1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ББ и ЦЦ креми

Дискусија во 'Лице' започната од Lilit, 13 март 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.513
    Бидејќи имаме тема за пудри во која се мешаат од време на време бб кремите кои не се исти, иако имаат слична намена,еве една нова тема во која можеме да споредуваме различни видови на брендови на бб креми и искуствата со нив.

    Дали користите бб крема?
    Дали ја користите на дневна основа или повремено?
    Каква бб крема користите? И дали сте задоволни од истата?
    Која е цената на вашата бб крема?



    *Забелешка на модератор: Во темава слободно може да ги вметнеме во дискусија и ЦЦ кремите.
     
  2. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    јас користам бб крема и задоволна сум, и таа се одредува по кожата дали ти е мрсна,сува,нормална мојата е за нормална и мене ми кажаа дека се одредува само по тоа а не по тенот а нема врска има и за посветла и за потемна кожа јас сум земала за потемена не видов дека пишува медиум се брзав :fubar: а јас сум бела и ако ставам многу многу се приметува :( и сеа по малку ставам иначе задовполна сум и чекам да ми се потроши па ќе земам за послетла :D :wasntme:
    :!: аа да и 280 ја земав со гратис уште една дневна крема ;) од рамстор од марќетот доле.
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tambolina

    Tambolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Користам гарниер бб крема,од таа подолгата тубичка (пишува за мрсна кожа,а јас имам комбинирана кон сува,и оваа повеќе ми одговара отколку таа што е за комбинирана кожа)
    Ја користам секој ден,бидејќи се покажа како доста покривна и трајна,ја комбинирам и со малку коректор.
    Задоволна сум,цената и е околу 310 денари :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.513
    А некој да не е веќе корисник на ББ кремот на Нивеа?
    Јас го користам на Гарние моментално, ок е, ама ме копка Нивеа каков е. Следен избор ми е Нивеа со сигурност.
    А инаку и јас се зезнав со Гарнието првиот пат. Ја земав медиум, ама веднаш потоа ја земав посветлата. Ама не очекував дека ќе ми биде темна,зошто имам потемен тен,ама маслинест подтон,што уствари медиумот е розеникава... Јас ги земав оние во комплет со сјајчето. Сјајчето ептен ми се погоди едното, розево,на мејбилин,а второто виолетово,па му го изгубив капачето и го фрлив...
     
  5. BKnowles

    BKnowles Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Јас ја земав ББ кремата Гарниер,таа во подебела туба...имам комбинирана кожа и многу некако ми е мрсна, се впива по 10 мин,ама сепак после 2 саати ми свети лицето.Може ли да ми кажете каква е таа во тесна тубичка ,дали е подобра,дали сте задоволни? Фала однапред.
     
  6. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    за што е кремата? има нешто функција како на пудра?
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    22.745
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала препорака за ББ крема.

    Имам мрсна кожа, светол тен, а жолтеникав подтон.

    Значи никако да мава на розево, а и по можност да е попокривна, иако секако би ја комбинирала со коректор.

    Цена небитна, само да се наЃе права ББ крема. :D
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    ^
    BB кремите имаат слична функција како пудрите но сепак се со полесна текстура и не се толку покривни,намената им е за изедначување на тенот во себе содржат антиоксиданти кои ја хранат и ја хидрираат кожата значи ја заменуваат секојдневната крема и исто така содржат повисок заштитен фактор како SPF10, 15,20 или 30. Во суштина BB кремот го заменува кремот и пудрата ,затоа на нив пишува 6 во 1 или пак 7 или 8 во 1,тоа би значело дека содржи 6,7 или 8 компоненти во тој еден продукт( хидратација,
    хранење,заштита од сончевите зраци,заштита од предвремено стареење на кожата,покривање на несовршеностите на кожата,дури и правилните азиските ББ креми наменети се и за отстранување на флеките на кожата)

    Јас сега засега ја користам BB кремата на Eveline можам да кажам дека сум задоволна дава прилично солидна покривност и полу мат финиш,на неа пишува дека е наменета за секаков тип на кожа но јас би рекла дека најповеќе би одговарала за нормална и комбинирана кожа. Пред да ја ставам нанесувам во помала количина од секојдневниот дневен крем.Ја купив од DM околу 250 денари. Ја има во две нијански light и medium.Еве како изгледа
    [​IMG]
    Ја имам пробано BB кремата и на Deborah таа дава прилично висока покривност,кога ја ставив ми делуваше и покриваше исто како да сум ставила пудра со средна покривност има многу пријатен мирис и текстура кожата ја прави нежна,мека но мене не ми одговараше да ја користам понатаму затоа што прилично светлата нијанса мене ми е премногу темна како да имам ставено пудра со најтемна нијанса ми останува да ја пробам уште најсветлата нијанса,а се сомневам дека дури и таа би ми била темна.Ја има по парфимерии кошта околу 600 денари.
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda и nekoja85 им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Значи ако имаш сува кожа несмееш да користиш производи кои се наменети за мрсна кожа. Тие производи го контролираат и спречуваат лачењето на себум, што значи тебе тебе додатно ќе ти ја исушат кожата бидејќи себумот и онака се лачи многу малце кај сувата кожа.

    Јас ја имам користено на Дебора, ама не сум нешто многу задоволна, нијансите се некако жолтеникави и мене ми беа сите темни, Лилит и Сенза може да ги ѕирнете :lol: Потоа ја земав на Гош, е од таа сум презадоволна, околу 600 денари е, ама јас за пудра давам 700 така да многу ми е + и за ББ крема да давам уште толку. Дебора и Гош имаат по 5-6 нијанси. Потоа ја пробав Гарниер, за нормална кожа што е, не сум нешто воодушевена ама ок е за секој ден, преку ден... за лето е измислена, само да не ми се топи на лицето, тоа тек ќе го видиме... Цената е приступачна а + во комплет со кремата за лице или сјајчето е стварно исплатливо. Јас ја земав лајт нијансата затоа што медиум некако многу темна ми изгледаше.
    И Лореал имаат ББ крема, во бела тубичка е, јас се си мислев дека е тоа подлога за шминка затоа што бела тешност излегуваше од неа, но кога ќе се размачка добива боја како кожата и се прилагодува на тенот. Ја пробав еднаш ок е, исто во две нијанси ја има. Од нивеата немам пробано затоа што никаде немаат тестери.
    Значи досега Гош најдобро ми се покажала и ви ја препорачувам да си ја пробате.
     
    На eli25, eci85, softy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    ас ја користам ББ кремата на Нивеа, ight арјанта... мислев дека се зезнав зошто имам мрсна-комбинирана кожа ама не добра е е сега нема некоја покривност освен изедначување и лесна е и преубаво мириса, јас тоа го барав... можеби после 7-8 саати светнувам малку ама добро ми е не се жалам па и со пудра светнувам, а со ова некако понежно ми е лицето и слободно... јас и за пудрите во однос на покривноста не барам многу, така да ова е измислен производ за мене... доколку сакаш пробај ја се надевам дека и тебе ќе ти се погоди!
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Може ке биде глупо моево прашање ама што е разликата мегу ББ кремава и подлогата за шминка. Ја читав и темата што е подлога за шминка и гледам истиве креми се спомнуваат па ке може ли некој да ме просветли,бидејки не сум многу упатена на тема шминки. :)
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    ^ Подлогата за шминка (primer) е безбојна и најчесто содржи силикон кој ги израмнува порите (ги прави помали) и неправилностите. Значи, не е тонирана како ББ кремот, туку е безбојна и улогата и` е да го измазни лицето и да ја направи шминката подолготрајна.

    ББ кремот е некој вид на „замена“ за пудра. Ги има својствата на крема за лице и на пудра истовремено, само со полесна покривност. Ја негува кожата и го изедначува тенот.

    Некои користат ББ крема под пудра, но всушност јас мислам дека намената на ББ крем е да се користи самостојно кога се сака да се постигне изедначен изглед. Primer-от е тој кој е наменет за користење пред пудра, ама на кого како му одговара :)
     
    На mal.ecka, Annath, momomo и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Еве го префрлам мислењево овде, инаку ја имам пробано летото исто на Гарниер во подебелата тубичка и покатастрофално нешто на моево лице не било ставено (ама тоа е кога човек не чита за каква кожа е наменето :lol: ) се разлеваше буквално.. инаку ги меркав и на Евелине ББ кремите во ДМ околу 270 денари се, и оваа што ја имаше постирано погоре една феминка претпоставувам дека е за посува кожа.. бидејќи има посебна (во сино пакување) за комбинирана и масна кожа.. која сеуште ја немаат.. па ако некој некаде ја примети нека извести... :wasntme:
     
  14. Tambolina

    Tambolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Знам дека несмеам,ама ја имам и таа за комбинирана кожа од Гарние и не ми одговара,ко ке ставам лицето ми свети и мрсно ми го прави и нема никаква покривност :) Сеа за сеа оваа за мрсна повеке ми одговара ,не приметувам дека ми го суши,јас под бб кремата ставам хидратантна крема :)
     
  15. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Немам искуство со овие креми, но многу читав за ББ кремата по форумов и се одлучив за Гарниер. Бидејќи не сум обожавател на пудра, ова ми се виде како вистински производ за мене, онака колку за изедначување на тенот. Денеска ја купив онаа за комбинирана и масна кожа, па ќе видиме како ќе се покаже :)
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Meне ме интересира, ми спомна феминка дека имало акција на ББ-кремата на Гарние (онаа за мрсна и комбинирана кожа) во Тинекс, со неа одела некоја крема.
    Ме интересираше дали некоја ја видела акцијава и за која крема станува збор ?
    Трае акцијата уште или ? :?:
    Ако ми одговара да си ја земам дур е време, зашто џебот пецкааа. :| :D
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    [​IMG]
    Еве ја понудата Мишела, јас си земав да не закаснам, ама на кремата пишува дека е за над 25 години, гледам има рок до 2015 таман до тогаш ќе напунам 25 хахахах :lol: и така имам залихи на креми дома.
    Ја имаш и со сјајче, ги има и во Рамстор, Космо и Супер Тинекс маркетите. Да знаеш дека во Рамстор се поскапи, видов на флаер.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас мислам дека оди ББ кремата за сува кожа што е. :?:
    Истата акција ја имаше и во ДМ, и само таа ББ крема беше, за сува кожа, и плус на тој летокот што им е, на Тинекс, таа е на сликата... :?:
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Леле Мимс, немам среќа изгледа - оваа е за сува кожа, ете тебе ти се погодило. :D
    Ќе си ја купам јас само кремата, да ти се плукнам во к'сметот низаеден. :|

    П.С. Па барем обичната крема да се погодеше, имам на кој да ја подарам оваа тонираната. ]:)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    22.745
    Пол:
    Женски
    Има намалување на ББ кремата на Garnier за комбинирана и мрсна кожа.

    245 ден. во ДМ маркетите.

    Инаку ББ крема на Garnier имаше и со Anti-age ефект.

    Исто ги забележав и Nivea пo 369 ден. беа.

    Си купив од таа на Garnier за мрсна кожа и ми се чини доста добра.

    Ме копка и ББ кремата на Bourjois да ја пробам. :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.