1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од LoVeR, 19 април 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Без шминка? Јас? Цела недела? Излегувања, гости...? :?:
    Нема шанса да издржам, прво затоа што сакам да се шимнкам, второ сметам дека ми прилега шминката.

    Но сепак еве сега летно време, кога морам да шетам по жешково ставам само крема со заштитен фактор, малку молив за очи и повеќе маскара. Значи пак не е без ич, иако се случува и тоа да излезам без апсолутно ништо на лицево, но тоа е само до продавница или на некое кафе до кај другарка или кај мајка ми.
    За вечерни излегувања било лете или зима, обавезно ставам пудра, руменило, сенка, некогаш повеќе, некогаш помалку зависи од прилика, молив за очи и маскара. Несакам лично ради себе да изгледам „несредена“ особено ако сум во ПМС па имам некои бубулици па да ги извадам на мегдан сите да ми ги гледаат.

    Истотака имам и секојдневна шминка, за на факултет на пример, пудра, руменило и маскара а често и молив за очи. Не пропагирам натурал лук, едноставно поубаво и посамоуверено се чуствувам кога сум нашминкана, па без разлика дали сум будна од 7 или 12, не сакам другите да ми зјапаат во подочњаците, бубулиците, порите.
    На факултет скоро секогаш одев со шминка, не ми е проблем да станам 5-10 минути порано и да се поднашминкам, за тие 10-тина минутки сигурно нема да се наспијам, а пак ќе изгледам средено. Еднаш пред полагање, немав време, во брзање не се нашминкав кога се појавив сите беа вакви :o , како мислиш келава сум се ошишала.

    И за вечерни излегувања задолжително сум со шминка, макар во кола да се шминкам, барем основните работи ќе ги нанесам, а најчесто си се шминкам дома кога брзам завршувам за 10-15 минути, а ако имам време на располагање 30-40 минути, нате-нане лека-полека...

    Едноставно многу поубаво ми изгледа дотерана и нашминкана жена/девојка отколку некоја без разлика колку убаво е облечена и природно убава доколку не е соодветно нашинкана изгледа недовршено, не целосно и невинимателно, се губи убавината на гардеробата и се губи впечатокот кој таа сакала да го постигне...
    Има и луѓе кои се природно убави, имаат убави црти, но не постојат совршени луѓе кои без шминка се поубави отколку со шминка. Ако има впечатливи очи, можеби има нерамномерен тен и и треба пудра, ако има совршена кожа, има мала уста па и треба кармин и т.н....

    Мое видување на работите ;) ...
     
  2. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Јас би издржала, уај нот :) И онака ретко се шминкам, само со креон и сјај...
     
  3. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    227
    Шминка јас не редев ко ќе бев сабајле нашкола и ко ќе одев на математика иначе за излегвење обавезно.Ама една недела бев на одмор и ништо не редев на лицево и цело ми се исчисти!Ни болчиња ни ништо не ми се напрај.Па би можела уште 1 недела да издржам без шминка :rofl:
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Сега летниов период ми се случуваше и по месец дена да не ставам ронка шминка. Бев по одмори, море, езеро, бањање и не ни помислив на тоа. Едино ми се случуваше да се нашминкам за вечерните излегувања, ама и тогаш користев само римел и сјај за усни. Пудрата ја заборавив, а и на ова жешково не ни помислувам да ставам. Тоа ми беше повод повеќе внимание да обрнам на кожата на лицето и многу повеќе ја негував летово кога не ставав пудра. :)
     
  5. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Па искрено од дамна неам стено шминка..летно време не преферирам баш пошо некако напнато се чуствувам имам чисто лице и природно руменило
    и зимно време не ставам многу само коа идам по родендени и чат-пат ако имам некоја флека на лице :D
     
  6. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Да би издржала. И така не се шминкам многу освен за излегување. Имам чисто лице,така да нема потреба секојдневно да се шлакам со пудра. А и така секој пат кога ќе се нашминкам,мајка ми вика дека сум сосема нова личност.Но,дефинитивно дека шминката разубавува и дава чуство на самоувереност!
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Обожавам да се шминкам, убаво ми стои и знам да шминкам, но без неа би издржала, само без кремот за лице не би издржала но тоа не е шминка така да.. :)
     
  8. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Летно време преку ден не користам шминка.Некогаш само римел ставам ..за вечерно излегување се разбира ставам шминка
     
  9. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Би издржала и цела година, не ми претставува никаков проблем ако сум без шминка. Најбитно ми е да имам ставено крема, друго не е битно.
     
  10. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    јас би издржала и 1 година може само моливче да ставам
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Пред пола година да ми решеше некој дека ќе излезам до центар без шминка ќе го направев будала :D
    Секојдневно за на факултет ставав барем пудра, за на кафе, за шопинг, за прошетка.....ама сега шминката ми е сведена на минимум.....единствено за свечени пригоди, за вечерни излегувања и тоа е тоа.
    Сфатив дека само полошо си правам со шминката, повеќе ги иритирам порите на кожата и после се борам со секакви чудовишта на лицето.....сега пак летово не ми доаѓа на крај памет на 40 степени да се нашлакам со шминка :tmi:
     
    На Peperutche7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23
    И јас го правев и го мислев истото :) а сега преку денот освен кремата за лице што си ја користам не ставам ништо друго и лицето ми е чисто како никогаш.
     
  13. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    не би издржала сметам дека секоја жена и девојка треба да нанесува доволно шминка а не премногу за да изгледа префинето и дамски
     
  14. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    па на плажа :wasntme:
     
  15. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    неможам да се замисlам без шминка каде и да одам :)
     
  16. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Секој ден користам шминка и за на факс и за излегвање. Најчесто користам минимална, само туш за очи, пудра и маскара. Користам шминка колку да си ги истакнам цртите на лицето и да прикријам некој неостаток, а не до степен да не ме препознаваат луѓето.
    Ретко се шминкам појако, во случај да одам на некоја посвечена работа. Е сега не се шминкам за по дома, ако одам до кај другарка на кафе или до продавница, тоа ми е некако излишно. На лето, денски гледам да не ставам пудра оти малце ми смета и тогаш може во замена крем со заштитен фактор. И никогаш немам појдено со шминка на плажа и не вервам дека тоа ќе се случи.
    Се на се можам да издржам една недела без шминка само ако сум на одмор или ако не излезам воопшто од дома, а ова второто малку потешко :lol:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    На плажа, 100% natural :) само со лабелце.
    во летно време одбегнувам пудра, но римел ми е задожителен!
    Исто по дома no maka up at all.
    Во др ситуации обавезно но секогаш гледам да ми е во помали количини да не бидам како пласитична кукла :lol:
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Jaс, без шминка цела недела ? :^)
    Би издржала, не е тоа некоја убитачна работа без која не би преживеала, ама сепак зависи кој како ја сфаќа шминката и целата таа прашина која се крева околу неа.
    Не, не спаѓам во редовите на оние, така да ги кажам незадоволни од својот надворешен изглед, па да се шминкам за да му бидам визуелно поубава некому, напротив, немам некое проблематично лице, периодично имам акнички, ама тоа е нормално, нели?
    Се шминкам, затоа што сакам да изгледам уредно и свежо пред се', а тешко дека би ја имала таа свежина со просечен сон од 5-6 саати.
    Башка, колку и да е природно убава девојката, го нема тој сјај и шмек кој го остава шминката, а и кога би била машко, тешко дека ненашминкана девојка би ми оставила убав впечаток, бидејќи не постои женско битие на овој свет кое изгледа совршено без грам пудра.
    Нема да зборувам колку може шминката да ја подигне самодовербата кај девојките, меѓутоа да се вратам на темата - нашминканите девојки/жени ми оставаат впечаток дека сакаат да си се тинтрат и да си се негуваат и не ги љубам оние мрзливките кои не сакаат да се шминкаат ниту на излегување, вадејќи се на природната лепота - НЕ.
    И тогаш кога лицето ми е чисто и немам ниту една бубуличка, ставам барем маскара, малку коректор на подочниците и руж - поприродно од ова, амин.
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    имам издржано без шминка повеќе од недела и искрено,многу поубаво се чувствувам без шминка него со :) посвежо ми е и неморам да се замарам дали после треба да ја симнам ,дали ќе ми се измачка итн итн :)
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Само со римел и сјај,понекад и сенка малку,пудра не,пудра никако,ии не една недела можам 10 ако сакам(но само со лабело(добро де можам и без него не е крај на светот :^) )) ;) :lol: :lol: