често да се налутам и да бидам лута се‘ додека не ми се извини особата.
    И мразам празни ветувања, е често сум ги слушала, што е најтрагично од една иста особа. Приказна на која веќе и‘ го знам крајот.
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    не ветувам ништо затоа што знам дека нема да го исполнам ветувањето!!!
     
  9. marija56

    marija56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    2
    и јас исто :rofl: ретко можи да се случи да исполнам нештоо..незнам зошто е така
     
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Дека утре само малку ќе седам на компјутер. Ако ме видите вклучена повеќе од 1 час, карајте ме, бркајте ме. :D
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Навистина зборот “ветувам“ се користи, но не е важно само да ветиш, важно е дали ќе го испочитуваш тој твој збор и го исполниш ветеното.
    Кога ќе ветам нешто на некому се трудам да го исполнам тоа, затоа што си стојам на зборот и не би сакала ниту на празно да ветувам нити да ми ветуваат.
    Кога некој од блиските нешто ми вети(мама,тато) и ако тоа не го исполни многу се разочарувам, бидејќи не го почитува договорот, и не ме почитува мене, бидејќи сепак сум се надевала на ветеното,е сега и од после да го исполнат не е исто чувството кога ќе им префрлиш дека не си стојат на зборот и да те изненадат самите без да очекуваш дека во тој момент тие го испочитувале договорот.
    Зборот ветувам можеби некој и напразно го изговара, ама знам дека татко ми кога ќе каже ВЕТУВАМ, си стои на зборот и покасно или подоцна навистина го прави тоа што го ветил, кај него тоа што го рекол еднаш е закон и нема прекршување.
    Некои луѓе зборот ветувам го користат во одредена ситуација само за да придобијат нешто во сопствени цели, а после добиеното забораваат и дека го изговориле.
    Негативно ветување е она кое што си го ветил, а е штетно прво кон самиот себе, а потоа кон целата околина, не би требало јак човек со цврст карактер да дава вакво ветување,би можел во случај само да е огорчен од нешто или да направил некоја огромна грешка и во моментот му се чини дека нема излез па вика “Сега сите ќе ги убијам“,тоа е лоша постапка и во никој случај горенаведените ситуации не се оправдување за вакво ветување.Не би требало да помислиме на работи кои треба да ги направиме,а можат некому да му донесат болка и тага, не пак да ветиме такво нешто.
    Позитивното ветување секако дека е добро и не треба да се заборави, треба да знаеме да си ги исполниме ветувањата кон самите, а потоа и кон другите докажувајќи дека сме луѓе и дека цврсто си стоиме на зборот.
    Лично јас си ветив на самата себе дека никогаш нема да престанам да бидам ЈАС , ЈАС, ќе се потрудам, т.е ќе дадам се од себе да си го исполнам она ветеното односно она кое што сум го зацртала.
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ветувањето го сваќам како цврстина и одржаност на сопствениот збор,пред се како некое самопочитување.

    Искрено не се трудам никому да ветувам ништо,во оваа лудница од живот едноставно не знаеш каква прилика ќе те дочека,на каква сопка ќе налеташ и едноставно мораш да го погазиш сопствениот збор зашто некогаш едноставно идат такви ситуации...ама кога тоа ТИ ВЕТУВАМ ќе излезе од мојата уста ,веќе тргнува по патеката на реализација се додека не се исполни.

    Сакам тоа што ќе го кажам да биде факт а не ветар и магла!!! Можеби и затоа очекувам кога некој ќе ми вети да го исполни тоа,а не да се однесува како канти да тропале.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ветувам дека ќе бидам подобра личност и дека ќе се гордеат моите блиски со мене затоа што првите чекори кон тоа ги направив и затоа што знам дека тоа си го должам дури и на самата себе и затоа што сум храбра да издржам нови почетоци и предизвици ветувам....
     
  14. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    ветувам дека ќе му му играм стриптиз на дечко ми ! :$ :lol:
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Кога ке кажам ВЕТУВАМ,тогаш навистина е ветено :) и секогаш го исполнувам тоа.А ако во нешто не сум сигурна дека ке можам да го направам,воопшто не ветувам.Тоа важи за другите.А ако се работи за нешто што ке си го ветам самата на себе,не го исполнувам секогаш :$ Мислам дека секогаш е полесно да го исполниш она што си им го ветил на другите,него она на себе.Е сега ај да пробам да ветам нешто :D

    ОД ПОНЕДЕЛНИК КЕ БИДАМ НААААЈРЕДОВНА НА ФАКУЛТЕТ И НИЕДНО ПРЕДАВАЊЕ НЕМА ДА ИСПУШТАМ :)
     
  16. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Ветувам дека веќе нема да се впуштам во ризични авантури :wasntme:
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не ветувам ништо и не сакам да ми ветуваат :envy: ...Сфатив дека многу ретко кое ветување е исполнето од страна на било кого. :!:
     
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Ветувам дека нема да пушам повеќе :smoke: :smoke: :smoke:
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Добри 90% од моите ветувања кон самата себе останале само `ветени`, се мразам кога си ветувам работи кои потоа не ги практикувам, кога не се држам до т.н. правила , па решив веќе ништо да не ветувам па што е тоа е ...
     
  20. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Ветувам дека нема да бидам повеќе наивна каква што сум.
    Ветувам дека во иднина ќе бидам лоша и нема да дозволам никој да ме повреди.
    И залудно ветувам кога знам дека ништо од ова нема да биде по мое.
    ....
    Само си ветувам. :(