"Кога нешто завршува, секогаш нешто друго започнува. Поради тоа не постои ни почеток ни крај... Се непрекинато се движи во еден круг. Тој круг се нарекува круг на животот." Endless mind или Бескраен ум од Ана Костовска е првата збирка на мисли на англиски и македонски јазик кои имаат за цел да го поттикнат и инспирираат читателот да ги почитува основните морални вредности и да ја вреднува суштината на животот во денешниот брз современ свет. Насловот на делото ја означува бескрајноста на човековата креативност. Со тоа авторката укажува на неограничената способност на човековиот ум кој слободно се изразува и ги повикува сите да не го лимитираат умот со предрасуди туку да го остават да твори во својата бескрајност. Мислите се кратки, едноставно напишани и лесни за читање. Ана Костовска е родена 1983 година. Инаку е дипломиран економист, магистер по менаџмент. Постдипломските ги завршила во Флорида, САД на Интернационалниот универзитет Шилер, каде што ја добила наградата Нил Армстронг за најдобри академски остварувања. Цената на книгата изнесува 158,00 денари, а може да се набави во книжарниците Табернакул, Или или, Македонска култура, Матица, Култура, Кафе книжара Ли, Магор и продажните места на Медиа Принт во поголемите градови низ Македонија.
Потпишување на Бескраен ум со Ана Костовска 30.01.2011 - недела во 14 часот Кафе книжарница Ли (Млечен) Капиштец, Скопје
Наградна игра за сите љубители на убавите мисли Кликнете на линкот и видете кои се чекорите за да ја добиете БЕСКРАЕН УМ http://style.mnogoo.mk/mk/articles/kult ... -kostovska
"Ако се чувствуваш дека можеш да го допреш небото верувај дека навистина го можеш тоа. Бидејќи не е важно колку недопирливо им изгледа на другите луѓе кога ти го гледаш толку блиску до тебе." БЕСКРАЕН УМ
Прочитајте ја рецензијата на Бескраен ум и дознајте ја бесценетата вредност на оваа книга. http://ilike.mk/art/literatura/subcategory/beskraen-um/
Покана до сите љубители на убавите мисли, музиката и фотографијата на "ПРЕПЛЕТЕНАТА МАГИЧНОСТ НИЗ ЗБОРОТ, СВЕТЛИНАТА И ЗВУКОТ" следете го линков за повеќе информации http://www.sk.com.mk/?ItemID=230E6971B6 ... 7B557A95BE