Имам темно кафеава коса, штом треба да ја осветлувам тогаш не одам на таа варијанта, многу ќе ја оштетам, немам толку цврсто влакно, не дека ми е ептен слаба ама па со толку фарбање некако не ми се ризикува .
^Па не е некоја голема разлика, јас мислам дека ќе ти фати оваа нијанса (зависи и до фарбата).Ако сакаш плава да се исфарбаш е тогаш ќе мора со бланш. Јас со Гарниер color naturals се исфарбав ultra black и таков тегет отсјај добив, дури сега после 3 недели кафеавиот одсјај почна да ми се враќа.
Иста како на сликата ми испадна со Syoss 4-2 Инаку дали некој ги има пробано L'oreal Prodigy 5 фарбите? Jaс сум заљубена во нијансава само што не сакам да биде многу дречава.Сега ми е нешто загасито бакарно-портокалово-црвено , па сакам да ја пробам фарбава.Ако има некој искуство, нека сподели.
Дали можам да добијам некоја светла кафеава-темна плава Аѕh нијанса? Не сакаm да употребувам ни хидроген ни бланш. Гледав видеа на јутјуб девојките со потемна кафеава коса ја осветлуваа нивната коса така што ќе употребеа ептен плава фарба без бланш ни хидроген и им идеше некоја така светло кафеафкаста боја. Се мислев и јас истата техника да ја употребам, на пример со овие на лореал погоре продиџи што се,демек биле без амонијак, некоја ептен плава нијанса за да ми испадне светло кафеава. Илиии немора да се овие беѕ амонијак, било која лореал плава фарба со амонијак да пишува Аsh на неа,дали би го добила истиот ефект Стварно ми е шубе да не испаднам портокалова, иако овие јутуберкиве го прават тоа. *само да не е на фризер не стојам убаво со финансииве моментално *
Направи си промена мила,и јас се мислев кога првпат се бојадисав и убаво испадна а ова боја на сликата е многу убава. Исто и јас косава ми беше шатирана ама веке падна бојата,па после ставив на долниот дел од косата црна е сега наредната недела ке идам за мак и се мислам за промена на бојата. Сакам да сменам на плаво па омбре нешто да направам или костен боја да ми биде целосно иста бојата на косата. Ама долниов дел од косава со кна го бојадисав тогаш и сеуште стои, на фризер ке можат да ја средат да биде една боја косава или ако правам омбре ке ми ја тргнат кната? Се мислам карамел нешто лешник да ставам или костен(костен знам дека ми одговара) а шатирана плава бев не ми беше лошо ај совет?
А каква боја на коса имаш? Претпоставувам црна фарбана нели мислам дека така имам читано низ форумов јас мислам дека девојкиве на јутјуб ставаат и мало количество на бланш во фарбата па затоа и и м се осветлува косата. Нема шанса ако ти е темно фарбана косата да ти стане светло кафена или плава оддеднаш и тоа само со фарба поготово тоа црното тешко се вади , единствено можеш да пробаш со колорб4 да се осветли малку косата па после да се фарбаш и постепено да ја добиеш посакуваната боја.Од искуство јас го имам пробано производов колорб4 и косата од црна ми стана кафено црвенкаста. А ако ставиш сега само фарба нема да ти стане портокалова туку на коренот може да добиеш некоја црвено портокалова боја а надоле ништо нема да се смени. Се извинувам ако сум те помешала со некоја друга девојка
Јас се бојадисувам тегет-црна.Ја користам Гарниер колор натуралс 2.1.Ви ја препорачувам за убав тегет отсјај.Но,не е долготрајна бојата.Се согласувам дека за 3 недели се враќа природниот сјај на косата.
Не во право си црна бев, не ме имаш помешано со друга девојка. Само што јули месецот си ја иставив црната со колор б4 па од тогаш не се имам исфарбано. Прво сакав да ја фарбам некоја медова ама се премислив сега ваква сакам. Инаку сега немам никаква фарба на менр косата ми е кафеава со црвен отсјај па затоа и барав некоја ash нијанса за да не ми дојде препортокалева, да речам да ми се избалансира. Ептен ја сакам онаа боја:/
Што да ти кажам , еве јас пред 3 месеци ставав исто од тоа колорб4 и ми испадна така портокалово кафено со црвен сјај , и потоа ставив најсветла плава ама портокјалова ми стануваше и потоа реков џабе фрлам пари на фарби ај да си ставам бланш , подобра за 2 нијанси ми беше косата ама не беше како што сакав и на крај отидов на фризер и таму само ми ја исфарба со фарба еволушн 11.11 со 12% хидроген и многу ми се осветли и добив сивкаста плава боја... јас би ти препорачала кога ке имаш можност да одиш на фризер зашто само тие знаат како да постигнат нијансата што ја сакаш , а за плавите нијанси е мн тешко да се добијат. А тие на јутјуб 100% ставаат и бланш во фарбата
Се фарбав со субрина професионал розевата,преубава ми излезе косата,со сиви нијанси,презадоволна сум.
Вие што се фарбате црни еве да ве потсетам со колорб4 од црна каква косата ми стана (ама сега плава сум така да не се збуните )
Имам светло кафеава коса,сакам да ја осветлам за една нијанса но со колор шампон , каква боја да земам ?
Ај постирај слика како сакаш да ја осветлиш ? Инаку со колор шампон незнам колку можедати ја осветли косата , јас еднаш сакав да ја осветлам косата за една две нијанси ама ништо не се смени , само некој сјај ми даде и тоа. Мислам дека само со фарба ќе ти успее
Моментално косава ми е кафена со жолтеникав отсјај на дневна светлина. Последен пат се фарбав со темно кафена фарба на Гарниер отприлика март месец. Од тогаш навака се немам фарбано. Е сега, мојов проблем е што никако да си погодам темно кафеава нијанса што нема да ми испадне црна. Секогаш кога се фарбам косава ми испаѓа црна, и малце посветол корен, и после со тек на време избледува до нијансата што сум ја посакувала, ама до тогаш веќе коренот е пораснат, и фарбата од коренот е тотално избледена па пак ми е косата на корен посветла и надоле потемна. Ако некоја може да ми даде предлог темно кафена (чоколадна боја) фарба што нема да ми испадне црна, ќе и бидам вечно благодарна!
Пробај , нема ништо да изгубиш , некои од пвое 6.0 или 7.0 ако ти се допаѓаат , ако ништо не се смени тогаш подоцна пробај и со фарба
Со колор шампон мислам дека нема да ти се осветли, но познавам една другарка која си ја осветли со 6ка млечен хидроген и и е осветлена за 2-3 нијанси. Така да пробај ништо не губиш не се оштетува косата со тоа, ако си заинтересирана пиши ми да ти кажам што да ставиш во хидрогенот за да не ти се оштети косата
Здраво женски, да ве прашам дали некоја од вас се фарба со Аура? Имам две другарки кои се фарбаат со Аура и имаат преубава лешник нијанса на косата, каква што сакам да имам, меѓутоа имам една мала дилема. Порано бев фарбана со црвена боја (Subrina 85 - од која сум презадоволна, ако некој бара бордо, темно црвена, ја препорачувам). Но ми здосади и си ја израснав природната боја. Имам природно светла кафена или - Light Ash Brown ко што би му дошло во светот на фарбите Решив да ја осветлам малку и се исфарбав со оваа фарба Elea - Hazelnut, која на сликата на кутијата изгледа прекрасно, и очекував таков ефект, но наместо да ми ја осветли - ми ја затемни за нијанса,две Гледајќи видеа на интернет, повеќето кои сакаа да постигнат посветла нијанса се фарбаа со плава фарба. Земав и јас Ash Light Blonde (ASH нијансите немаат портокалов сјај - тоа ми беше најважно) и навистина добив убава боја, некои 2-3 нијанси посветла од мојата Работата е што мислев дека имав основа повторно да се исфарбам со лешник нијанса од горенаведената фарба, и повторно ми ја затемни. Иако со измивање - бојата паѓа и ми се осветлува и имам убава нијанса Дилемата ми е - не знам со која боја да продолжам со фарбање, која нијанса. Дали да пробам повторно со лешник нијанса (овој пат од Аура, која на другаркиве им даде многу убава нијанса) ИЛИ уште еднаш да се исфарбам со светла нијанса за да ми остане отприлика оваа што сега ја имам. Гледав дека Аура имаат и други убави светли нијанси (Honey Blonde и сл.), дали некоја од вас има искуство со овие фарби? Овие нијанси ми се омилени, ако имате совети за достигнување на оваа боја, добредојдени се: п.с.Ако сакате да ме советувате да одам на фризер (каде ќе ми наплатат дебела сума и обавезно ќе ме изгорат со бланш), подобро воопшто не пишувајте ништо, секогаш сум се фарбала во домашни услови и било успешно. Овој пат проблем ми е само нијансата
А после одкога ја извади ти фати обична фарба? Јас планирам уште црна да си ја носам некој месец, после сакам да се исфарбам некоја кафено-црвена, ќе успеам ли со деколорант?
Прво мора да ставиш темна за да ја изедначиш цела коса и секој нареден месец ќе ја осветлуваш за две нијанси. Јас цело време си играм со боите посветла - потемна. И редовно мора да се фарбаш, не може од март не си се фарбала и убава да ти биде и иста.