Летово по долго време конечно успеав да ја дочувам косата за да можам да фатам асална пунџичка (Јесссссс

). Таман ми пораснаа шишките па и нив ќе ги соберам и раат сум, чист видик пред мене, ништо не смета

Ја собирам кога ќе ми присмета ептен особено кога учам во обично бушаво пунџиче, вака за надвор скоро ич, обично ми е пуштена или "во опавче".
Сега не се во мода ама сигурно барем ко мали некој користел од оние "држачите" пунџи [ако може така да се наречат]. Како џепче е, го пикаш пунџичето внатре и со шноличка ти го држи. Имав едно вакво Како мала ептен (пред едно 15тина години

). Бело тенкичко, свилено, скоро прозирно материјалче со три мали ружички од страна. Мераци! Си го чував само за некои посвечени работи. Во превод свадби, да и парирам на невестата