Нормално дека може само на едната вилица да се стави протеза, но зависи од проблемот што ти го имаш, можеби кај тебе има потреба и од горна и од долна. Јас носев само горна, па отпосле ми ставија и долна затоа што имам потреба.
Ги ставив фиксните протези (и горе и долу), има веќе два дена и многу ме болат. Само аналгин пијам незнам друго што да направам за да ја спречам болкава А за јадење јадам само супи, попара , ориз
Епа нема што да правиш една недела да помине и после нема да те болат, ќе се навикнеш и ти и забите Можеш да јадеш палента, пудинг, варен компир, житарици подолго прокиснати во млеко... Ако веќе ставаш - гледај што побрзо да биде тоа. Не мисли каква ќе бидеш со протеза, туку мисли каква ќе бидеш ако не носиш, а имаш вистинска потреба.
Сега ќе станеш шланк, ќе немаш проблем со килажа тоа нека ти биде утеха. Тоа што те стега ќе боли уште некој ден и ќе помине. Бидејќи јас сум ветеран (носев фиксна 4 години) ќе ти кажам еден штос. На наредната контрола, сигурно после еден месец бидејќи нели ги стегнуваат тоа брекетите, кога стоматологот ќе те праша дали осеќаш болка и дали стега, ти речи му да иако не те боли, зошто верувај додека тој работи и усната шуплина ти е топла и тие металните делови се загреани не осеќаш болка, но после кога ќе се изладат леле мори мајко е тогаш боли. Поздрав.
И ја по 300 платив за двете, во приватна ординација. Ти веројатно државно така? Сметаат, како не. Цела уста крв ќе му е на мувачот..
Поздрав Феминки, пред 3 месеци ставив дамон самолегирачки, презадоволна сум колку брзо оди исправувањето.
Другарка ми неќна стави фиксни... Ја прашувам те болат ли она вика не ич ни малку.. а ове вие викате прватаа недела ке боли а неа ич не ја болат таа е на возраст од 13 год Што се случува ?
Поправете ме ако грешам,ама мислам дека фиксните сите се плаќаат приватно.Иначе Lux јас сум од помал град а јас платив 300 И да прашав после колку време се забележуваат резултати!?
^Нема врска, од град до град си има разлика, и од стоматолог до стоматолог. А да прашам какви се тие самолегирачки и колку пари се?
Најверојатно ништо.Еден мој другар ставаше протези , не го болеа ама ич , и он има 13 години точно. Сега му се извадени , а забите супер. Ама не ме фаќај за збор, не сум сигурна дали ништо не е, еве на овој ништо не му беше па сеа...
Ни мене не ме болеа, едино после 6/7 месеци носење кога ми стави жица за спојување на забите, што е нормално да почувствувам болка. Баш се израдував ќе ослабнам, но ја обратно дури се здебелив.
самолегирачки се како во видеово, моментално најнова технологија, доста се разликуваат од обичните, и се скратува времето на третманот, контролите не се многу чести, поефикасни се и полесни за носење. на клиника мене ме коштаа 300 евра за 12 заби http://www.youtube.com/watch?v=asl8LuF1 ... re=related
И мене забите ми беа слични на твоите, макар и полоши. Едната едница права а другата коса, врз другата едница. Едната двојка права, а другата крива. Носам фиксна, сега извадив 2 заби (една 5ка од лева страна и 4ка од десна страна) , бидејќи немаше место каде да одат забите а вилицата ми е понапред 9 милиметри. Деновиве треба да отидам на преглед да ми стават жица и да си дојдат забите во ред. Потезата ја платив 250 евра, само горе. Се надевам тебе не ти е понапред вилицата па не ќе мораш да вадиш заби , полесно ќе поминеш. Мислам дека во некои ординации можеш и на рати да плаќаш
не болат фиксните протези, само ако ти ги затегнат тогаш ќе те поболат неколку дена, ама за местење,преглед и вадење не боли. Јас носам и има подобрување
Вчера ја ставив долната,горна веќе носам скоро година дена и сакав да ве прашам да ми дадете идеи што да јадам затоа што неможам да џвакам нормално
Зависи кај кој ортодонт одиш. Кај некои се плаќа се вкупно однапред од прегледи, до фиксната цена на протезите, до жици, менување на брикети и се друго, а на пример јас кај ортодонтот кој што мене ми ги правеше протезите плаќав постепено, одев еднаш месечно на преглед и плаќав 300 денари за горната жица и 300 денари за долната жица, но тоа не трае цело време. Од кога ќе ти се наместат забите, жиците не се менуваат, туку се носат само ластици за подредување на одредени заби, а тоа не се плаќа.