ТЕМА: Крвна Врска (Сидни Шелдон)

  • Во оваа категорија се дозволени само теми од типот „Наслов на книга (Автор)“.
  • Пожелно е при отворање на тема да се стави слика од корицата на книгата, како и да се напише оригиналниот наслов на книгата (англиски, шпански итн.).
  • Ако сакате да откриете делови од содржината на книгата, користете го BB-кодот spoiler за да го поставите тој дел од вашето мислење како скриен текст.

Мислење 10 Мар 2011, 18:08

Елизабет, убава, интелигентна девојка станува претседател на џиновска фармацевтска компанија - втора по големина во светот - по трагичното загинување на својот татко при едно негово искачување на Мон Блан.

Девојката пробува да остане на своите нозе и да ја зачува компанијата од останатите акционери (нејзините роднини), а истовремено не знае од кого повеќе треба да го чува грбот.

Тука е и човекот кој работеше со нејзиниот татко, кој беше со него до последен момент и знае многу работи кои ни таа самата не ги знае. Млад, успешен, привлечен, паметен и шармантен, но дали нему можеме да му веруваме во оваа бура од сплетки во која секој влече кон своите интереси.

Тука е целата нејзина фамилија како дел од акционерите и сите сакаат да се продадат акциите на компанијата - секој поради свои причини, на секому му требаат пари, никој не се грижи за самата компанија која беше животот на овој човек - нејзиниот татко...

Љубовни авантури, сексуални и други настраности, завери, коцкарски долгови и уште милион сплетки ќе направат да не можете да ја испуштите од раце оваа книга додека не ја прочитате.

Се прашував по кого трагаме во текот на целата книга, се прашував кого бркаме, т.е кој ја брка неа или нас... Го менував мислењето од минута во минута, од страна во страна. Ги сакам овие книги кога целото изненадување е оставено за последната страна или две, те држи во неизвесност до последната минута.
Аватар на корисникот
RedDevilGirL

Фем почетничка
 
184
Мислења: 18
Зачленет: 16 Сеп 2010, 15:29
In a relationship with Chace Crawford. Even though he doesn't know that yet :)

Мислење 20 Мар 2011, 01:16

Прекрасна книга, навистина ја прочитав во еден здив, не можев да ја оставам.
И јас исто не знаев за кој да се одлучам, кој од сите нив е најопасниот и крајот ме остави без зборови.
Ја читав уште неколку пати, секој пат подетално и до ден денес сум под импресии.
Обожавам вакви книги, мистериозни, таинствени, до последната страна ништо не се знае.
Браво за Сидни Шелдон, ремек дело е книгава!
Аватар на корисникот
n.a.t.t.y

Зелено цветче
 
733327
Мислења: 603
Зачленет: 04 Јан 2011, 15:20

Мислење 27 Мар 2011, 06:36

Мене книгава ми беше преубава- прва книга која ја прочитав од Шелдон, ја затекнав дома, почнав да ја читам и не ја оставив буквално читав мислам 7 саати додека да ја дочитам, толку ме копкаше како ќе заврши што немаше шанса за пауза :$

Ја препорачувам на сите оние кои не се љубители на делата на Куељо :lol: и сакаат трилери ништо не е јасно до самиот крај на книгата ;)
Аватар на корисникот
sesilija

Жолто цветче
 
71115366
Мислења: 3417
Зачленет: 12 Јан 2010, 00:24

Мислење 01 Авг 2011, 18:14

Сега ја дочитав, прекрасна книга, до самиот крај незнаев што се случува.
Скриен текст: покажи
Цело време се сомневав во Рис, Алек беше најмирен но како што велат „испод мира триста вира“
Аватар на корисникот
Lovely

Жолто цветче
 
510421
Мислења: 1181
Зачленет: 30 Ное 2009, 21:24
Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина.

Мислење 05 Авг 2011, 15:16

Книгава една вечер ме остави без сон, ама не жалам. :D
Јас пак за цело време мислев дека е Валтер Гастнер (мислам дека така се викаше, одамна ја имам читано), а најмалку Алекс, затоа што беше повлечен и и беше единствен вистински роднина (не дека другиве не и беа, ама не беа крвно поврзани со Елизабет). :) :)
Аватар на корисникот
shy

Сино цветче
 
5617
Мислења: 200
Зачленет: 14 Јун 2010, 12:18

Мислење 05 Авг 2011, 15:28

Остава без здив. Не ја испуштив од раце додека ја читав. :)
Аватар на корисникот
anneyy

Жолто цветче
 
13781764
Мислења: 1270
Зачленет: 24 Јул 2010, 21:16

Мислење 25 Сеп 2011, 15:45

Прекрасна книга!
Нешто најдобро што го имам читано од Сидни Шелдон. Бајаги поголема од нејзините вообичаени, но сепак не жалам за потрошеното време. Дури почнав да ја читам и по втор пат. Одлична книга. Вреди да се чита.
Аватар на корисникот
LilBaby

Жолто цветче
 
78119957
Мислења: 3457
Зачленет: 11 Мај 2011, 16:01
Локација: Island of hope
Not all beautiful thought's been already sung.

Мислење 25 Сеп 2011, 15:52

^It's a HE, not a SHE ;)
Книгава е првата од него што ја имам прочитано и ја прочитав во еден ден. Сосема ме изненади, има добри пресвртници, авторот те завлекува на погрешен пат цело време. А Рис Вилијамс, еееехех Рис :lol: :$
Аватар на корисникот
RainBow

Виолетово цветче
 
119141481
Мислења: 12238
Зачленет: 03 Дек 2009, 15:27
Локација: On my feet...
“The mind is its own place, and in itself can make a heaven of hell, a hell of heaven..”
― John Milton

Слика

Мислење 25 Сеп 2011, 16:24

RainBow напиша:^It's a HE, not a SHE ;)
Книгава е првата од него што ја имам прочитано и ја прочитав во еден ден. Сосема ме изненади, има добри пресвртници, авторот те завлекува на погрешен пат цело време. А Рис Вилијамс, еееехех Рис :lol: :$

Све мислев дека е женско, извини. :)
Аватар на корисникот
LilBaby

Жолто цветче
 
78119957
Мислења: 3457
Зачленет: 11 Мај 2011, 16:01
Локација: Island of hope
Not all beautiful thought's been already sung.

Мислење 03 Фев 2014, 01:59

Дефинитивно се согласувам со мнозинството. Одлична книга.
Аватар на корисникот
Madam-A

Зелено цветче
 
588310
Мислења: 733
Зачленет: 10 Мај 2013, 15:23
Локација: in my Undersea Castle! :)
Слика

Врати се на Книги

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин