Женски ај препорачајте ми каде да одам на козметчар во Битола? Досега никогаш немам посетено козметичар
Јас на козметичар за веѓите одам во Стил, таму прават и депилации и нокти. Се немам депилирано, ама од кубењето сум многу задоволна. Стил се наоѓа кај Шехрезада Не ти препорачувам во Оаза... многу грдо ги оформуваат веѓите, за депилација не знам
колку пари земаат за веѓи и каде поточно се наоѓа Стил. мислам на кое место кај Шехрезада? многу ќе ти бидам благодарна и да ти кажам многу се искефаф
02/3131386 е бројот на Нина. И јас одам кај неа. Најреална е, и не ти вика дека треба да одиш секој месец или слично, ти кажува точно без лажење каква ти е состојбата со лицето или кој и да е кожен проблем. Малку е поагресивна во третманот, не те гали онака, некои сакаат ич да не ги заболи чистење на лицето, но затоа е ефикасна.
Феминки, а колку ве чини третманот кај Др Нина... И други ми ја препорачаа , и дали треба да се оди долгорочно за да ви се исчистат акните т.е. споделете ако сакате ваше искуство. Како го чисти? со стискање или? многу сум скептична затоа прашувам.
Третманите се мислам горе-долу до кај 1000 ден, ама не знам точно кој колку, не ти прави секое одење третман, тоа се и конроли, и тие многу се поевтини, вклучуваат третирање акните, ти става што треба. Сега, знам другарка со акни, не и направи третман затоа прво требало да се смири тоа со некои антибактериски креми, не се праело така третман од еднаш, си знае, докторката, оди, види, ке си разговарате, ке ти каже се што треба. А има разни техники на чистење, и апаратура некоја. Позз.
Феминки, а колку ве чини третманот кај Др Нина... И други ми ја препорачаа , и дали треба да се оди долгорочно за да ви се исчистат акните т.е. споделете ако сакате ваше искуство. Како го чисти? со стискање или? многу сум скептична затоа прашувам.[/quote] Третманите се мислам горе-долу до кај 1000 ден, ама не знам точно кој колку, не ти прави секое одење третман, тоа се и конроли, и тие многу се поевтини, вклучуваат третирање акните, ти става што треба. Сега, знам другарка со акни, не и направи третман затоа прво требало да се смири тоа со некои антибактериски креми, не се праело така третман од еднаш, си знае, докторката, оди, види, ке си разговарате, ке ти каже се што треба. А има разни техники на чистење, и апаратура некоја. Позз.[/quote] Е фала ти многу! Секое добро, позз
Ја препорачувам Др. Гордана Самоникова (специјалист дерматовенерлог). Преглед кај нејзе чини 800 денари и кажува од што може да ви се појавени акните и ве праќа да си испитате крв, хормони итн. Третманот чини 1100, прво го чистат лицето, па пилинг, па пареа, па стискање на акните (+ со игла за поткожни и не боли многу) и на крај става маска. После третманот лицето се чисти со клиндацин на секои два саати во текот на наредните 2 дена. Најпрво се оди на 2 недели, а потоа еднаш месечно зависно од тоа како ќе ти се чисти лицето. Потоа за да немате лузни се прави третман со овошни киселини кои чини 600 или 700 денари, незнам точно. Се наоѓа во Скопје, на улица Орце Николов 91/4. Број: 02 322 9080, 075/456-268
Ќе може некој да ми предложи некој добар козметичар во Куманово? Инаку, предходно немам одено, па и немам некое искуство
Јас одам кај Др. Нина веЌе 6 месеци, немам некои сериозни проблеми освен некоја акна овде онде. Чистењето запоЧнува со креми (Авене, Еуцерин...) зависи од состојбата и потоа Др.Нина те следи и таа одлуЧува кога треба да се продолжи со третман (стискање) кое првиот пат не е мн пријатно. Мене ме Чини 900ден третман а контролите(на секои две недели одам на контрола) не се наплаЌаат воопшто (прегледот прв пат е 300 ден.) И да треба долгорочно да се оди поради чистење на лицето од акни а потоа од флеки и лузни. Сега за сега сум задоволна и од односот и од третирањето. Само упорност и трпеливост.
Пробав кај Др Нина- Медикоз и најискрено ви ја препорачувам на сите оние кои имате проблеми. Жената е врв!
Др.Николина Лазаревска од Медикоз е најдобриот дерматолог и топло ви ја препорачувам. Долго време имав проблеми со акни (со години) летно време после одмор знаеше да ми се смири но за еден месец повторно истиот проблем, без пудра неможев да се замислам преку ден, се решив конечно да посетам дерматолог и како и секогаш пребарував по форуми да видам кој е најдобар, најефикасен и со нормална цена што можам да си ја дозволам..од прочитаното заклучив дека има само позитивни искуства и мислења за др.Николина.Си закажав преглед(чини 300 ден), ме виде..и ми кажа да користам Далацин Ц гел (антибиотски гел) 3 до 4 пати на ден( аптека Виола), да се мисајм со лесен сапун два пати на ден(Бекутан, асо дерм) основата секогаш да ми биде гелот..а доколку излегувам на надвор на сонце преку ден..врз гелот.. крема со заштитен фактор +50( Еуцерин, Авен, или Рок), кога ќе се вратам го мијам лицето и повторно од гелот ставам, јас ја земав Рок како најефикасна по препорака на Др.Нина околу 1090 ден. После две недели бев на контрола( не се плаќа ништо) и ми кажа дека црвенилото е смирено , лицето е добро(активни бубули`ки имав 2-3)..и наредна работа што треба да ја правам е само навечер да се мачкам со Авен Клинанс К емулзија( на некој места кај што имам актвивни мозолчиња да НЕ ставам) бидејќи е со овошни киселини и може да ја воспали уште повеќе..преку ден повторно +50 фактор...сега ќе видам како ќе биде состојбата, од денеска почнувам да ја користам Клинанс К емулзија крема. После две недели идам повторно на контрола, и ми кажа дека тогаш ќе ми направи некој третман. После две недели повторно ќе ви пишам како се поминало
Гледам на темава повеќе прашуваат за козметичар во Битола. Ако знае некој некој добар што е да ни го препорача. Јас барам добар козметичар за лице, што навистина ќе ми помогне. Бев во Виола на третмани неколку пати ама не сум задоволна, а ми ветуваа резултати уште по првио третман.. а направив можи повеќе од 10 и не видов некоја голема разлика. Совет некој?
Предложете ми некое козметичко студио конкретно за третман на лице - вадење на црнки. Што мислите за Жанета Естетик?
И јас не можев да најдам козметичар во Битола, еднаш ме упропастија и од тогаш ми почна маката и сега пробав на дерматолог во Скопје, кај доктор Николина.Од сите што ги прашав во Битола, козметичар и дерматолог со само позитивни искуства не најдов за жал...сакав да почнам во Виола, поарно што не пробав
Женски кажете ми во Аеродром некое козметичко студио да ги средам веѓите сакам, да ми направат форма. Не е битна цена само да се добри, да не ме направат кловн?