1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природни регенератори и маски за коса

Дискусија во 'Коса' започната од manevska.mila, 28 февруари 2010.

  1. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Не се плакне со вода значи послем миење на косата ја плакнеш со течноста од копривите и завршена работа[
    ок фала ќе ја пробам
     
  2. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Ми треба некоја маска за коса со ке ми користи оти мојава коса е багички оштетена и долга :?: :(
     
  3. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Домашна маска за остетена коса?

    Можеш да пробаш со јајце и маслиново масло. Исто можеш да додадеш и малку мед и така нека ти отстои на косата 1 час.
    Мачкај ја косата и со бадемово и ореово масло, и тие се одлични за оштетена коса.
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Домашна маска за остетена коса?

    Најдобрата маска е со маслиново масло и јајце. Ги мешаш и ги ставаш на косата... јас немам пробано ама викаат дека е добра.... Јас би ти препорачала само масло да си ставаш два пати неделно... ќе ти омекне косата и ќе ти биде поубава :D :D :D
     
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Домашна маска за остетена коса?

    еве нешо шо имам зачувано во пц ги немам правено но се надевам ке ти бидат од помош
    ЗА СУВА И ОШТЕТЕНА КОСА
    Божествена маска со мед и млеко
    • 1 презреана банана
    • 5-6 капки бадемово масло
    • ½ чаша млеко
    • 1 лажица мед
    Испасирајте ја бананата и кон неа додајте го бадемовото масло. Затоплете го малку млекото, колку за да можете да го растопите медот во него. Млекото со мед додајте го во смесата со бананата и добро промешајте.
    Ставете ја приготвената маска на скалпот. Прво масирајте го скалпот, а потоа разнесете ја смесата надолу по прамените. Оставете ја да делува 20-30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон.

    Ревитализирачка маска со авокадо и мајонез
    • 1 авокадо
    • ½ чаша мајонез
    • 2 лажици маслиново масло
    • 2 лажици мед
    Испасирајте го авокадото. Додајте ги мајонезот, маслото и медот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја маската на косата и масирајте 2 минути. Потоа, ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 20 минути. Измијте со млака вода и шампон.


    Јаболкова маска за неверојатно мека и нежна коса
    • 1 ситно рендано јаболко
    • 2 лажици јаболков оцет
    • 2 лажици сок од лимон
    Во изренданото јаболко додајте ги оцетот и сокот од лимон и промешајте. Ставете ја смесата на скалпот и нежно масирајте. Разнесете ја маската и надолу кон врвовите, но сепак внимавајте најголем дел да остане на скалпот. Ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути, а потоа исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон.

    Заштитна маска за цврстина и хидратација
    • 4 лажици маслиново масло
    • 4 лажици мед
    • 2 белки од јајце
    • ½ краставица
    Изматете ги двете белки од јајце и во нив изрендајте ја краставицата. Додајте ги маслиновото масло и медот и убаво промешајте. Нанесете ја смесата на главата и полека со прстите разнесете ја низ косата. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да стои 30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон.

    КАКО ДО ЕДНОСТАВНА МАСКА ЗА КОСА?
    Сакате да ја негувате вашата коса дома, но ви недостига време или желба да приготвувате смеси и да мешате различни состојки? Тогаш, најдобро е да си направите брза и едноставна маска со една состојка.
    Најдобри состојки кои можете да ги искористите како маска за коса се: авокадо, банана, мед, јајца, маслиново масло, мајонез, глина, јаболков оцет. Земете кој и да било од набројаните продукти и нанесете го со масирање на скалпот и надолу по прамените. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да дејствува 15-30 минути. Потоа, измијте со шампон. Резултатите ќе ги забележите веднаш, бидејќи вашата коса ќе стане мека, свиленкасто нежна и ќе придобие здрав сјај.
    Совет: препорачливо е мајонезот и авокадото да се употребуваат за сува до нормална коса, а јаболковиот оцет, глината и јајцата за мрсна коса.
     
  6. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Домашна маска за остетена коса?

    Леле со овие бананите на коса имам многу лошо искуство :D . Еднаш ми текна сакав да си направам домашна маска за косата, а пред тоа го имав читано истото ова за бананите, и си реков ајде ќе пробам со банани. Ги изгмечив, ставив малку мед и ги шлакнав на косата, ги оставив 30тина минути, и после тоа абе 4 пати се измив со шампон, темелно, и плус 2 пати после тоа темелно ја исплакнав косата без шампон, и пак имав парченца банани во косата :envy:
     
    На simoncelicius и Rozich им се допаѓа ова.
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Домашна маска за остетена коса?

    Истото и мене ми се случи :o
    Миј,миј тие остануваат на коса.После со чешел ги вадев..1-2 саата.

    Затоа од тогаш немам ставено домашна маска,си ставам купечка. :D
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    ццц ме изнасмеа бе :D да знам да не ја пробувам и мене ми се посигурни купените ако ништо друго имаат поубав мирис од домашните
     
  9. macencetoo

    macencetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    јас навистина не сум салам,нема што да правам сега си кладов бадемово масло и лимон на косата и таман да поседи и утре ке си ја измијам :D :D ај можи ке ми притекни уште нешто да напрам до 5 сато :P
     
    На Lallly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најсоодветно е овде да го поставам прашањето, бидејќи ореовото масло се користи како природна маска за коса, а за таа намена и ми е потребно. Дали некој има досега направено домашно ореово масло, како што прават кантарионово, па да ми каже количина, колку листови од орев во колку маслиново масло, колку време да стојат така? :?:
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Јас најубаво искуство имам со овој тип на маска
    само што јас не ставив краставици, инаку медот неверојатен волумен и дава на косата, а сјај неповторлив, најубава маска до сега.
     
  12. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    на овој сајт имаш за природни масла,има и за ореово масло како се прави
    http://prirodnakozmetika.com/Temeljna_ulja_upotreba.html
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    За поголем волумен и мрсна коса.
    Ја немам користено досега, иначе ми ја препорача докторката. ;)

    1 Жолчка
    1 Лажица- бадемово масло или рицинус
    1 Супена лажица -сок од лимон
    2-3 - чешки лук
    1 Лажица - рум или ракија
    Ампули за коса :
    -Vi h, B1, B6, B12 ( цела ампула се нанесува). ;)

    Еднаш неделно се препорачува да се користи.

    Aко проба некој нека извести за резултатот. ;)
     
  14. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Ставам маска од маслиново масло значи чисто не го мешам, со ништо . Е добро ама ај реков ке ставам и едно јајце со маслиновото .Е арно косата ми беше супер мека и со многу волумен ама една миризба грозна од јајцето мириса косата на 100 км :puke: и вас така ви мириса кога ставате јајце ?
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    А некој природен регенератор или маска за намалување на волуменот/густината?
    Сите барате за зголемување, мене ми треба обратно зошто ми е БУВ, буквално, така ми е густа и после миење, треба да ми стои немиена 3 дена за да се спласне. :emo:
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    а што е ова Vi h? се фино со маскава ама лукот, ми е страв да не ми корне косата и сите да бегаат од мене [​IMG]
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    И јас ставам маска од маслиново масло, жолчки, но и вински оцет (и дава посебен сјај и посебно е добар за првут).. Го мешам со машинче за Нескафе, и ја нанесувам со четкичката за фарбање.. Ја замотувам во најлонска кеса и ми стои некаде 30 минути. :)
    Мислам дека нема подобро нешто од природно, а оваа маска е доволна еднаш на две недели.
    До сега не сум имала проблеми со волуменот, сјајот, јачината на косата и со скалпот.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Е да ви кажа ја така пред 2 години што направив.
    Една ми препорача за да ми омекнела да сум ја намачкала со бебешко масло за тело пред миење, ставив што ставив ја искапав во масло, бев ко зејтин да сум турила на коса и мијам еднаш, не излегува мрсното, цела коса мрсна(а мене толку мрсна не ми е ни ко ќе ми се измрси), ја миев уште еднаш пак мрсното не излегува, цел шампон го потрошив ми се чини и пак се чувствуваше мрсното ко ќе ја чепнев.
    Тек после другото миење си се врати во нормала. :lol:
    Затоа на моја коса мајонези, пива, лукови, краставици и други чуда не доаѓаат во предвид, не па да ги ставам, ако ставам мајонез ми се чини три дена нема да излезам од под чешма и треба да потрошам 3 шампони за да ја измијам. :worried:
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Некоја ампула е тоа изгледа, а за лукот не се секирај доволно е кога ја чешлаш да ја напрскаш со парфем и поминува миризбата, не е ништо страшно. ;)
     
  20. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    На ViktorijaMari и crazylady им се допаѓа ова.