1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поради маж ми се облекувам неморално

Дискусија во 'Канта' започната од Nenicka123, 18 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Срамота што воопшто си помислила, а камоли што си напишала вакво нешто! Не се сите девојки исти! Не битно од каде доаѓаат и каде одат. Јас познавам многу „Скопјанки“
    ова е во наводници, бидејќи на многу од вас Скопјани, или родителите или бабите и дедовците ви израснале во село (има и исклучоци, многу малку, кои неколку генерации по ред се родиле и пораснале во Скопје)
    кои бараат да се омажат богато. И тоа одат до таа мера што раскинуваат со дечкото дека овој не и платил нејзе и на нејзината другарка летување во Египет :fubar: . Ама како што кажа и E...V...I...L , секаде има секакви!
    Извенете за off topic, јас моето мислење на темава, веќе го имам дадено.
     
  2. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Добро со цела почит спрема сите на темава,зар ако девојка од Скопје се заљуби во момче од друг град е провинцијалка и спонзоруша?..Интересно е како некогаш забораваме и самите дека сме биле во друг град и сме престојувале подолго време...... :?:
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    КАКО СИ МОЖЕЛА ДА ДОЗВОЛИШ НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН ДА ЧЕСТИ НЕПОЗНАТИ ДЕВОЈКИ :fubar: тоа е јавно ПОНИЖУВАЊЕ :fubar:
    дали ти знаеш да повишиш тон Неничка, или климаш со главата :?: мене некој така да ми направи има СКАНДАЛ да направам во цела кафеана , има да ме запамети додека е жив
    што си ти, кукла со која може тој да манипулира или СОПРУГА-идна мајка на неговите дечиња :!:
    ма не добро да заработува, милијардер да е , има да му сервирам документи за развод БЕЗ ПАРДОН
    и не само што е женкар НЕИЖИВЕАН со тапија, тку и ИСКОМПЛЕКСИРАН-верувај дека нешто големо се крие позади ова носење на парталчиња
    моја врсничка си, а се му одиш на мажот по кејфот :fubar:
    да не зборувам пред време, ама да ми се појави некој ваков,има да го снема по секоја цена од мојот живот-не е важно како ке се чуствувам или колку време ке ми биде потребно да го заборавам :!:
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Добро ,никогаш нема да ми бидат јасни ваквите сваќања.Демек ние што не сме од Скопје,а учиме и живееме таму сме спонзоруши? :fubar: Ете јас лично не учев Скопје,но сите девојки кои што беа надвор од мојот град ,а ми беа колешки на факултет беа спонзоруши.Тие дошле за да учат и да станат нешто во животот,да ги остварат своите желби и амбиции,а ако во меѓувреме запознале некое момче,се заљубиле и останала да живее во тој град ,не значи дека е спонзоруша.
    А сега да се навратам на главната тема.Ти Неничке треба да застаниш на свои нозе,да се појави твоето ЈАс кое што е изгубено во целата ова ситуација ,да си го седниш сопругот и да му кажиш дека не сакаш повеќе да се облекуваш така,дека ти смета тоа што викнал други женски на вашата маса за неговиот роденден,дека тоа не си ти и дека не се чувствуваш дека си во своја кожа кога си така облечена.Ти рече дека си го знаеш најдобро мажот,прво бараш совет и мислење,а потоа дека не е таков :^) ЈАсно ми е ,го сакаш и не сакаш да ви пропадне бракот,па бараш оправдување за неговото однесување.Не,драга за ова нема оправдување никакво ,тој е неизживеан женкар кој што ако не г оосвестиш со една шлаканица од зборови никогаш нема да се промени.ПРесечи еднаш,кажи му или ќе се смени ова или ќе се смениме ние,па тој нека му ја мисли после.Ах брее мажи будали :fubar: со сила сакат да го изгубат она што го имат крај себе.Што ,како што кажаа и другите феминки кога ќе имате дечиња?Зарем ќе гледаат пример од мајка им и татко им како треба да се облекуваат и однесуваат?Зарем сакаш и твојата ќерка да ја има етикетат дека е ко нејзината мајка ил исин ти да дојди крвав во носот од училиште поради тоа што се степал со некое дете поради тоа што ја наекол мајка му проститутка?Значи размисли си самата со ладна глава и реши се што сакаш за себе и за својата иднина.
     
  5. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Цццццц...Два дена не можам да се соземам од темава.
    Што се држи земјава, побогу!...Па, уште господинот и други девојки на маса собира...
    Можеби сум и јас фрик, а можеби сум само премногу претпазлива, па и на ладно млеко дувам, ама...
    Мене некој од нигде никаде да ми прибере две непознати девојки на маса, веднаш ќе ми се запали црвена лампичка за предупредување во главава. И прво што ќе си помислам е - штом вака лесно на маса ми ги носи, еден ден може и во кревет ќе ми ги донесе!
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Прв мој впечаток одкако прочитав како феминката има проблем-девојко,тоа е проблем со тебе,самата себе.
    Расчисти си,биди ти која што си.Забога,сите сакаме на нашите момци да им мрдне во панталоните кога ќе не видат,ама тоа не значи да одиш против себе!
    АКо тие миничи се против твојот вкус и морали,тогаш не ги носи (но не значи ако ги носиш дека изгледаш како курва :) ) Аман со тие споредби!!
    Не можеш вечно да градиш куќа на воздушни темели,ако типот сеуште не е созреан,а ти си,тогаш..Каква иднина ќе имате? За љубов,секс,кавга се потребни двајца.
    Биди ти ти.Верувај,не е ок да живееш во брак на илузии и лажни личности.
    Додуша он ти тој,вистинскиот...Прашај се ти колку сакаш тоа да го правиш.
    И запомни,за сите нас има по некој таму.Ако си се омажила за некој,не значи дека тој мора да е тој.Да беше така денес немаше секој втор брак да завршува со развод во денешницава.

    Поздрав,се најдобро. :*
     
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    10.291
    Пол:
    Женски

    Dafuq did i just read?
    Аман бре луѓе до кога со таа малограѓанштина.
    На пример јас не сум од Скопје или како шо ти милуваш да кажеш од 'провинција' сум, па никогаш ни на крај памет не ми дошло да идам у Скопје и да тражам маж за мажачка.Да тргнам некаде со цел да си најдам маж?Вау... :^)
    Ма немој да ме јебеш, бре.

    Ова нешто испаѓа као у Скопје ги има најјаките типци, иде провинцијалка у Скопје и сосема нов свет и се отвара, сите машки се добро ситуирани, со јаки коли, мотори, скапи саатови, куќи на Водно, станови и шта ти знам шо...и на оваа очите и светнуваат и почнува да трие раце и да смислува планови како да му се бутне у гаќи, а после и у фамимлија и ќе стане идна госпоЏа 'скопјанка'.
    NOT!
    Не се сите такви бре девојче.Некои одат за да се образоват, да се афирмират ко човек, да станат нешто у животот и тоа секако не се постигнува од скокање од к*р на к*ур(ама богат нели де) туку со добро загревање на столчето.Тоа не ти е ствар од каде доаѓа девојката, туку на карактер.Без генерализирања, молам.
    Економска стабилност ако чекаш од маж, подобро немој. ;)

    Искрено да ти кажам повеќето провицијалки идат во Скопје за да си купат гардероба, по маж, хммм...тешко.

    ............................................................................

    А иначе сега да се вратам на првобитниот проблем.
    Девојко, маж ти е нешто, шо ние кај нас го викаме покондурен сељак.Он и пред тоа си бил сељак ама сега има пари и може да прави шо сака, т.е да се изживува врз тебе.Гледам дека си напишала дека си била со него и кога он бил во полоша финансиска состојба и различно се понашал.
    Ете и самата си кажа.Мислам дека всушност тоа е и сржта на вашиот проблем.

    Кога се искачил на повисока скала, почнал да си ги исполнува неговите соништа, ваљда, он као некој boss, имам јака женска, седи у сепаре, пие конјак, околу него женски оскудно облечени, тресат задница, он ги часте...Не е крив типот, такви стандарди им наложија американските комерцијала музичари, нешто у пит бул стил, а на него толку му фаќа црпката за на триесет и неколку уште да паѓа на такви работи.
    Површен е маж ти, скроз, а богами и неизживеан.
    За тебе најпаметно е да го оставиш.Тоа ти е благо кажано.Треба да бегаш да се спасиш дури ти е рано.
    Разбирам дека го сакаш и тешко ти е, ама подобро да плачеш по него сега одколку кога веќе ќе биде касно.Сега ти е најлесно да го оставиш, немате деца ништо не те врзува за него.Со деца е потешко, а тој не верувам дека ќе се смени.Може ќе стане и полош, ако напредува во животот.
    Млада си, а сигурно си и убава, ќе најдеш некого кого ќе те цени поради тебе самата, а не поради како изгледаш или како си облечена.Можеби вистинскиот те чека таму некаде, само ти треба да преземеш иницијатива и да се тргнеш од овој сељаков. ;)

    Никој не е незаменлив верувај, овој па ич.
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Нека ми простат сите за офф, али морам да одговорам на дотичната, и ветувам дека воедно тоа ке биде моето последно коментирање во врска со темава.
    ЈАс па незнам што ти е тоа толкава научна фантастика, и јас излегувам, висам (што би рекла ти ) по кафиња, шетам, уживам во животот, мажена сум, не завршувам по туги станови, туку завршувам во нашиот стан, перам, пеглам, готвам, оддржувам домакинство на 25 години И замисли сум на чекор пред адвокатура. Што значи дека ке бидам успешен адвокат, и тоа повеке од сигурно.
    Значи ако се сака се се може.
    Ај сега поздрав...
     
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Изгледа модераторите се на годишен одмор па темава стана каша попара.
    Ај нека се најде некој да ги избрише офф топициве.
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава два дена и навистина се чудам..Се чудам и на Неничка и на нејзиниот сопруг а и на некои феминки кои даваат погрдни зборови.
    Колку што можам да разберам се работи за секси гардероба, која сигурно многу кошта за да не изгледа вулгарно...Чим пола плата ти оди на тоа и на долен веш. Тогаш дај му ги сметките па он нека ти купува...И за инат оди со него во најелитните продавници, каде што има само брендирана роба(и тоа без попуст) и кажи му дека ти само таму се облекуваш. Навистина незнам со колку пари располагате, и колку е платен твојот сопруг, но едно парче може да го кошта пола плата, а ти облечи се од глава до пети.Да видиме до кога ќе бара така...На ова негово барање, само со твои доста повисоки барања можеш да се спротиставиш.
    Во секој случај нема ништо лошо на твојот маж да му бидеш убава, но не до толкава мера да ти сугерира како да се облекуваш и да се однесуваш (а ти да не се прифаќаш како таква)...
    Такви кратки панталончиња и миничи носев до 22-23 години.И сега ми е убаво кога ќе видам млади девојки стегнати, но самата не се осудувам.Претпоставувам ниту ти, и тоа ти пречи.
    Факт е дека твојот сопруг не е созреан (а можда и никогаш нема).Можеби не е лошо да размислиш на варијантата да си почнеш нов живот.Недозволиво е да ти носи други девојки на маса во твое присуство колку и да е пијан.Не се пристојни ниту коментирати за други девојки пред тебе. Тоа можеш и ти да го правиш. Гласно да коментираш за згодни фраери, јавно пред него да флертуваш со други.Тоа бар ние жените лесно можеме да го правиме.Но каде тоа води..Само до нервозен и измачувачки живот.
    Тој е таков каков што е, со многу комплекси и секогаш ќе сака млади девојки покрај него, а тебе вечно нема да ти стојат убаво скапите парталчиња. Млада си и треба да уживаш.Не во облеките,во скапите ресторани и во луксузните одмори. Треба да уживаш во животот. Еден е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.