Повторно една од тие книги кои Ве тераат 20 минути да се смеете на глас, а 20 минути да плачете како дете. Нејзиниот маж во најтешките моменти и денови кога згаснува неговиот живот пишува писма за неа кои таа треба да ги чита секој први ден од месецот по неговата смрт. Не, не ги отвора порано од договореното иако умира од желба да го стори тоа и да ги прочита последните зборови на својот сакан туку внимателно ги почитува неговите упатства. Како една млада вдовица да продолжи да живее кога на овој свет повеќе го нема нејзиниот сакан? Низ многу ретроспективи во книгата се гледа колку многу тие се сакале, какви убави моменти поминувале заедно, а потоа се опишани и моментите по неговата смрт, ужасни и тешки за неа. Таа плаче додека солзите не пресушат, се смее во моменти на очај кога знае дека не може да го врати назад, таа се обидува да се затвори сама изолирана од светот и да тагува... Но нејзините пријателки и роднини не дозволуваат така да живее...
леле го гледав филмот предобар е ..само плачев...сега ке ја барам и книгата ми кажаа дека е многу поубава од филмот ....
Книгата ми е мн. поубава,потрогателна него филмов,на книгава се убив од плачење,сирота ја мн.е по детално разработено како тагува и има повеќе детали, додека филмот ми беше онака...не дека е лош,но книгата дефинитивно е подобра
Книгата е фантастична. На некои моменти трогателна, на некои моменти смешна. Од филмот се разочарав, беше ептен комичен, не ми се допаѓа.
Прекрасна книга,толку емоции јас бев водушевена,една од најубавите книги кои што ги имам прочитано,неможев да ја оставам додека не ја прочитам целата до крај.Со филмот не се споредува,во филмот ни пола работи нема.
Одлична книга, една од оние кои навистина вреди да се прочитаат. Пријатна и покрај она "тажното" во неа. Ако сте од оној претерано емотивен тип (како мене кога станува збор за вакви книги) ве советувам да имате припремено паломи до вас.
Јас го гледав филмот и не ми се допадна, кажуваат дека книгата е подобра и затоа сакам да ја прочитам, која издавачка куќа ја издава книгата и каде може да се купи??
Во издавачката куќа Три можеш да ја купиш Иначе, го имам гледано филмот, книгата не, па можеби некој ден ќе ја прочитам Филмот е супер, многу ми се допаѓа, додека го гледав неколку пати очите ми се насолзија...
Се знае, книгата е секогаш подобра од филмот. Јас ја читав на англиски и книгата ми остави огромен впечаток. Полна е со емоции што мене многу ми се допаѓа. Ја препорачувам на сите кои сакаат љубовни романчиња. Ова е една книга што вреди да се прочита.
Точно така. Доколку постои книга и филм под ист наслов, јас сметам дека прво треба книгата да се прочита па потоа филмот, бидејќи додека читаме книга ние самите си ја замислуваме како реална слика, си ја доживуваме како сакаме, а пак филмот кога ќе се погледне, после книгата, тогаш тој е претставен во друго светло и може поинаку од нашата замисла...
Книгата е прекрасна...Го имам гледано и филмот и тоа два пати но, книгата дефинитивно е поубава. Додека ја читав, плачев како мало дете.
Еее јас сум до половина од книгава,многу е убава.Ми има многу интересни моменти воедно и се натажувам додека ја читам.Оваа ми е втора книга што ја читам од Сесилија,првата беше На крајот од виножитото и морам да кажаам дека се прекрасни
Пред да ја прочитам книгата читав разни коментари од тоа колку била добра и ја зегов книгата буквално со преголеми очкувања и баш поради тоа на крај се разочарав. Не велам дека книгата е лоша, но според коментарите јас очекував многу, многу повеќе и баш тоа ме разочара. Инаку филмот и книгата воопшто не можат да се споредат, филмот е ептен тапа во споредба со книгата и ептен многу работи се изменети и со самото тоа суштината на филмот е сменета.
Преубава е книгата, многу е подобра од филмот баш како што и очекував. Не сум некој љубител на вакви книги, ама оваа е исклучок. Прекрасна!
Само филмот го имам гледано, а планирам да ја читам книгава летово. Добар беше и филмот, али секако секогаш подобра е книгата