Сигурно сте се нашле во ситуација да видите книга, и да кажете: „Таа е таа.“ Баш таа книга ќе и’ се допадне на мама, тато, најдобриот пријател... И, доаѓаме до моментот кога треба да се напише посвета. Дали воопшто пишувате посвети? Ако пишувате, дали се тоа ваши лични мисли или пак некоја изрека најдена од Интернет? Дали ви значат посветите и воопшто од кого е книгата? Кои се најубавите посвети кои сте ги добиле и од кого? Кои се најубавите посвети кои вие сте ги напишале и за кого?