Дали и колку ви се допаѓаат производите на козметиката Bourjois? Дали се квалитетни и кои од маскарите би ги препорачале?
Од оваа фирма имам само едно руменило што ми е поклон донесено од Бугарија многу е тврдо, но сепак не е многу лошо сакам да пробам од моливите за очи тие црно-бело но незнам какви се малку офф девојките од кочани ако знаат каде има bourjois и deborah нека кажат поздрав.
имам 2 моливчиња за уста од Bourjois и ми беа поклон за роденден од една другарка ...не ми се свидеа (овде можам слободно да си кажам ) си ја изгребав усната еднаш
Користам лак за нокти од оваа марка и ми се бендисуваат, не се вадат за 2 дена убав сјај имаат.Друго немам пробано па така да неможам да коментирам.
За лице ја користам Bоurjois HealthyMix пудрата и сум презадоволна. Исто така ја обожавам нивната купка Bоurjois Bonheur En Mousse. Сакам да го земам и HealthyMix коректорот и руменило за лице од нив.
ги имам пробано сенките на Боурјоис и на Дебора како и еден од прозирните сјаеви со вкус на ментол на Боурјоис и се навистика прекрасни и квалитетни
Искрено не сум многу задоволна од healthy mix serum пудрата и ви препорачувам доколку барате пудра да одберете од друга компанија како Loreal или Max factor, но затоа останатите производи, како сенките, маскарите и руменилата, на Bourjois се одлични..
Си купив пудра и според мене вреди за сите пари конечно пудра која покрива а пак да имам природен изглед а не како да имам маска на лицето. Јас сум многу задоволна
Вчера купив сјај ,3д тој што е зошто ептен ми се свиѓа . Ставив еднаш од една другарка и цела вечер ми стоеше и после убава ми беше устата , мека . И задоволна сум . Друго ништо немам користено . А колку се лаковите ?
Искрено прв пат слушам за оваа козметика А може сум ја пресретнала ама не сум знаела дека имам контакт со неа Како и да е, ме интересира за пудрите, убави се? Гледам ги фалите... Која им е цената? И Душице, сјајот каков е? Може цена и за тоа.
Буржоа е француска фирма... сестринска на Chanel. Претежно прават лесна козметика. На пример пудрите HеalthyMix & HealthyMix серум се на природна база, а за таква се води и Detox, а доста фалена е и 10часовната (Sleep effect). Пудрите се во просек 800 денари, за пакување од 30мл. Според мене се многу квалитетни и ги препорачувам ако некој бара полесна пудра која има солидна покриеност и полумат финиш. Многу често имаат акции низ парфимериите па со пудра се добива гратис коректор кој инаку чини 400 и нешто, или гратис маскара која инаку чини 400-500 денари, и слични варијации. Доста познати се руменилата на Буржоа кој кај нас мислам дека ги има во 12 нијанси. Се произведуваат повеќе од 100 години, а бројот 48 од линијата на Буржоа руменила се води како воопшто прво руменило кое се појавило во ерата на шминките. Доста ги фалат и нивните сенки, кои лично ги немам користено но во план ми е. Сакам да си купам и нивна камена пудра и уште некои работи. Ама со тек на време, не може се одеднаш (за жал ).
Јас ја имам користено оваа пудра. Многу го освежува лицето, ама воопшто не покрива. Одлична е за посува кожа што нема потреба од многу покривање, зашто дава здрав порцелански изглед. Со коректор функционирав некако, но за мојата кожа ова беше мало покривање. Сепак ми се допаѓаше за дневен изглед.