„Лолита“ на Набоков е едно, според мене, генијално дело. Набоков успева да претстави еден педофил на тој начин што читателот можи да ги разбери неговите постапки, дури и да ги оправда. Лолита според мене е исто толку пореметена како и Х.Х. Стилот на Набоков ме остави без зборови. „Лолита“ стана поим, историја...што е нешто навистина ретко. За многу малку ликови можиме да кажиме дека станале историски и од нив произлегол некој поим, во случајов синоним за малечки, провокативни девочјиња кои заведуваат со својата невиност и прерано влегуваат во сексуалните води и тоа доброволно и потполно свесно. Според мене оваа книга или ја сакате или ја мразите и сте згрозени од неа. Средина нема. Еве едно видео со мал дел од почетокот на книгата. Првиот пасус многу ми се допаѓа. И гласот е http://www.youtube.com/watch?v=ASrAEVk73mo И уште едно видео од филмот. Има две верзии мислам, оваа е од 1999 година. http://www.youtube.com/watch?v=un3Umapy ... re=related
Како беше она... Лолита - оган во моите препони.. Не се сеќавам добро - летото почнав да ја читам и се откажав. Не ја засакав, не ме бендиса самата тема. Познавам вљубеници во книгава, но јас нема да се правам луда и да ја прифатам бидејќи на други им била убава. Секој со свој вкус, нели?
Не сум ја читала книгата, само зашто го гледав филмот и ме лазеа морници, ми се додека гледав. Знам дека и со книгата ќе се случи истото, едноставно темата ми е ненормална и одбивна.
Јас ја почнав за време на испитна сесија, бавно ја читав и потоа ми ја зедоа и така ми остана, недочитана Ама во секој случај морничава книга, и додека читав во никој случај не го оправдував или разбирав постапките на педофилот, како што пишала Нејтири, ама сепак не можам да кажам дали ќе сум останела така расположена до крајот на делото. Ова е една од ретките книги која сум ја почнала и не сум ја довршила, темава само ме потсети дека треба да ја дочитам Еј и заборавив да кажам- јас изразот Лолита не го користам за некое девојче кое свесно предизвикува блудни мисли, ами за жени со “егзотичен стил“ Ќе ја видам така “убаво стилизирана“ и викам види ја оваа Лолита- некако името така ми делува, егзотично Нејтири, бегам од темата, ќе ти ја расипам
Спојлер Сеси да ја дочиташ. Не знам дали мислењето ќе ти се смени, зависи до каде си читала, ако си била на почеток, пред воопшто да се случи нешто меѓу нив, тогаш можно е да смениш мислење понатаму, а инаку не верувам дека би сменила. Имаше моменти кога тој ги пишуваше своите дневници, а меѓу нив ништо се немаше случено, ми се гадеше, ми се , се сеќавам дека во еден момент ја затворив книгата и реков не читам повеќе, но пак и се вратив и храбро си издржав. Кога стигнав до делот каде што Лолита буквално му се понуди него, самата, доброволно, да не речам го нападна со бакнежи, безобразно и безсрамно, моето неодобрување се префрли од него, на неа. Па почнав да ја обвинувам Ло. И моето мислење се смени тогаш.
Епа не, на почетокот бев, не знам, првите 100 страни, кога ја набљудуваше само и ми се гадеше од него, ама баш би сакала да знам како завршила, така што ќе ја дочитам, затоа не сум ги гледала и филмовите. Само стави го мислењето во спојлер некако, бидејќи се открива голем дел од содржината
Ако ја тргнеме настрана контроверзноста на приказната, која факт е дека скоро никој не би ја оправдал, она што не смее да се занемари е дека Набоков е врвен мајстор на перото, неговиот стил и продорно анализирање на човечката природа и мисли дури и кога се вака неприфатливи, според мене се - воодушевувачки. Значи надвор од содржината, посебноста на стилот и чувството како некој ви се отвара себеси целосно, макар и се згадиле и изненадиле - кај мене буди почит.
Верен фанатик на пишаниот збор на листата прочитани книги дефинитивно треба да го има ова ремек дело на писателското перо. Психолошкиот профил во прво лице е во полно светло доловен, искрени емоции кои дури на моменти иницираат еден вид иронична емпатија кај читателот кон ликот на Х.Х. Верувам дека во светот нимфетите постојат. Верувам дека постојат луѓе кои ја гледаат таа нивна аура. Верувам дека кутриот Хамберт е емотивен манипулатор. Дека Долорес е напатена душа која заради својата нескротлива природа, а и значајниот дефицит на родителска посветеност единствено знае да игра со туѓите емоции онака како што другите го прават тоа така со неа. Генијално искрено, Х.Х. себеси не се осудува и сепак се казнува. Толку искреност на лист никогаш не сум прочитала. Играта на зборови го одвлекува вниманието на читателот од морничавата содржина. Настаните се потполно прикажани низ очите на учесниците и единствената темна дамка осудување е грижата на совест која во ниеден момент не ги обзема во целост.
Не само што не го обзема грижа на совест, тој дури и се правдаше цело време за она коешто го прави, обидувајќи се да се оправда со глупави изговори од типот на како Данте првпат ја сретнал и ја засакал Беатриче кога имала 9 години, а цел свет го цени него и неговата поезија, или пак за фактот дека војниците силувале жени во војна, а биле прославувани како херои дома и демек тие како него имале искрена љубов во срцата. Немој, аман, ќе се расплачам од неговата пожртвуваност. Не е точно дека до крајот на книгата мораш да го оправдаш, јас не го сожалував од прва до последна страница. Додека пак, Долорес немаше избор. Нејзината сексуална оптеретеност и збунетост во комбинација со егоистична и незаинтересирана мајка не можеше да вроди со многу подобар плод. А, таа комбинација Х.Х фино си ја искористи. И да не заборавиме, нејзината страна од приказната е раскажана од истиот тој човек, којшто низ книгава се покажа како сè друго, освен како достоен за верување. Инаку, вистинската приказна којашто служела како инспирација за книгава е многу поразлична, а вистинската Лолита е многу понаивен лик, а нејзиното киднапирање се случило под сосема поинакви околности, како и нејзината смрт. Еве ја вистинската Лолита. https://en.wikipedia.org/wiki/Florence_Sally_Horner ... што ти е судбина, едно нотесче од 5 центи ѝ го упропастило животот.
Ја има некоја читано Лолита на српски јазик? Јас сакав да ја прочитам но во библиотека ја има само на српски па не знам дали да ја земам. Да не ми е за џабе читањето, можно е ништо да не разберам.
само што завршив со читање на книгава воодушевена сум браво! ремек дело може ли да ми препорачате некоја слична на оваа?
Прекрасна книга, различна од се останато Уште по чудно е што дури ја читав книгата и дури го гледав филмот немав никакво чувство на омраза, туку сожалување кон Х.Х
Ја имам прочитано,мене ми беше интересна,посебно почетокот.Го имам гледано и филмот и искрено книгата ми беше далеку подобра,филмот некако глуп .
Настрана од тоа што мислат читателите за Хамберт Хамберт, ја чувствувам како многу реална и длабока приказна. Јас не се ни обидов да бидам "opinionated" додека ја читав, премногу нијанси на сиво за да бидам во состојба да бидам на нечија страна. Ете колку може да те турне во амбис пукнатина во животот, посебно ако е рана. Колку може да те скршне од патот, да те извештачи, да те направи нечовечен, да те полуди. Посебно кај човек со висока интелигенција и бујна фантазија и згора на тоа оган во срцето. Драг подарок ми е книгава, но вакви книги или ко на Гете, или на Иго, не можам да ги читам постојано, затоа што премногу ми влијаат и ме апсорбираат душевно и емотивно, но кога ги читам им се посветувам целосно.