Темава ја видов на друг форум, па ми се виде интересна и отворив и тука една таква. Спојлер Ако има нешто слично, слободно Канта! Јас сум зависна од цигари. Лоша зависност и лош пример како за почеток на нова тема, ама тоа е мојата зависност. Која е вашата зависност?
секс шала бе, шопин ми е зависноста. 1оо денари последни да ги имам ги претворам во некое модно парче, па макар еден пар убетки. За друго пак ич не зборвам, кај да одам гледам штикли само, а после цел ден ќе ги мислам дур не ги купам. А кога не сум при пари, депресии бе кај да најдам па да купам, цц ...мизерабле ми
Зависна сум од многу работи, но не знам дали би ги ставила сите во иста категорија Еве на пример, кофеин и цигари. Уште не расонета ставам кафе, и палам цигара. Не знам дали се категоризира како зависност, ама ако да, тогаш зависна сум од месо. Нема да помине недела без да каснам барем мало парченце пилешко, свинско.. Пржено, печено, во манџиче..Било како, само да е месо.. Се категоризирам како љубител на Кока-Кола, може е и зависност, не знам.. Зависна сум од антибактериски гел, мислам дека ќе ми се случи нешто ако тоа не носам со мене и ако не го употребам. Дека ќе фатам некоја бактерија. Боже, Боже, знам дека е смешно, но психа ме убива. Го трошам како алва. Зависна сум од технологија- Интернет и телефон. Ич не чини,ама не легнувам ако до мене не е телефонот, не спијам мирно. Кога не носам телефон со мене, како да сум излегла гола. Зависна сум од мојата перница за спиење. Кај и да одам на викенд си ја носам. Не легнувам на друга. Од многу работи ваљда сум зависна, но не сум свесна.
јадење.. едно две покрај фрижидер сум се нацртала ..бтв слаба сум ..добро е тоа инаку до сега би била СТОКА =)
Иако сум пушач, не сум зависник од цигари. Чудно, али тоа е. Пошто дома не пушам (не дека немам прилика), веројатно затоа е така. Зависник сум од Нес кафе 2/1 . Од музика сум зависник невиден. Ко дрога ми е. Од храна сум зависник. Љубам да јадам. Од љубов сум зависник. Невиден зависник, бетер од наркоман. На скалата на зависности, почнете од надоле па нагоре. Така се подредени моите зависности.
А сочоглет, гледам ретко го има. Јас сум зависник од: СОНЧОГЛЕД, од телефон и интернет, од фемина и фејзбук, од јадење и секако од музика ...можеби уште нешто али не ми текнува.
Хмм па има многу работи.. Зависна сум од чоколадо и слатки, од интернет, овошни јогуртчина, мобилен...