1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нека победи подобриот (Џули Џејмс)

Дискусија во 'Книги' започната од laryla, 10 февруари 2012.

  1. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Книгава е нова,и е од истата авторка на книгата со која веќе се запознавме. :)
    никакви правила.
    САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА... Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе - да биде унапредена во партнер.
    АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ... Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе - да биде унапреден во партнер... и да ја игнорира Пејтон.
    Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна. И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување! Па, нека победи подобриот!
    Секогаш ги советуваме членовите на порталот да пишуваат свои рецензии и да не ги препишуваат текстовите од задните корици на книгите, но со оглед на тоа што текстот на корицата е исто така мој, го пишувам истиот - не поради друго, туку затоа што овој текст најдобро ја опишува книгата без да ги открие деталите кои би можеле да ви го расипат уживањето во истата.
    Она што сакам да го потенцирам е фактот дека госпоѓата Џули Џејмс ДЕФИНИТИВНО успеа преку ноќ да се качи на позицијата Мој омилен автор на романтични комедии на сите времиња. Мислам, стилот и шармот со кој таа ги раскажува приказните досега не сум ги сретнала кај ниту еден друг автор и тоа е нешто што ме освои од првата реченица. Се колнам дека не лажам кога ви велам дека со месеци би читала нејзини книги една по друга без да добијам желба да посегнам по друг автор и друг наслов.
    Она што ја разликува оваа книга од нејзините останати книги се практичните комични сцени кои ќе ви дадат многу повеќе причини за смеење од саркастичниот хумор по кој е позната. Оваа книга всушност е пишувана за сценарио кое може наскоро да се појави во филмувана верзија, па ќе забележите дека со самото читање ќе добиете чувство како да гледате романтична комедија. Живописно, необично, смешно... одлично!
    Паметна, секси, урнебесно смешна приказна - ова е идеалната романтична комедија за сите безнадежни романтичари. :inlove:
     
    На SnowWhite91 и Kiara им се допаѓа ова.
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Јас ја прочитав во еден здив, интересна книга.
    Многу наликува на нејзината претходна, Само најсекси маж кој постои.
    Давам оцена (одличен) пет. :)
    За љубителите на чик-лит е добар избор. :)
     
  3. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    ***** - Мојата оцена :inlove:

    Одлична книга, одлична смисла за хумор, одлично изградени ликови - дефинитивно ја препорачувам секому!:) Би можела да биде одличен филм...

    http://www.youtube.com/watch?v=Mg2LXJ__ ... r_embedded - Видео :wasntme:
     
  4. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Се сложувам со претходните феминки,сметам дека е многу добра Чик-Лит книга.Ме изнасмеа и ме релаксира,сега се фрлив на нешто друго. :D Наскоро ќе напишам и за таа.
     
  5. JanaMari

    JanaMari Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Нека победи подобриот-(Џули Џејмс)

    книгата е многу интересна ја процитав во еден здив...на џули џејмс сите книги и се убави посебно најсекси маж што постои
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Знае ли некоја феминка дали книгава може да се симне, пример на српски или хрватски јазик? Или ако некоја ги има и другите книги од Џули Џејмс исто така на овие јазици да ми ги прати?
     
  7. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Лесна, читлива и дефинитивно не се чита на јавно место (автобус, плажа или сл.) .... да не помислат луѓето дека сте некои лудаци додека се смеете сами со себе ;) (како што ми се деси на мене :rofl:)
     
  8. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.887
    Пол:
    Женски
    Една од моите омилени. Се чита во еден здив. :)