Во мое време сите се радуваа на Нова година и празниците кои што идат. Сите се спремаа како за слава. Ја нема таа еуфорија оваа година... Голема штета е тоа како ние самите полека-полека прекинуваме да се радуваме на ситниците, а самите тие прават целина.
ВО МОЕ ВРЕМЕ-си игравме крадци полицајци со брат ми.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-се криевме под маса.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-со другарките се сменвавме со детска пошта(п.с.една другарка еднаш ми ја украде ама си го доби и тоа многу-хахахахха) ВО МОЕ ВРЕМЕ-бев заљубена во еден Петар.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-си игравме докторки и улителки.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-многу сакав да се викам МАРГАРИТА па и така се претставував.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-не пропуштав да одам на КОЛЕДЕ.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-се лизгваме со санки и најлони.. ВО МОЕ ВРЕМЕ-за прв пат имав свое превозно средство тако звани точак и најновото откритие подоцна ролери..хахаха сакам да се врати тоа МОЕ ВРЕМЕ..А не ова во кое се чувствувам како да сум паднала од Марс...за жал ..тие убавини беа во мое време..ова се времиња на надлежни генерации!!!!
во мое време децата си играа на улица ластик,а сеа од компјутер и фејсбук глава не кренале,во мое време децата не знаеа што е пудра и штикли а ове сега од 12 год мислиш 30 ,и после педофили,имало
Во мое време се занимавав токму со вакви работи,детска пошта,салфетки... Истиве ги собирав и сеуште ги чувам
Во мое време немаше тие или оние, немаше машки или женски, немаше мали или големи - бевме ние и бевме деца Во мое време ги навиравме штиклите од мајките и колениците ни беа со модрици бидејќи сме паднале после обидот да заодиме Во мое време (ова малце поголеми ) организиравме драма: (некоја бајка принцот и принцезата и сл) и облекувавме фустани од мајките... Цело маало беше собрано и потоа родителите ни даваа награди за најдобра улога (50 денари беше максимумот) Во мое време се „шминкавме“ кога ќе отидевме кај постарата братучетка и ќе ја молевме да ни стави кармин Во мое време имињата на симпатиите ги пишувавме во една тетратка на која и стававме „клуч“ (дупнати дупчиња и конче) Во мое време фрлавме кеси полни со вода од балкон, и се частевме сладолед ако на некој ми паднеше на глава Во мое време (откако излегоја мобилните) цаарица беше ако имаше Nokia 33 10
Во МОЕ ВРЕМЕ собиравме детски пошти,салфетки,и на цела жештина на лето одевме да се смењаваме,игравме штркот бара боја,капетане капетане какво е морето,коцкана.ластик,правевме базенти на улица.се! и што е најважно бевме деца! а не сега како што прават децата седат дома на фб по сел ден и играат игри ама ништо нема позабавно од тие игри на улица не знаат што е детството.се би дала сега да сум пак дете ама нема
vo moe vreme izleduvav vo grad so 100 denari se vozev vo avtobus sverc se vrakav od junior zabava vo 11
Не дека јас сум престарена, ама во мое време или додека јас бев на 5, 6, 7, и повеќе години, јас трчав наулица, си играв , си правевме фестивали, претстави си игравме со барбики, а сега ништо од тоа децава седат дома пред комјутер играат некои глупави игри и имаат фејсбук уште на 6-7 години...страшно тоа е чиста пропаст!!!!
Во мое време игравме јаже, ластика, брканица, криенка.... Во мое време ни беа интересни игрите од нинтендо посебно супер марио Во мое време се знаеше кој е родител а кој дете Во мое време најмногу седевме до 10 часот.....
Хммм многу работи се правеа во мое време што денешниве дечиња не ги прават.Не сум престара ама стварно е така Во мое време не се седеше на фб туку се шеташе на улица Во мое време не се играше кантер туку се играше граница,жмурка,брканица,ластик Во мое време секое лето се грицкаше сончоглед во неограничени количини и се раскажуваа страшни приказни Во мое време луѓето не беа толку лицимерни и толкави материјалисти Сметам дека животот порано навистина беше многу поубав
Со оглед на тоа што, сум генерација `96, уште сум си маленко. Но, сепак радосна сум, што си го проживеав детството, не си го поминав пред компјутер. Малку се помучив, ама најдов некои сликички од некои играчки од „мое време“ кое и не е многу далечно. Обожавав да си правам балончиња, а тек кога ќе ми се спојат две.. радости. Спојлер Јојо.. Врска си немав како се игра. Само го влечев конецот. Спојлер Со сестра ми, многу често игравме домино, само што на нас ни беше направено од картон. Спојлер Тиих, па кога ќе си купев ласер, па ќе светев по децата.. Спојлер Ова ми одеше страшно на живци, никако неможев да му ги турам сите. Спојлер Овакви исто така имав еден куп, ама врска немав за што служат, и си ги редев по регали, како украси. Спојлер Нормално, нинтендо.. Спојлер Брее, и за јаже колку ме биваше, сега 3-4 дали ќе направам.. Спојлер Е за плочка, не ме биваше, признавам. Неможев никако да ја потрефам бројката. Спојлер Монопол нормално, ама незнаев како се игра, па секогаш бев банката. Спојлер Е богами, ни за вртимушки не ме биваше. Спојлер Ееее, имав 3 пиштоли на вода. Пау, пау, пау. Спојлер Колку само сакав ваков тротинет. А имав зелен со три тркалца. Спојлер На ова обожавав да цртам, само многу беше зафркнато бришењето. Спојлер И ова чудо, кој го измислил, алал да му е. Спојлер Лего коцки.. Спојлер Имав еден куп слагалици, ама махер бев за губење делчиња. Спојлер Ова дури и сега знам како да го направам. Ко ќе ми текне што имиња ставав... (муво-серка, дива свиња..) Спојлер У холахоп, ми немаше равен, па ко ќе почнев со 3-4 да вртам. Ганг ганг ганг. Спојлер Оваквиве ги јадев во рок од една минута. Спојлер Пих маме32, еден куп игри, а 2-3 дали се уклучуваа. Спојлер На чудово, никогаш нема да му ја сфатам финтава. Спојлер Чипичан. Како кучето мое, нигде немаше друго, поголемо од кифла.. Спојлер Кога го добив првиот вокмен, на коњ бев. Спојлер Добра работа е ова.. Спојлер А богами, и за ластик бев дупка. Спојлер Си го добив за нова година, којзнае каде е сега.. Спојлер Секогаш му го давав на татко ми, да ми го склопи, а јас си го јадев чоколадото. Спојлер Тие беа од прилика играчките, да не се пофторувам со другите. Игравме штркот бара боја, ластик, жмурка, цигари, ати мати колико је сати, граница, расипан телефон, долга магарица, плочка, барбики, кукли, не лути се човече. Пуштавме „змајови“ направени од ќеса, и конец, и трчавме по трева. На телевизија имаше Наше маало, бушава азбука, светот има 8 страни, умни глави, Зоки Поки, за сите деца, шарени чадорчиња. Собиравме салфетки, детска пошта.. Во мојата населба имаше Жито Лукс, и секој ден јадевме чоколадни глувчиња. Пеевме, чичко пушти летки. И колку птици толку петки. Игравме со песок, ливчиња, што се не. Слушавме песни од Елена Ристевска, Биба Додева, Дарио, Сашо, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Лила Филиповска, Маја Вукичевич, Мартин Вучич, Ребека. Се деревме: Мамооооооооооооооооо! И ќе излезеше на прозор, да ни даде 10 ден. Имав мобилен со бонбончиња внатре. Се сликавме за спомен, не за фејсбук. Се каравме со децата ако ѕиркал во жмурка, а не дали не тагнал. Снимавме евровизија на касета. Лижевме степ. Не ми текнува друго, ќе дополнам кога-тогаш.
^Буквално сите поставени од Елена Ќе додадам уште некои ситници: Албуми со самолепливи сликички. Голема љубов ми беа, мхмх мераци Особено албум што најмногу го сакав и најмногу успеав да го пополнам беше овој од Симпсонови, што се немаше во него, холограми, изгреби-мирисај.. Детска пошта Фамилијарна дружба со Монопол
Не дека сум голема ама мене во 2009 ми купија компјутер тоа ќе ти дојде на 10/11. Не сум голема, сеуште сум дете знам, ама многу работи се променија од тогаш до сега. Ластик бев најјака. Хулахоп не знаев многу да вртам, ама и јаже растурав. Во маало прва имав ролери, и ептен возев (сега одново се учам). Монопол брат ми никогаш го немам победено, ама знаев да играм. Не лути се човече, секогаш губев и се лупев, за мене името не важеше. Нинтендо играв многу, па еднаш брат ми не ми даде да играм и му ги исеков каблите. Прва од децата у маало научив да играм хант (брич). Да правам ептен големи палати со коцките, и клевканичка (плочка) ептен знаев. Салфети колку само имав, некои уште ги чувам.
Во мое време по цел ден бевме надвор Во мое време крадефме цреши. Во мое време не ни беше важно како сме дотерани Бевме поразлични од денешните деца..
Во мое време се играше ластик,жмурка,брканица,играње со џамлии.Крадењето на црешите откај комшијата.Немаше седење на фб туку се бркавме надвор и нејќевме да се прибереме дома а сега е обратно.
Па еве баш сите овие работи И тие шо сум ги кажала http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/ra ... zaboravat/