1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сув шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Chocoholic, 28 септември 2011.

  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Сувиот шампон освен што го продолжува времето на убав изглед на косата и ја впива мрснотијата, дава одличен волумен и го олеснува стилизирањето, а косата мириса прекрасно цел ден.
    Сувиот шампон се нанесува на темето (никако на целата коса) и се остава да делува неколку минути. Потоа косата се расчешлува и се бришат белите траги. Од неодамна се произведува сув шампон и за девојките со кафеава и црна коса.

    За разлика од странство, каде што доста често се употребува, сувиот шампон кај нас не е нешто многу познат. Дали некогаш сте користеле и каде може да се најде во Македонија?

    http://www.youtube.com/watch?v=OqCtOLXa ... ideo_title
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не знам каде може да се најде во Македонија но јас си користам сув шампон од ДМ.

    Ме спасува кога ми се замрсува коренот а косата ми е сеуште сува, и не постигам да ја измијам косата :wasntme: Многу лесно се нанесува и многу убаво ми ја прави косата. Некако добива волумен и поубаво се обликува. А мириса навистина прекрасно.

    Но не се препорачува да се користи често, сепак сувиот шампон е за вонредни ситуации.

    Ништо не може да го замени обичниот шампон :)
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас имам дома сув шампон ама не ми текнува како се вика, ќе го најдеш во аптеките, само прашај. Ќе ти се најде кога нема да имаш време да ја измиеш косата. На почеток кога ќе напрскаш изгледа како пудра да си се посипала но ќе ја расчешлаш и како што рече и Phyramide косата добива поголем волумен и може да се обликува. Најчесто го користат при лежење во болница после операции, кога постои неможност за миење на косата. И убаво мириса :)
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Порано имаше во Макси Д ама одамна немам сретнато,а баш сакам да си купам,некогаш морам набрзинка да излезам,а си имам проблем со мрсна коса па барем малку ќе ми биде средена,во вондредни ситуации кога нема време за миење.
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Хмм... :^)
    И јас се залетав да земам сув шампон (го нарачав од Орифлејм) и можам да го наречам го*но што се плаќа. Не само што не ја крие/оправа мрсната коса, туку мислам дека и ја потенцира и ја слепува за темето. Можеби квалитетот на фирмава што го произведува и не е на некое ниво (лично не ги сакам производите за коса на Авон и Орифлејм) па од тука и моето незадоволство, но скептична сум и околу тоа дека можеби некој друг би бил подобар.

    Едитирам за да ставам слика од истиот...
    [​IMG]
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас сум позната по тоа што сум голем скептик за иновации така што не би пробала, но да, како што пиша некој погоре, доколку е навистина квалитетно изработен може да е мн од помош во ситуации кога не е возможно традиционалното миење на коса (сеа ситница ми е за до продавничка ако е или до работа, можеш да го практикуваш стариот добар трик со пудра), но кога пречката е поголема и те како врши работа, некој спомна горе болници и тн.

    Без вода нема живот како и да е, на секое делче од нашето тело му е потребна (не за џабе 60 % од нашата анатомија отпаѓа на водата)
     
  7. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Сум слушнала многу девојки дека не се задоволни од сувите шампони, па наместо тоа - Бекутан пудра за деца. Мислам дека е поефикасно.
     
  8. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56

    А колку го зема и од каде?

    Би сакала да имам еден , на брзање може многу да биде корисен :)
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па како што реков мојот е од ДМ - drogerie markt, германска фирма, ги има низ Балканот но во Македонија ги нема сеуште :(

    Јас сум презадоволна. Навистина помага во екстремни ситуации. Јас си ставам на коренот, и потоа со пешкир ја истресувам пудрата, и веднаш ја гледам разликата.

    Не знам овој од Орифлејм може да е со лош квалитет, но мене девојките кои го употребуваат доста ми го фалат чудово. Поточно една другарка мораше да ми го купи поклон затоа што не и верував кога ми велеше - еј не стигнав коса да измијам, морам да се средам со сув шампон.
    И јас постојано WTF? :^) :D

    И си добив после година дена неверување поклон :D
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Пирамид извини не разбрав, задоволни од Орифлејм?
    Ќе почнам да се сомневам дека нешто не е во ред со мојава коса :)
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Суф шампон имам сретнато во големо Веро на словенска фирма баш во спреј и на него пишува за суво миење на коса, незнам колку чини, но битно го има. Суво миење на коса можеш да направиш и со пудра, колку сум информирана една од главните состојки на сувите шампони е пудра.

    Офф топик, инфо за сите кои им недостига ДМ-дрогерие маркт, истот влегува и во мкд, вчера случајно на нет видов оглас од фирмава за работници, ајт стрпете се ;)
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Море фаламу на бога што не се истрчав да го порачам и јас сакам вакво чудо но мн.пати се имам замислено како делува ова чудо бре :$ како е можно ама сега гледам испробано и негативно
    Абеја стави девојко именце од тој шампон што го имаш или да нуркаме по аптеки да прашваме баш утре ќе прашам и ќе пишам што нудат и по која цена ме интересира :geek:
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    mime87 и добро што не си избрзала, не е само за парите, туку ќе те зезне во ситуација кога најмногу ти треба. Ни останува само да чекаме да почнат да ги увезуваат кај нас на ДМ и да се служиме :)
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мислам дека и во веро мора да има вакво чудо спомна една од феминките баш би сакала да видам како делува и колку пари е :)
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не, не, не од Орифлејм, од други фирми ама кои?! Питај бога, ама сигурно не Орифлејм :) Ќе ги прашам баш.
    Патем, каква ти е косата? Јас мислам дека шампонов е добар за нормална накај сува коса.

    Интересна, а за ДМ и јас си го помислив истото ама бараат работници за во Белград не за Македонија, така да - дај Боже викам јас, ама ако сме го виделе истиот оглас, се работи за ДМ во Србија.
     
  16. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Леле-леле како си ме израдувала со ова дека ДМ ќе има во Македонија ааххх :party: :party: :party:
    Инаку,јас баш сакав да го нарачам ова од Орифлејм,да го пробам,ама некако ме премисливте .. :?:
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ама во огласот вели: стани дел од првиот европски ланец на дрогерии во Македонија, а што ќе им е работник од Македонија во Белград? зарем Србија нема доволно, па тие отвориле на секој ќош таму, тој ќе набавува од таму за македонскиот ланец, ај ќе видиме.

    http://www.dm-drogeriemarkt.rs/dm%20Zaposlenje.html
     
    На Rozich и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Мене косата ми е нормална ама накај мрсна (ми се мрси после вториот ден) и нешто вакво (се разбира квалитетно) би било добродојдено во секое време. Јас имам пробувано со бебешка пудра ама бидејки имам кафена коса се познава и заради тоа и таа опција ми е исклучена. Според мене нормална накај сува нема потреба од вакви шампони, ипак на ова од Орифлејм пишува за oily hair... :worried:

    И прашање од мене за тебе, ти каква коса имаш? Можеби доколку е твојата нормална ефектот е подобар, ху ноуз 8)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Интересна - епа топ! :party: Јас па како прочитав ми се виде ко само за Србија да бараат луѓе :)

    Артемишн, јас имам апла сува коса - такозвана сено коса :lol: И ми се мрси едвај еднаш неделно и тоа само коренот. Затоа те прашав, пошто не сум сигурна дали е на пример за оние кои имаат мрсна коса. Таквата само миење ја спасува.
    Така да видиш и тоа е можеби причината. Ама ти викаш севкупно не си задоволна со шампонов така да - диЉ, не го купуваме овој ;)
    Ајде треба уште друго нешто да се проба.

    Секако шампонов е само привремено решение како што реков. Онака само како резерва ако некогаш се случи да немате време и оп цуп после работа треба да дојдете дома, па да трчате негде а немате време за миење коса - е во вакви хектички ситуации шампонов е одлично решение :)
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Фала богу само како резерва, не дај боже да очекуваш спас само од него :D Тоа ти е исто ко на запотена мишка само дезодоранс да ставаш, а да не ја измиеш :sweat: :puke: