Роза за балерината(Лурлин МекДениел) Сличен стил на Николас Спаркс. Љубовна приказна Ве носи во неколку различни света. Приказна која е пишувана во вид на пораки, чет разговори, писма, мејлови итн. Менделина и Џес се ликови кои ве поведуваат во една сторија за љубовта, чувствата, поврзаноста. Впрочен нивниот прв училишен ден ги сплотува во едно, од кое произлегува голема љубов. Мене многу ми се допадна, топло ја препорачувам на сите. Ја има во книжара ,,Три,, во трговски.
Премногу е тажна. Се чита во еден здив, но мене ми требаа неколку сати за да ја завршам, бидејќи имаше делови кои навистина ме потресија, ме вратија во еден многу лош период од мојот живот, па ми требаше време да си ги соберам чувствата. Најтопло ја препорачувам.
Не би рекла дека стилот е сличен на Николас Спаркс. Авторката има преживеано слична траума со нејзиниот син, па затоа речиси сите книги и се од тој тип, за млади луѓе кои се борат со смртта, со неизлечливи и хронични болести. Има напишано преку 70 книги. Најголем број од делата и се со ваква тематика поради тоа што сака да им помогне на оние кои се справуваат и поминуваат низ вакво нешто и да ги инспирира оние кои ја имаат среќата да се здрави да не го трошат залудно животот. Оваа е единствената книга која ја имам прочитано од неа и не знам дали ќе имам срце да прочитам уште некоја. Премногу е тажно, страшно срцепарателно, оваа книга додека ја прочитав цело време бев облеана во солзи. Можеби би ја прочитала уште Breathless, имам слушано дека исто била добра.
И јас ја прочитав, се изнаплакав многу! Само што во неколку делови од книгата, ми фалат страници - грешка во печатење (очигледно), па требаше сама да си ги спојувам работите....
Значи книгата е феноменална.Додека ја читав си помислив зошто луѓето не го ценат тоа што го имаат,зошто не го ценат здравјето што го имаат,зошто не ја ценат љубовта што им ја даваат нивните родители.
Одкако ја прочитав книгата, на сите ја препорачувам. Книгата ме остави без зборови. Почнав да ја читам во 1 часот после полноќ и не ја оставив се до 5 часот наутро. Едноставно не можев да ја кренам главата од неа до дека не ја прочитав. Прекрасна е книгата и за оние кои сакаат вакви книги со тажни содржини, обавезно да ја прочитат.
Ја купив пролетва за саемот на книгата и си ја лупам главата од ѕид како е можно дури сега да ми текне да ја прочитам Значи ПРЕУБАВА Е. Се заљубив во Џес срце е детето Се изнаплакав за судбината на Мелинда Жално е да се читаам така тажни судбини на така млади луѓе Но како што напишав во претходна тема: книгава ме потсети и на мојата прва љубов од прво одделение Аххх, колку си го сакав
Колку може да биде суров животот. Мелинда можела да си го оствари сонот но болеста ја закочила во се. Книгата ја прочитав за околу 4 часа, и ми остави голем впечаток, му препорачувам на секому да ја прочита нема да зажалете верувајте.
Преубава и тажна книга ја прочитав во еден здив и дефинитвно ја препорачувам на сите кои не се ја прочитале
Би рекла дека е книга што дава некоја смисла на животот, тоа колку треба да се цени животот и да го живееме секој ден како да ни е последен. НО, сепак ќе се надоврзам на останатите коментари дека многу лесно и во еден здив се чита. Вреди да се прочита
Одамна беше кога ја прочитав но впечатокот што ми го остави е воодушевувачки.Се чита во еден здив и солзите не бегаат. :/
Книгава буквално ме разболе! Една невина детска љубов, илјадници писма и мејлови и еден тон солзи исплакани. Едно пакување паломи е задолжително...
Стварно е тажна..Во еден здив се чита.Ја прочитав и сеа и ја сакам некој како Џес Спојлер Само да не завршам како Мелинда
Ја купив минатото лето од саемот за книга во крушево.Ми дојде да плачам на крајот, посебно кога Џес и рече на другарката на Мелинда, да му овозможи пристап во ковчегот за да и остави писмво во рака. А во писмото пишуваше Мелинда да го чека во рајот дека еден ден и тој ќе дојде таму итн. Исктрено кога Мелинда излезе од болнца и Џес се врати од америка мислев ќе има среќен крај, но се излажав.Книгата ја прочита дури и мајками и неколку дена не можеше да се соземе. Спојлер многу е чувствителна за такви работи Тоа лето сакав да ја купам и книгата ''Го сакам Лондон'' но ја избрав Роза за балерината
Зимава ја читав. Одамна сакав да ја прочитам, а никако да ја начекам во библиотека. Стилот и вид на книги што го сакам. Колку само животот знае да биде суров...