ТЕМА: Како да живеам пак? Јас ли сум виновна?

Мислење 04 Фев 2012, 19:57

Епа вака..Јас во него гледав се.Тој беше од Охрид јас од Скопје, два различни света 200 км, а сепак исти.Јас 19 тој 22.Кога тој првпат дојде во Скопје започна нашата сериозна врска, со цел да ме чека да завршам.Тој имаше 3годишно угостителско и ниту тој ниту неговите не беа вработени.Бев запишана на диспензирани студии во Велес, 2 пати пробав да се префрлам најпрво на Охридскиот за туризам а потоа на Охридскиот за уметност бидејќи завршив уметничко и мислев дека послесно ќе ги убедам моите но не успеав.Така секој викенд одев кај него, живеев со нив, јадев спиев работев и учев во тој дом.Првиот пат излеговме, гледавме тв,тогаш неколку дена останав бидејќи почнував со факултет па бев до кај моите да се спакувам.Тие беа лути на начинот на мојот живот.Заминав и покрај сите убедувања да останам, не успеав да им докажам дека тој човек е како мене, дека ни е убаво, дека двајцата имаме исти мислења сакаме метал, сакаме сериозна врска.Кога вториот пат отидов бев изморена од патот, мајка му ми рече да ставам кафе да направам за јадење, и бидејќи тој автобус покасно стигнува останав до покасно во кујна и сабајлето станавме кон 10.Мајка му се дереше дека требало да станам во 8 да и направам кафе да направам јадење и некој ако дојде да седам со него.Поминав на тоа и го прифатив.Но подоцна во денот додека гмечев грозје за вино, ми се јави татко ми за да ме чуе.Се налути бидејќи му реков дека помагам и рече дека моите не треба ништо да знаат.Го прифатив и тоа и се оддалечив целосно.Истовремено осеќав и страв и почит кон неа.Ми раскажуваше за нејзиниот живот во село (таа има само 4 одд) и и ветив дека ќе се сменам.дечко ми викаше дека таа само ми дава совети.Меѓутоа за најмала ситница се дереше.Или работи, или откажи се од Борис! Ајде доста гледате тв, нема цело време да излагате, кој ќе ви чува деца, научи се на Охридски! Најболно беше тоа што ме прашуваше зашто мајка ми не ме научила да работам, а таа почина кога јас бев основно.Бидејќи многу работи ми се случија во животот бев повлечена и затворена тоа им сметаше.Тој викаше смени се за да не прекинеме..Така дојде ден тој да дојде кај мене.Спиеше неколку дена а татко ми и баба ми воопшто не го засакаа.Бил чуден, косата да ја скрател, бил како од некоја секта, бил неспособен за работа..Неговите "виртуелни и единствени пријатели ми велеа дека тој не е социјализиран, дека јас сум му прва и дека е психички нестабилен.Татко ми велеше дека сум 10 класи над него а мајка му дека тој вреди како 10 мене.Постојано ме критикуваа.Кога тој ќе дојдеше во Скопје излегувавме правев се што сакаше а јас таму не смеев да писнам дури и на Охридски зборев, им сметаа многу работи.Моите ми забранија да одам кај него, па така наместо да полагам колоквиуми отидов на испити за да имам пари за пат и карта за нова година за кај него.Кажував дека сум со други,незнаев дали да се карам дома, или со него заради тоа идиотско однесување.Имав некој што не сваќаа дека не е во ред и ме подржуваа.Бев на милион страни.На улица совршени а дома очи си вадевме.Ја прифатив и религијата.Постев ги учев празниците ( Татко ми и јас сме атеисти, а баба ми е полу католик, но ништо не практикуваме) и се им сметаше.За нова година ми раскина, неколку дена по нова година.Се вратив дома кај моите и останав тука.Пола година живеев со тие луге спиев јадев бев со него тој беше се што имам.Сега немам со кого да излагам, секој е на свој пат немам искрени пријатели, се осеќам како да сум разведена, со факултетот гурам но не е тоа тоа..Тој спиеше кај мене и секој ден се сеќавам на секој момент..Незнам како да го преболам ова неможам ни со моите да разговарам..Никој несака да разговара со мене мислат дека ми е лесно и дека тој ќе ме бара..А тој рече дека ќе нашол подобра што работи што не е повлечена..Сега немам никого моите ги гледам како цимери не како семејство..Најболно е што викаат излези со тие тие тие, а тие ме мразат не сваќаат дека немам никого..Што во ваква ситуација?
janafilth

Сино цветче
 
82
Мислења: 105
Зачленет: 26 Јан 2012, 17:17

Мислење 04 Фев 2012, 20:07

Можеби ова ти е тежок период но млада си, цел живот е пред тебе. Не е лесно таква долга врска да се заборави, но со време ќе се среди се.
Биди позитивна и земи ги работите во свои раце. Дружи се повеќе со колегите, обиди се да ги вратиш старите другарки, почни да излегуваш. Тоа со дечкото било-поминало. По кажаново, таа врска не ти годела, и ти не мораш да трпиш ничие малтретирање и непочитување.
И не им се лути на домашните, сигурно се што ти велат е за твое добро :)
Аватар на корисникот
Chocoholic

Зелено цветче
 
858849
Мислења: 705
Зачленет: 26 Апр 2011, 00:46
What screws us up most in life is the picture in our head of how it's supposed to be!

Мислење 04 Фев 2012, 20:10

Не е само тој психички нестабилен,ама и неговите така ми делуваат. девојко памет, имаш ли?
Мене некоја со 4то одделение, да ми се дере, јас да им слугувам таму! :^)
Сте сакале метал и ајмооо сериозна врска :rofl:
девојко те молам созреј малце, имаш ли ти прво иднина во таа куќа каде сите се невработени!
Ајде барем да беа љубезни па да пројдеш преку ова!
Ајде те молам, читам и ви се чудам на памет!
Колку машки има?
ќе најдеш друг-да
19 години имаш, опрај се дур ти е време

се сложувам со твоите!
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
50434106
Мислења: 3994
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 04 Фев 2012, 20:19

Таман да пишам ама Лудото ме претекна, а истото сакав да ти го кажам.
Во врска сте па ти наредуваат неписмени а замисли како би било да сте во брак и со деца. Глеј си книгите и по неколку месеци ке си викаш фала Богу (ако си атеист) што се откачив од него ;)
Аватар на корисникот
Shana

Зелено цветче
 
12381049
Мислења: 748
Зачленет: 27 Јан 2011, 17:03
Локација: Дома
I'm not weird, I'm gifted.

Lord, grant me the strenght to change the things I can, courage to accept the things I can't and the wisdom to know the difference.

Мислење 04 Фев 2012, 20:22

Не ми се верува што читам... Девојко, едноставно НЕ ВРЕДИ да патиш заради некој како него. Ајде остај тоа, па како си можела да преминеш преку однесувањето на неговите. Незамисливо е, колку и да си го сакала.
Верувај, подобро за тебе што веќе не сте заедно, ќе најдеш друг, подобар, достоен за тебе, што ќе те почитува пред се!
Посвети се на факултетот, мисли позитивно и ќе видиш дека не е се така црно. Ехее па колку машки има, друг ќе најдеш! ;) Извини ако бев малку остра, ама се запрепастувам кога ќе прочитам вакви работи. Си се спасила од него, и самата ќе станеш свесна за тоа.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
14821381
Мислења: 3089
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 04 Фев 2012, 20:25

janafilth напиша:Дали би останале со дечко со кој што одите за озбилно доколку постојано сред муабет ви вика дека утре ќе најде друга што ќе ја засака а одите за озбилно? Опседнат е со тоа а ве сака? Ако неговите се конзервативни и очекуваат кога ќе идете кај него да чистите да готвите од прв ден да станувате рано да и смета доколку излегувате или правите нешто шт о вие сакате? Цело време да вика или научи се да готвиш или откажи се од него кај мене се бара работа да ми слугувате и да имате почит? И покрај се ова тој ништо да не и вика туку да седи на нет со други постојано, кога сте кај него за се да ви наоѓа маани а кога тој доаѓа кај вас да не се собирате дома цело време да иде да се запознава со другарки? И да ви вика не се лути моите те советуваат? Никогаш не излагате сами, не му се допаѓа вашето однесување и карактер и ве тера да се промените и ви вика дека за најмала ситница ќе ви раскине?

Eве и пред некој ден пишала нова тема, само во кратки црти, и сите и кажаа не!
ама после овој долг пост, уште 10000 пати поголемо HE!
JAC да сум била на твое место тоа свекрвата како имаше да ја тролам :rofl: :rofl:
Mожам да замислам колку е припроста, сиротата таа
Аватар на корисникот
ludoto19

Жолто цветче
 
50434106
Мислења: 3994
Зачленет: 01 Мар 2010, 05:05
Локација: South Park,во кревет со Butters :)))))))
I'd Rather Go Naked Than Wear Fur

Мислење 04 Фев 2012, 20:38

Се согласувам и јас со претходните мислења. Не требало да дозволиш неговата мајка да се однесува така со тебе, па и тој и да ти наредуваат што да правиш, да ти се дерат за секоја мала работа.. Не оди тоа така. Ама ајде, се случило тоа веќе нема враќање назад. Зошто да не можеш да зборуваш со твоите? Зборувај со татко ти, кажи му колку ти е тешко, отвори се и тогаш ќе ти е многу полесно. И немој никогаш повторни да го ставаш твоето семејство во втор план. Тие се најважни! Тие ќе се секогаш тука за тебе.
Зарем немаш пријатели на факултетот? Сигурно имаш некој со кој можеш да излегуваш, да се забавуваш и да не мислиш на него.
Значи мораш да го заборавиш. Престани да мислиш на убавите моменти со него, сети се како те измачувала неговата мајка, а и тој. Ти имаш само 19 години и млада си сеуште за да се откажуваш од животот.. Крени ја главата горе, колку и да е тешко мораш да одиш напред. Времето нема да те чека тебе. :!:
Аватар на корисникот
Butterfly15

Зелено цветче
 
1100666
Мислења: 790
Зачленет: 24 Јун 2010, 18:21
Локација: In seventh heaven .. (:
Слика

Мислење 04 Фев 2012, 20:39

Се согласувам со Лудото...Не ми е јасно како си можела да го трпиш тоа бре, сама си виновна точно е тоа...19 години имаш, уживај дур можеш...ќе најдеш некој што ќе те третира многу подобро, и биди среќна единствената маана ако му биде е тоа што слуша турбо фолк!

А у склоп на ова тролањево што го спомна, би и купила учебник за 5то одделение, и би и рекла, на..читај!
Аватар на корисникот
MacaLove

Жолто цветче
 
28492348
Мислења: 1726
Зачленет: 05 Јан 2011, 20:12
Локација: Reality.

Мислење 04 Фев 2012, 20:39

ludoto19 напиша:
janafilth напиша:Дали би останале со дечко со кој што одите за озбилно доколку постојано сред муабет ви вика дека утре ќе најде друга што ќе ја засака а одите за озбилно? Опседнат е со тоа а ве сака? Ако неговите се конзервативни и очекуваат кога ќе идете кај него да чистите да готвите од прв ден да станувате рано да и смета доколку излегувате или правите нешто шт о вие сакате? Цело време да вика или научи се да готвиш или откажи се од него кај мене се бара работа да ми слугувате и да имате почит? И покрај се ова тој ништо да не и вика туку да седи на нет со други постојано, кога сте кај него за се да ви наоѓа маани а кога тој доаѓа кај вас да не се собирате дома цело време да иде да се запознава со другарки? И да ви вика не се лути моите те советуваат? Никогаш не излагате сами, не му се допаѓа вашето однесување и карактер и ве тера да се промените и ви вика дека за најмала ситница ќе ви раскине?

Eве и пред некој ден пишала нова тема, само во кратки црти, и сите и кажаа не!
ама после овој долг пост, уште 10000 пати поголемо HE!
JAC да сум била на твое место тоа свекрвата како имаше да ја тролам :rofl: :rofl:
Mожам да замислам колку е припроста, сиротата таа

:tmi: абе ова што го читам погоре вистина е или некој некакво филмче си прајт??? ако е истата девојка со два различни никови вчера се залеше дека дома нејзините ја нарекувале и споредувале со други личности со кој таа не би сакала да се споредуват !?! е сега незнам неможам да тврдам дали се работит за истото девојче :?
Аватар на корисникот
soco

Сино цветче
 
145159
Мислења: 383
Зачленет: 12 Мар 2011, 19:51

Мислење 04 Фев 2012, 22:29

Аман бре,во кој свет живее таа?! :^)

Неписмена една,па уште тебе да ти се дере.Што мисли ќе ти ја уништува младоста на 19 години,ќе те става во депресија,а ти ќе си го губиш здравјето за една ненормална?
А тој муле,те советувала. :fubar:
Да и' се плукнам во советите нејзини,таа стигнала да те советува.
Такви вештерки служат за да го уништуваат животот на девојки што туку почнале да живеат,а не за совети.
Оди шетај,учи,запознавај нови луѓе,проживеј го животот,не вреди да си ја уништуваш иднината за таков дечко.Тој да вредел ќе и' се спротиставил на мајка му,а не уште да ја брани.

Зошто се откажуваш од животот?
Плачеш за таква тортура?
Аватар на корисникот
Look

Зелено цветче
 
745534
Мислења: 877
Зачленет: 25 Јун 2011, 22:13
Локација: Кај кругон спроти поштана...
Не прави го она што во човекот алчноста ја буди!
Заклучив дека не ме разочаруваат луѓето,туку моите големи очекувања од тие мали луѓе!
Слика

Врати се на Канта

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter