Не во мое, ама во нечие си време постоела безусловна љубов! (Не само кон дечко/девојка, туку и кон другари/ки).
Во мое време: - играв џамлии со машките пред зграда, игравме жмурка цело маало, игравме народна, ластик, собиравме детска пошта - главна занимација ни беше чипи чен - (кога излегоа мобилните) шема беше да имаш од циглата Ериксон, а па ако имаш да титнеш - главен си - доживљај ми беше да се шверцам со автобус и да одам малку подалеку од тоа што ми беше дозволено (весело беше кога го утнав автобусот па ме фати паника дека се изгубив - дете смотано ) - имавме апарати со филм од 30тина слики и ги штедевме на екскурзија - скокавме од радост кога излегоа касетите на Спајс грлс и БСБ
Голема работа сум изоставила. Порано наместо да лајкнувавме страници од некои пеачи/водители и слично, ги запишувавме во една тетратка. Таа тетратка се викаше лексиконбук. Додуша некои прашања и беа пишти-вришти.. Али битно е да се дружиме, разбираш. Си најдов два лексикона, од неодамна. Едниот од 2008, а другиот од 2010. Многу сум била креативна. На првата страница сум пишала: - Тко украде ову књигу, Бог му дао тешку бригу, отпала му десна рука, да цео живот кука. Прво прашање: „Дали ќе бидеш искрен/а?„ И тука следува, сите под дифолд: Дааа. „Напиши нешто за почеток“, „Која дата сме денес?“. Потоа следува прашање: „Каде живееш?“ И тука сите од едно исто место. „Името на твоите родители“, „Брат/сестра“, „Домашен и мобилен број“, „Омилена боја/спорт/хоби“.. Еве дел од „Омилени играни филмови, и сериски филмови“ Ружна Лети, Забранета Љубов, Деца Шпиони, Не Давај Се Нина, Брајќи Го Тато, Марина, Волшебнички, Ќе Се Вратат Штрковите, Сам Дома, Росалинда, Под Седмо Небо.. На прашањето „Омилен пеач/пеачка“, нормално сите Тоше. „Омилени квизови“ Милионер, Чао Дарвине, Ајде Да Те Видам, Дај Побрзај, Не Биди Паун, 1 Против 100, Све За Љубав. Па следуваат прашањата „Омилен водител/ка, цртан филм, јадење, десерт, пијалок, парфем, облека“. Е беше интересно ако не си го прочиташ името во „Најверна другарка“. За прашањето „Симпатија“ нормално никој нема, разбираш. А уште по интересно, е прашањето „Кого мрзиш?“ Таму никој не открива, сите ѕвездички. И во случај да изброиш толку ѕвездички колку твоето име.. Потоа следува „Напиши нешто за крај“. Бај Бај мразам крај. Бај бај сакам крај. Бај бај го мразам мај. А јас како креативна душа сум пишала: Цао Цао гавран ти се посрао. И тука некој додава: Елена и тебе гавран да ти се посере.
Бидејќи бевме само 2 девојчиња на улицата, игравме со маушките трти дупе. Со таа другарка и некои од другите улици, ќе постелевме черги и ќе ги донесеаме куклите, пластичните чаши и чинии од дома (без да види мама) и си одевме една кај друга на кафе. Седев со големите батковци од другата улица, кога доаѓаа на мојата да се кријат да запалат по една и се ми кажуваа. Викав по мама да ми даде 10 денари да купам од глупавите смоки, ама ќе ми се падне играчка.
Охоо ко ке ми текне у мое време шо сам правила..хахаха.. Немаше ден немаше ноќ комшиите на рајат да легнат да одморат..Значи у мало сите бевме околу 20 и ја најгасовита.. Само коа ке ми текне колку сам плачала ради глупи барбики.. Инаку ја не си играв со барбиките дома..Ке ја купат мојте ке ја погледам ке ја поиграм малку и одма ја оставам (имав у соба ко плакар нз ко шо беше) и таму ке ја ставев и другарките од мало ке дојдат и одам да ја видат и расипат ја.. Со машки бев 24/7.. У мое време на тие поголемите батковци секој ден и купував цигари..Ама не беше за џабе секој ден по 10 ден..(ѓи банкнотирав децата) хахаха.. Па пред некој ден најдов таму шо сум се глупрала со една моја најдобра другарка од Скопје..Леле комедии.. Те споменари имавме ии наслов "Во Светот На Шмизла" хахах..Зими мене..Па иамше као кој ти е симпатија и никој немат симпатија.. Па после видов там нз кој фил у глава ме удрил али ко ке ми текне.. Изигравав учителка оценки то кецови,двојки,тројки летаа на сите срани дома немаше место за нишо на маса да се ставе од мојте "дневници" Секој ден од дома 10 ден за тетратка.. Ученици де.
Во мое време : - игравме криенка по цел ден - ручекот беше со сендвичот во раката - се прскавме со шишиња и црева за вода - игравме фудбал машки против женски - зафркававме луѓе преку домашен - плашевме луѓе скриени по дворовите - си игравме школо и наплатувавме по 5 ден за час хаха - си правевме куќичка во која сакавме да запалиме оган ама планот не се одвиваше како што треба хх - собиравме детска пошта , тањирчиња , салфетки и се менувавме 2 обични за 1 уникатна - ги трошевме парите на playstation - имавме најмалку 2ве нинтенда - чипичанот беше нешто нај нај - се организираа избори за мис - имавме лексикони ,дневници ,споменари .. и сега кога ги читам се газам од смеење - јадевме сладолед Марс - се шетавме со сончогледот или семките во рака низ маало - се возевме со точаци по цел ден а доживување беше да се отиде во другото маало - игравме граница , сакате ли војна , ластик , штркот бара боја ,слика апарат ,љубовно шише - не викаа од дома со : ........ ќе искочиш да си играме ? - читавме Другарче, „Развигор и Наш свет - игравме на кош секој ден - вртевме хулахоп - гледавме Дигимон , Покемон , Наше маало ,М.народни приказни со Колозов -крадевме зелени кајсии - одраните колена беа секојдневен декор - немаше некој што немаше тетрис - се собиравме да играме карти , најмонгу џандар збира , макао ,кент - имитиравме продавница па собиравме играчки , цвеќиња , книги и ги продававме ххх - купувавме степ и јазикот во боја беше врвот - а поминат ластовички сите се деревме колку чавки толку петки - си шиевме облека за барбиките и обавезно им правевме некоја луда фризура со ножиците - имавме секодневни концерти по дома со толчникот - ако не отидеш на училиште некој ќе ти ја донесеше ужинката хх - чвакаме Hubba Bubba ,cunga lunga - си правевме излети во близина па замкнати со ранци , топки , ќебиња - бенетон тренерки беа нешто нај нај - бевме зачленети во некоја од маалските видеотеки - Титаник прв пат го гледавме на касета - не одевме нашминкани уште во основно - се возевме на рингишпил,одевме во циркус - за роденден обавезно тетратка со молив и гума или рамка за слика ,албум ....
Ајде уште едно надополнување. Имав оваков телефон. Спојлер Олимпијада, титова бригада, полиција Стоп! Ќе пукаме со новиот топ. Спојлер Пенкалово, пола работеше, пола не. Спојлер Сакам, сакам, сакам, сакам! Спојлер Секој ден се пентарев, и никако да се допентарам.. Спојлер Обожавав да играм домашно бинго со братучедите. Спојлер Носев вакви балетанки. Спојлер Другарка ми имаше ваква книга. Со нејзе изигрававме волшебнички. Оваа беше таа книга. А јас бев Пејџ. Спојлер Имав вакво, ама уште не му ја имам сфатено играта. Спојлер Eпа и јас имав колички, баш се интересни за играње. Спојлер Леле, имавме овакви две огромни црни мечки. Со чуден материјал. Татко ми, и ги купел на мајка ми, и ги мкнел по автобус. Сите чудно го гледале, а едната беше колку мене, огромна. Спојлер Вакви имавме порано во соба. По ѕидовите висеа играчки. Сега фала Богу не. Не ризикувам да добијам срцев напад. Спојлер Уште ги има мислам, ама омилени ми се! Спојлер Пих.. Спојлер Корпичка, коорпичка.. Спојлер Никако да се отерасам од лампиониве.. Спојлер Овој инструментов, уште мислам го имам. Како свирев со устата.. подобро да не знаете. Имав розева опаковка. Спојлер Уште ни стои видеото у дневна, колку само цртани изнаснимив.. Спојлер Списанијата од школо.. Спојлер Ова беа цигарите мастики, ако не се лажам.. Спојлер 300 кофички.. Спојлер Зошто бе не ги даваат веќе цртаниве? Спојлер Бројалка.. Спојлер Колку бев радосна на прибориве.. Спојлер Сега никако не можам да најдам бонитоп.. Спојлер Леле новчаничињава... Спојлер Секогаш ме јадеа.. Не е фер. Спојлер Сега ми текна, на сандалчињава, за на плажа. Спојлер Лепенките за учебниците.. Спојлер Кремчево.. уффф. Спојлер Се сеќавате? На сладоледот.. Спојлер Па Жикина Династија, нормално. Спојлер Ги имавме дома.. Спојлер Кој ми ги украл? Ова не е можно.. Предупредувам! Во последниве две спојлери, има повеќе слики. Спојлер Неколку ликови од југословенските филмови и серии. Ма какви турски, какви бакрачи.. Спојлер „Старата јас“
...Со пенкало ги враќав назад лентите на касетите. ...Играв жмурка, брканица, штркот бара боја, ластик, пролазите пролазите... ...Се карав со другарките од улица зошто мајките им купиле сандали како моите од пазарчето. ...Со кусурот си купував мастики и се праев фраерка на улица. ...Со другарките користевме АНДЕР јазик (го измисливмесамите) кои машките не би го разбрале кога збориме за симпатии или нешто што не треба да го знаат. ...Ако со некое машко седиш сама, се гушнеш или бакнеш во образ, сите почнуваат да зборат дека сте дечко и девојка и ти плачејќи одиш дома. ...Кога во маало ќе дознаат дека имаш симпатија следуваат зезанции како: СТЕЕЕЕФАН и ИВАНА! ...Глумев дека правам каме-хаме бран како Џоку од Драгонбол. ...Сакав да имам покемони и да имам значки како Еш Кечам(ако се викаше така воопшто). ...Имаше некоја фора на жмурка „Изгоре лончето, претече млекото“ ...Во секоја кавга со другарките поминуваше реченица „Ќе и кажам на мајка ти дека сакаш Мики да ти е дечко“ ...Кога и да имавме мастики-цигари глумевме пушачи, а кога немавме такви со соленки изведувавме такви лудории. ...Собирав салфетки, албуми со самолепливи сликички...
Ја рецитирав.. ЈАГОДИ Ко жарчиња в лице горат, мислиш нешто срамно зборат, или пак, на сите места, од нас им се зема свеста, па одвај го држат сокот за да не му мине рокот.
Леле ми текна уште неколку У мое време тој шо имаше цигла телефон беше најфраер/ка у малото аа да не зборам ако имаше да титне на некој.. У мое време беше како поздрав (меѓу нас девојчињата) да се искривиме на некое девојче.. Коа ке ми текне..Пр. со мајка ми идеме у пазар и само како шо мајка ми ме држе за рака у гужвата (да не се изгубам) и само кога ке се видеме со некое девојче право одма вадеме јазиците.. хаха У мое време кога играа тие шпанските серии ама тотално никој немаше на улица сите (нема тука машки-женски) сите пред ТВ.. У мое време кога гледавме цртани 1 саат комшиите на рајат си одмараа и после 1 саат па ние на улица да го прераскажеме цртано.. У мое време сите од мало собиравме салафетки нема тука машки-женски сите и само се разменувавме.. Море и сликички собиравме леле то продавницата ја препунивме со пари..
prviot moj telefon sto si go kupiv togas najnova moda hahaha http://www.youtube.com/watch?v=gSR9WfXjjgg
Како што можам да заклучам и како што ми кажуваат постарите јас сум од последната генерација која имала детство. Барем мал дел од она што го имале порано. Малку но сепак проживеав убаво детство некаден до кај 13 година. А скоро секој дел од него е опишан во постот на Елена. И плус оние игри во маало што ги спомнаа сите.
Денешниве деца растат под други услови некако многу ги форсираат работите како да ќе им побегнат се ќе бидат ама деца повторно нема за разлика од мое време кога носевме бициклистички,возевме ролшули,јадевме надвор сендвичи со патлиџан со пола маица исфлекана игравме жмурка,граница,народна,возевме пони точачиња,во школо чекавме да дојде голем одмор да видиме што ќе ни дадат за ужинка,собиравме миризливи ливчиња одевме на мирц,цело лето по цели вечери седевме пред зграда со другарчињата и што уште не ако ми текне ќе додадам еве некои серии кои го обележаа моето детство http://www.youtube.com/watch?v=qw75sdYIdyM, http://www.youtube.com/watch?v=7Yrm3Ijy3Ks http://www.youtube.com/watch?v=6PYTeeV5NzE http://www.youtube.com/watch?v=IS_dWldn ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Ew6gSgnr ... re=related
http://www.youtube.com/watch?v=nM60Yi6VdN8 http://www.youtube.com/watch?v=WgCcjgQa ... re=related песничкава ми беше една од омилените