Штом веќе тргна денес вака, добро е и да продолжиме "It is a truth universally acknowledged, that a single man in possession of a good fortune, must be in want of a wife." Најпознатиот цитат од книгава Јас ја имам прочитано некои три-четири пати Господин Дарси, главниот лик, е обожуван од милионска женска публика и претставува мерило за вистински маж на многу жени. Како вие гледате на книгава?
Една моја драга другарка во една пригода рече дека не треба да постои жена во светот која не ја читала Џејн Остин Јас ќе се сложам.
Еј! Која книга Токму така Ливинг, секоја девојка треба да ја прочита книгава, затоа што верувале или не, ваквите размислувања постојат до ден денес Прочитана ми е повеќе пати, дури и семинарска морав да спремам за книгава на факс, не по мој избор ама нејсе, барем ја обработив до детали Не ми е најомилената но морам да кажам дека книгава е одлична сатира на англиското општество на почетокот на 19ти век кога најважното за секоја девојка е - да се омажи. За секоја мајка - БОГАТО да ги омажи своите ќерки, за да си умре задоволна дека завршиле во добро ситуирано семејство. Does it ring a bell? Класична книга за британските oldschool спонзоруши. Не е дека е далеку од секојдневието, нели? Mr. Darcy можеби навистина беше сон за сите девојки особено затоа што сеуште го имам во главава меморирано со ликот на Colin Firth, но мене лично најомилен лик од книгата ми беше таткото на Лиз - Mr. Bennet. Тој е можеби единствениот лик од книгата кој не освестува и ни вели сепак, дека се работи за сатира. Тој единствен му се потсмева на малограѓанското англиско општество и на сите оние закоравени однесувања на неговата жена и ќерки, и преполн е со сарказам и типичен британски хумор. Секогаш би ја препорачала книгава за читање, уште поубаво ако можете да ја најдете на англиски.
Оваа книга мора да се прочита , и филмот е убав посебно главните глумци Keira Knightley, Matthew Macfadyen
книгава ја немам читано, а баш на форумот прочитав дека е најромантична книга на сите времиња.. а кога се работи за романтика..... веднаш ја ставам книгата на листата
Јас мислев деновиве да ја купам и да ја прочитам,ја немам читано,но ја читав на Александра Потер Мојот господин совршен и таму темаата на книгата е ликот на Господин Дарси.Замислува како се среќава со него,сонува будна,го опишува Г.Дарси...и од таму ги најдов сите податоци за книгата на Џејн Остин и за ликот на Господин Дарси...морам да ја прочитам зошто претставува класика за Британците. Ви ги препорачувам книгите на Александра Потер-Која е таа девојка.Пази што посакуваш можда ќе ти се исполни.и,Мојот Господин совршен.Воодушевена сум од сите 3 книги.Ја обожавам оваа писателка.
-И така заврши неговата љубов. - рече Елизабет нестрпливо. - Претпоставував дека многумина биле совладани на истиот начин. Се прашувам кој беше тој што за првпат откри дека поезијата има моќ да ја избрка љубовта! -Јас сум навикнат поезијата да ја сметам за храна на љубовта. -рече Дарси. -Да доколку љубовта е чиста, силна. обилна. Се што е силно лесно се потхранува. Но кога само е една слаба, оскудна наклонетост, тогаш сум убедена дека еден добар сонет тотално ќе ја изгладни.
Ја имам читано поодамна, ми се допадна и да...колку се бореле луѓето против тие викторијански догми за што? Па ден, денес постојат. Цивилизацијата веќе некое време оди назад а не напред. Не ми е баш тип на книга затоа што има среќен крај, а јас ги сакам оние со тажен крај од типот на „Ана Каренина“ или „Оркански Височини“. Некако премногу ми дојде Пепелашка крај. Иако на повеќето Елизабет им е фаворит, мене па некако лик кој ми остави најсилен впечаток е Џејн, олицетворение на женственост: убава, добра и наивна девојка и мисли дека сите се добри како неа; многу мил лик. Она што најмногу ми остави впечаток во книгата е тоа што постои силна поврзаност и слога меѓу сите. Денешно време две деца да имаш коси ќе си искубат Најмалана ме изнасмеа на крај ко кидна со тој војникот, а г-ѓа Бенет (не ми се смејте) ама многу ме потсеќа на Хајрие од лисјава, леле аман само да се омажат ќеркиве и да најдат добра прилика Па уште и таму се пет деца, се си мислам оттука црпеле инспирација
Книгава ја прочитав неодамна,одлично дело кое те тера да не го оставиш дури не го дочиташ до крај.. Се е така преубаво предадено и опишано,од имоти до карактери во кои се опфатени грото човечки особини кои што и воопшто преовладуваат(проникливост,воздржаност,наивност и доблест,мудрост и веселост,гордост,лековерност,непромисленост и глупавост). Онаа комуникација преку писма која во деншно време е само мисловна именка ме воодушевува,а Дарси- само доказ колку ненадејната и помалку посакувана љубов може да го направи човека поблагороден и дарежлив,а уште поголем доказ за тоа дека за луѓето никогаш не се суди,дури вистински не се запознаат!
Серијалот од ’95 година со Colin Firth е многу добар. Се е опфатено од книгата, глумата е одлична. Колин е Многу добро го пренесе Дарси на филмското платно. Серијалот има неколку дела од по 50 мин. и ви го препорачувам на сите. Поновата верзија, односно филмот ми е многу блед некако.
Сеуште ја немам прочитано, ама утре ќе ја земам од библиотека. Се надевам дека нема да ја земат пак Најпрво ја прочитав книгата Мојот господин совшрен-Александра Потер, во која се зборува за една девојка која е опседната со господин Дарси од Гордост и предрасуда. А навистина звучно име на книга и самата се чудам како до сега не сум ја прочитала. Па утре се надевам дека ќе ја најдам
Да се изјаснам соодветно и во темава . Веќе пишав, преубава книга кој ми остави огромен впечаток и би ја вброила во неколкуте омилени книги. Ја читав со леснотија и доста брзо. Интересна, и го задржува вниманието до крај, па така ќе посакате да не заврши, да нема крај книгата. Приказната ви е позната, Ѓ-га Бенет имаше огромна желба да ги омажи богато своите пет ќерки. Проста, необразувана, со непромислени постапки и разговори, во одредени ситуации всушност и ги срамеше ќерките. Тотална спротивност на својот сопруг, кој беше одмерен, воздржан и саркастичен човек, кој често се шегуваше со својата сопруга, кај кого одамна згаснала љубовата. А и како и да постои покрај ваква жена. Женава е напаст, ама е реалност, олицотворение на многу мајки кои очајно посакуваат да ги оженат своите ќерки за богати мажи. Сеедно дали се работи за 19-ти или 21-ви век, ваквите жени постојат. Ах би им ја дала на сите да ја прочитат книгата, ама за жал ваквиот тип на жени не читаат книги, тие сепак се оддадени на маалските трачеви. Лидија е мала копија на својата мајка, лекомислена, несозреана. Среќа што нејзиниот случај беше воспитна на господинот Бенет, па со време ја зеде Кити во свои раце и ја спречи да ги следи стапките на сестра си. Мери, бледа и речиси незабележлива. Џејн, мила и толку добродушна, што таа нејзина добрина се граничеа со наивност, но сепак неможеш да не ја сакаш. Ја замислувам како исклучиво убава личност, од секој аспект. Си го најде и човекот, Бингли е нејзината сродна душа, едно се, се надополнуваат, толку слични во карактер. Лизи, хероината, девојка која плени со остроумност, искреност, мудра, а пред се духовита. Ми се допадна ликот, знаеше што сака, не потклекнуваше пред хировите на мајка и, сосема одлучно и совесно донесуваше одлуки. Нејзе не ја воодушевуваа приходите и општествениот статус, беше спротивност од калапот на девојки, и баш затоа, а и на крај, самата му кажа на Дарси, зошто тој се вљубил во нејзе. На почетокот го одбиваше, девојката која не паѓаше на неговиот шарм, не ја импресионираа неговата моќ и статус. Имаше предрасуди кон него, погрешни, и самата призна дека погрешила, што е сосема чудно нејзе да и се случи ова, таа која анализираќи донесуваше заклучоци и оценки за луѓето. А Дарси е човекот во кој сум вљубена. Се шалам, ама е мерка за идеален маж, што по изглед, што по карактер, а и по пари . Воздржан, и ладнокрвен кој одбира со кого да зборува, горделив, но од друга страна нежен, добродушен и грижлив човек кој несебично знае да ја пружи љубовта кон саканите. Кон сестра му, кон Лизи, па и кон Бингли. Се распишав, ама книгата ми влезе под кожа. Преубава е, полна со емоции. Има и филм. Се прашувам дали сите тие емоции воопшто се доловени и прикажани доволно добро.
Книгата која за брзо време ми легна на срце и стана една од моите омилени. Ја читав неуморно неколку пати со ред се‘ додека не сфатив дека професорката бара и други романи за читање освен овој. Еден период ја влечев книгата секаде по мене, не сакав да се одделам од неа Кога ја позајмувам, го правам тоа со тешко срце и паметот цело време ми е таму, да не и‘ се случи нешто. Се пронајдов во ликот на Лизи, а во оној на Дарси ги пронајдов сите мажи што ми оставиле трага во моево љубовно минато. Сега.... чекам да ми ја вратат и да ја читам пак
Се измачив додека ја најдов книгата.. Но се испалти При крај сум.. Веке се соживеав со ликовите и се.. Чекам да ја прочитам па да ги изгледам сите филмови по ред Омилен ми е Дарси.. Добродушен а во исто време ладен кон целиот свет освен кон тие што ги познава! Совршен е! Ја обожавам книгава