Би сакала да ве прашам колку често користите козметика од АВОН , и дали има производи од кои сте задоволни ?! Јас доста често, речиси секој месец си порачувам козметика од Авон, без разлика што е , а најчесто за лицето, бидејки имам интересна кожа. Па пишете девојки, и споделете ги вашие искуства
Па и јас како тебе доста често ги користам производите на AVON..меѓутоа јас повеќе преферирам производи наменети за нега на тело, коса и сите други работи освен оние кои имаат контакт со лицето. Станува збор за само едно лошо искуство..ништо посебно а што се однесва до то дали има некој производ од кој сум задоволна морам да ги наведам маскарите..имаат доста добри и баш мене ми се погодени..
Најчесто од АВОН ги користам производите на Авон нетуралс (геловите, млеката, спрејовите, се охрабрувам да ги пробам и кремите) и можам да кажам дека сум задоволна, пред се од мирисот, прекрасни се, а за другото некако сум скептик од каталог да порачувам, повеќе преферирам да си отидам во парфимерија и да си се снабдам, инаку и аксесоарите од АВОН ми се прекрасни, но некако скапи ми се.
Секој месец си порачувам по нешто од авон, парфемите посебно ми се допаѓаат не се скапи а траат долго, исто и сенките и кармините скоро сите шминки ми се од авон исто и производите за тело и коса што се презадоволна сум, од маскарите не сум задоволна неколку пробав многу се водени, само пудрите не сум ги пробала бидејки незнам која да порачам став ми е да не ја утнам бојата, а во последно време почнав и многу накит да купувам имаат доста елегантен накит.
во новоиот каталог на Авон има нови сенки со пролетни нијанси Mystery и Smoke and Mirrors ме интересира дали некој ги нарачал и како е задоволен од нив?
Јас често порачувам производи од Авон и сум задоволна. Можеби малку се поскапи од Орифлејм , но мислам дека се поквалитетни производите.Имам нарачувано сенки за очи , кармини , пудра за лице , перли , шампони , крема за тело/ лице. Од кремата за лице Солушн сум презадоволна , од сите сјаеви за усни , само од шампоните и лаковите за нокти не сум задоовлна.
Користам и порачувам производи од Авон, не секој месец но барем на 2 месеци си порачувам по нешто. Некое карминче, гел за туширање, крема за раце, парфем или некоја сенка... Задоволна сум.
Од авон има убави сенки,и кремови за лице. тоа само го знам.. Спојлер јас почесто порачувам од орифлејм
2рата , 3тата и 4тата маска сеуште ги имам дома ..таа лилјаковата е за прочистување на порите и ми се свиѓа убава е , ваа со кал од мртво море ми е најубава од планет спа е за мрсна кожа и мн ми е убава еве воа ми е второ паковање ама ги купувам најчесто кога се со поголеми попусти ..последната најмалце ми се свиѓа некако со лупење е ама не ми е по ќеф мн мн...првата ја немам пробано оти е хидрантна повеќе за сува кожа а јас немам потреба од таква.
Се согласувам со Ади за маската со саќе. Башка и преубаво мириса, ти доаѓа да ја изедеш, а не правам муабет како умее да ги светне буквално порите - мене дури и по некоја црнка ми вадеше. И првата со маслинки е одлична. Го одмара и освежува лицето, нема врска што е хидратантна, еве јас имам мрсна кожа, а преубаво ми го прави лицето.
Спојлер Маската со кал и минерали од Мртво море - незаменлива ми е. Најдобро и одговара на мојата комбинирана кожа. Ја користам пред секое бањање и целосно ми ја прочистува кожата.
имам доста козметика од авон , баш денес си ги земав карминчињата што ги порачав и задоволна сум , имам доста козметика од овој бренд, не е нешто посебно но има добар квалитет
Јас работам со Авон и морам да кажам дека сум презадоволна производите на натуралс ми се неопхони и незаменливи кога станува збор за сенките, баш пред 5-6 дена ги добив и многу се убави, нема да се покаеш ако ѓи купиш. Парфемот Little black dress исто ми е незаменлив, траен а и не е многу скап. Скоро се што поседувам од козметика ми е од Авон и сум многу задоволна, освен пудрите, само уште нив ги немам пробано
Мене не ми се допаѓа козметиката на Авон. Нарачав пудра, а кога пристигна беше 4 пати потемна од она што јас го нарачав и беше водеста. Каллива вода. Пробав да ставам еднаш, ништо. Како со кал да сум се мачкала. Се доколнав што ја нарачав Единствено што ми се допаѓа се кармините и сјаевите. Додуша и не сум нарачувала многу ама од ова до сега, не ми се допаѓа.
Јас сум претставник за Авон па така повеќето од козметиката ми е таму. Од овие маските погоре, ја имам сивата, ама не сум многу задоволна. Еднаш ставив како за проба на едниот образ да видам дали ке има разлика после и кога гледам наредниот ден на тој образ каде ставив од маската ме имаше исфрлено. Е сега гледам има многу девојки задоволни од маската што значи проблемот е до мојата кожа, не до маската. Инаку од Авон највеке порачувам парфеми, и пошто сум претставник ги добивам со попуст. Мене за парфемите и највеке ми се исплати оти и така не се скапи по цените во каталогот а јас со попуст ги земам па мн поефтино ми испагаат. А многу се трајни и имаат убави мириси. Од декоративната козметика не порачувам многу само маскарата СуперШок, некое карминче, четирибојните сенки за очи, сјајче некое и така. Е сега има и некои прозводи кои сум ги порачала а не сум многу задоволна во односот со цената.
Имам нарачувано од маските за лице од Планет Спа. Многу убави маски се и многу сум задоволна од квалитетот. (Секако на попуст ги купувам) Има многу убави нијанси на сенки, но мислам дека треба да има и поефтини варијанти на сенки. Не дека се многу скапи, но ние женските користиме многу продукти, и некогаш сенка од 400ден. ти е скапа.
Користам дел и нивната козметика и стварно сум задоволна Најчесто ги користам нивните сенки и млека за тело и немам никаква замерка.Доста добар квалитет по пристапна цена