Би издржала и еден месец. Није проблем. Сериозно, не се шалам. Обожавам да се шминкам но не го правам тоа често. Уствари го правам многу ретко. Не ја сфаќам шминката како нешто што мора да го нанесувам секој ден. Банално ми е некој кога ќе ми рече како можеш без шминка да се видиш со дечко ти. Ете така можам. Пудра на лицето дали 5 пати годишно ставам. Ама кога ставам Ставено е И сум нов човек. Знам еднаш до два пати во семестар да ги запрепастам на факултет. Да отидам целата нашминкана како што знам. Ги мава шлог. А чувството е скокотливо ем убаво сите да те гледаат фасцинирани
Mалку потешко Секојдневно се шминкам ама не јако-обавезно пудра ,маскара,и руменило.Навечер малку појака шминка нормално.Така да тешко за издржување,а и неможам да одам на работа ненашминкана бар малку.А ако немам обврски за искачање од дома,секако дека не би било проблем без шминка
Обожавам и уживам кога се шминкам и многу посамоуверено се осеќам кога сум нашминкана , но насабајле кога идам на факултет оуу нема шанси едноставно како лицето да не ми прима шминка во 7-8саат насабајле
обожам да се шминкам ама кога е потребно. Порано се ’’шминкав’’(само римел) и за во школо, сега ништо не ставам. али затоа пак, одвај чекам да дојде викенд да си се нашминкам, не многу, понежно, ама убаво ако не излегувам, би издржала, ама не постои ни најмала шанса да излезам без шминка. не дека покривам нешто ама се знае- поубаво изгледа нашминкано
Aко сум дома 1 недела да, ама онака нема шанси. Нема шанси да отидам на работа без шминка, тоа е минимална основна шминка составена од пудра, коректор, руж, маскара и сјај, ама сепак без неа не можам. А и шминката ако се става умерено, ако се негува лицето креми, маски, пилинзи таа не е штетна за лицето. Новиве пудри се често од природни состојки, не ги затвараат порите. Убаво е лицето да диши и цел ден само крем да има ставено на него. Али сепак си сакам шминка, таа е за разубавување на девојките, користија правилно негувај го лицето и кожата нема да се лути
Никогаш не ми била потребна шминка за да се чувствувам самоуверено! Од пред неколку години преферирам природен изглед. Порано многу се шминкав, дури и за до продавница! Сеа на факс само пудра и римел и лабело-сјај, а за искачање како и сите девојки се шминкам појако! Сепак си стојам зад тоа, природно си е природно! И едвај чекам да дојде лето, да идам на одмор за да не морам воопшто да се шминкам. Кожата ми е таква што брзо ми фаќа боја, која ми одговара на очите, и неам гајле, само косата си ја средувам и I am reedy to go!
Како не би Би издржала некое време, додека не ме спука мерак , ама не ми е најосновно, можам да си се шетам со недели без да ги видам шминкалата (како и последниве две недели) Е, да, и не дека не сакам, обожавам шминка, купувам, уживам да се шминкам, знам да се нашминкам преубаво, ама ете, некогаш немам потреба, некогаш од мрза, не ми е секогаш до шминкање
Основна шминка која се состои од пудра, маскара, лабело или сјајче или карминче и руменило имам секојдневно за на работа, исто и за излегување, за вечерно + сенки, туш и др... Да сум дома би издржала сигурно и повеќе од недела дена, ама вака не. Нема врска за мене шминката толку со самоувереност или мода, едноставно ми е повеќе одраз на грижа за себеси и негуваност. Не би сакала да се замарам дали ми се појавило црвенило на лицето, дали се превоочливи акните пред циклус и сл. едноставно сето тоа е средено и фино покриено и ми дава некаков комфор. А дома веднаш ја чистам шминката ставам тоник за лице, потоа креми во подебели слоеви, а понекогаш си правам и маски, значи дома под комфор подразбирам да бидам ненашминкана, .
Би издржала дури и повеќе. Шала на страна, навистина не ми е потребна шминка за да се чувствувам убаво, привлечно и самоуверено. Ретко ми се случува да излезам од дома без било каква шминка. Најчесто за преку ден се шминкам по малку-пудра, римел и сјај или лабело обавезно. За вечерни излегувања веќе е друга приказна. Тогаш обожавам да се шминкам и трошам повеќе време на тоа.
Мене па многу ми е мачен целиот процес . Мислам сакам да се шминкам ама кога ќе се вратам дома , а бе ми се темни пред очи од самата помисла дека ќе морам да ја вадам , а да легнам со неа .. не бидува . И искрено би издржала и повеќе . Не се замарам со тоа дали на некој ќе му се свиѓам . Чисто ми е и убаво лицето , и ако ме мрзи да се нашминкам , епа не се шминкам
Без шминка само по дома надвор обавезно со шминка морам бидејќи имам ,,не''чисто лице. Обожавам шминки. Преку ден префирам што поприродно да не се претерува со шминка сано пудра, маскара, руменило и сјаче и може некоја пастелна сенка ама тоа само доколку имам време, додека навечер сакам појака шминка. Само колку би сакала да имам чисто лице па да не морам ни грам шминка да ставам на мене.
уу кога ме мрзи да се шминкам, абе ич не ставам. Навечер ќе ставам пудра, онака.. моливче. Ама кога и да се шминкам гледам поприродно да биде. Не се преобраќам во друга личност, па после некој ко ќе ме види без шминка да се исплаши
Најчесто сум со шминка, ретко ми се случува кога сум без неа.Шминкањето ми е посебен ритуал.Кога сум слободна, бара клипови на youtube за професионално шминкање и експериментирам, прво на себе, па после и на други.Тоа ми е нешто како хоби и секогаш имам расположени кандидати- другарки, колешки,братучедки
Јас летно време заборавам што е шминка. Една недела е ништо Понекогаш само ставам моливче околу очи зашто ако се запустам после не можам да се вратам во нормала, одма ми солзат очите
Нема шанси. Може само за по дома, а инаку за секаде се шминкам. Имам лице со многу мозолчиња и пудрата ми е обавезна, а и имам плави трепки па затоа и римел и моливче. Друго за преку ден не ставам, а за навечер и некоа сенка, руменило и пудра во прав, понекогаш и туш.
Многу нормално па не е ни вода ни храна ни воздух Таман работа да зависам од туба некоја течна материја аее не не никако се шминкам онака кога имам време тоа зависи колку шминка ќе ставам или нежно или ич Не се правам сеа мис на свет па можам и без шминка во тој фазон нормално ми треба шминка ми идат до израз и очи тенот е друг , добиваш свежина ама , ако не ми е филмот не ставам не 1 недела ако треба и 1 месец . Сепак тоа под шминката сум ЈАС а и не ја замислувам да ми смени личен опис туку само малку да ме разубави .
Обожавам шминка и сакам кога сум нашминкана, кога ќе се погледнам во огледало и гледам која трансформација сум ја претрпела. Ама воопшто не ми е проблем да бидам без шминка пред било кого, но за викенд едноставно не можам без шминка, не сум јас ако не се нашминкам. Инаку ако евентуално имам некое огромно црвенило или изразени нови акни, обавезни ставам коректор ако треба да излегувам од дома.
Еве веќе втора недела не сум ставила шминка викендов не бев излезена, за на факултет никогаш не сум ставила шминка, а и за излегување користам минимално само пудра и тоа течна која е скоро како крем, маскара, креон, туш, можеби сенка ама понекогаш и малку сјајче и тоа е. Инаку многу сакам да шминкам ама други самата не. Порано сакав и многу се шминкав и посветував многу внимание и трошев многу време на шминкање посебно очите, но сега не