Ако ви е досадно секој нека напише по една загатка и ние ќе ја одговараме. Еве ви и една од мене. Тој што сака нека ја одговори. Господинот x гледа портрет. Еден пријател застанува и го прашува: „На кого е овој портрет?“. Тој одговара: „Јас немам ни брат, ни сестра, но таткото на човекот на сликата е син на мојот татко.“ Чиј портрет гледа овој господин?