Cacy, доколку ова биде твое прво фарбање со руса боја ќе ти препорачам најнапред да извадиш прамени со бланш, па веќе во следниот чекор да ја исфарбаш косата целосно со саканата руса фарба. Така ќе ги зголемиш шансите да ја добиеш саканата боја ( иако тоа од прво фарбање е практично невозможно ). Секако најдобро е сето тоа да го направиш кај професионален фризер кој ќе ти помогне да не ја оштетиш косата, односно ја оштетиш минимално. Доколку си дефинитивно решена да се приклучиш кон друштвото на "плавуши"

, ќе ти препорачам уште веднаш да почнеш со интензивна нега на косата ( користење на маски за коса, ампули како и соодветен шампон за бојадисана коса ).
Се надевам дека барем малку ти помогнав. Инаку јас сум веќе долго време "плавуша" и сум ги испроабала сите можни варијанти за добивање на идеално руса боја на коса.
За оние што сакаат бела боја на коса, доколку нивната природна боја е кафена ( или пак имаат црвенкаст пигмент ) тоа единствено можат да го направат со бланширање на косата која по бланширањето и измивањето на бланшот , додека косата е сеуште мокра ќе ја офарбаат со саканата боја на руса фарба која не содржи амонјак и така ќе ја остават некои 15 мин и потоа повторно плакнење и измивање. Сепак, овој начин не го препорачувам бидејќи колку и да се внимава на негата на косата , после некое време е неминовно да се оштети.Поздрав
