Јас ја предложив идејава, ама да се постираат слики во темата Совети за шминка на YouTube [на македонски] (http://forum.femina.mk/lice/soveti-za-sminka-na-youtube-t849/), односно Сефора да ни прави туторијал со тој look што ќе го постираме... На таа тема тоа функционира, (веќе се направени неколку видеа со посакуваните изгледи) се разбира со зависност од тоа колку е слободна Сефора ама видеа се прават во секој случај. Што знам мене оваа тема ми е излишна да се лупаат само слики од идеи за шминка . Али нека си одлучат модераторите, да не се бунам јас тука
Мене ми се допаѓа темава,доколку би била во онаа тема Совети за шминка на YouTube [на македонски] би се пренатрупала од слики,Ако сака Сефора може и од овде да земе некој look и да направи видео.
Без навреда, али и мене темава некако ми е без везе...само лупање на слики..не верувам дека има некој што ги гледа сите...башка ако ставате слики ставајте некои со кои можеш да излезеш во град..а не ко некои слики..чудесии на очите..не дека не се убави..убави се ко за слика..али сумњам дека некој би го направил тоа за надвор
Сефора има проблеми со камерата и дури сега ја откри темава. Ќе си крадам идеи од тука па ќе ги снимам.