На оваа тема сум читала доста, како со исхрана може да се има убава и млада кожа.Треба да се јадат зрнести овошја, суво грозје, соја исто...какаото што си го пијам,зелен чај...И стресот е важен,ама ете лицето на 18 и на 25 години веќе не е исто, па кажете некој совет?
Мојата баба се храни само со нејзино зготвена храна, не оди во ресторани, не јаде леб од продавница, купува млеко од домашна фарма. Значи многу здрав живот има. Еднаш кога се шетавме заедно, една бабичка ни пријде и помисли дека јас сум и ќерка. (тоа беше кога имав 9 години) Исто така внимава за генетски модифицираните храни, па некогаш засадуваме дома зеленчуци.
Храната пред се, потоа да се користи квалитетна козметика, и декоративна и препаративна (особено препаративна ), стрес што помалку и цигарите сведени на минимум
мојата баба имаше многу цисто и затегнато лице и тоа само што кога била млада секој ден се миела со млеко или се мачкала со јогурт да се засуши на лицето ида се измие. пробајте ќе видите ефект одма. пишете резултат
Се согласувам со сите,плус би додала никако навечер легнување со шминка,маски и пилинзи домашни,и користење и на дневна и на ноќна крема.Лошата страна на депилирање со восок на надусниците(за среќа нашите баби не се замарале со тоа) е тоа што кожата се отпушта во тој дел,па во комбинација и пушач,ќе се појават брчки околу устата што многу лошо изгледа.(страв ме фаќа,али тоа е )Исто така би додала,кога нанесуваме крем за лице да не се занемари вратот и деколтето.
Маска за подмладување на Софија Лорен: Ефектите се видливи по првата употреба Секоја жена која го цени својот изглед сака долго да ја задржи својата убавина и младоста, треба да почне да ја применува оваа маска. Рецептот за оваа подмладувачка маска потекнува од личното искуство на познатата глумица Софија Лорен, која изгледа фантастично дури и на 80 години. Подготовката не е комплицирана, а ефектот е фантастичен. Состојки: 1 кесичка желатин (10 g) 150 g кајмак (млеко, кефир или јогурт) 1 кафена лажичка глицерин (аптекарски или билен) 1 кафена лажичка мед Кајмакот е добар за сува кожа на лицето. За нормална кожа повеќе одговара млеко или јогурт, а за мрсна кожа кисело млеко, кефир или немасен јоурт. Подготовка: Растворете го желатинот во кајмакот и оставете го во фрижидер 6-8 часа. После тоа, нежно мешајте, загрејте ја смесата на пареа додека желатинот не се растопи. Тргнете ја од шпоретот и додајте мед и глицерин додека мешате. Почекајте неколку минути додека смесата не се излади малку и нанесете ја на чисто лице, на вратот и деколтето. Оставете ја 20-25 минути, потоа отстранете ја со хартија или памук, натопен во млеко. Остатокот може да го измиете со топла, па со ладна вода. Подготовката на маската може да ја чувате во фрижидер 5-7 дена и да ја користите секој ден. Наутро може да ја нанесувате на лицето ладна, да го освежите лицето, а навечер малку загрејте ја во микробранова печка или на водена пара за подобар хранлив ефект. Ефектите на маската ќе бидат видливи уште по првото нанесување. Желатинот кој е во состав на оваа маска ги затегнува ситните брчки, ја омекнува и ја избелува кожата, ја подобрува циркулацијата. Исто така има позитивно влијание на протеински и аминокиселински метаболизам на кожата, бидејќи ја подобрува нејзината состојба.
Јас пошто имам мрсно лице, правев така со јогуртот(малку јогурт и во негои сецедено едно парче лимон), го мачкав на лице да ми се засуши и потоа лицето ми беше ептен мазно и матирано, цел ден.
Ама нашите баби живееле во друго време. Тогаш немало толкаво загадување како што има денес, тогаш немале толку многу конзервирани производи колку што има денес и немале многу многу избор, јаделе исклучиво домашно подготвена храна, дури и сама ја одгледувале. Живеле по села со чиста околина, тек тогаш настанувале големите градови, немало толку фабрики, автомобили и воздухот бил каде каде подобар од денес. Така да нема логика од тоа да се применуваат „триковите„ на бабите. Еве баба ми никогаш не користела специјална крема за лице, т.е. незнам ни дали воопшто користела крема вика дена не користела, а брчки има многу малку ко на 40 годишна жена, а 80 ќе полни кај и да е. И сега јас треба да се мачкам со павловичева која ја користела таа за да немам брчки? Секако дека не. Кога си го чистам лицето се чудам што се вадам од него, замисли да не ставил пудра и сета таа нечистотија дирекно на површинскиот дел од кожата да ти се залепи, па нема да има предвремено стареење, ха, ма немој. Уште еден битен фактор е UV зрачењето кое е и најголем причинител за стареењето на кожата, баба ми кога живеела не бил толкав ризикот колку што е денес, и нормално е дека нема да има толку брчки колку што ќе имам јас на 50 години. Она што може да не одржи младолики во најголем дел е исхраната. По емне е најбитна исхраната, но таа нема да ви помогне многу и да ве заштити од сончевото зрачење и надворешното загадување. Треба да се користат и соодветни препарати според возраста и типот на кожата. Значи прво храната, а потоа негата. Треба препарати кои нудат длабинска хидратација, имаат висок заштитен фактор и ја потхрануваат кожата со витамини и однадвор, за да биде мазна и сјајна и да не се појават брчките прерано. Трета работа, а можеби треба да е и прва ама не е возможно баш, треба што е можно повеќе да се намали изложеноста на сонце, ама кој може да одолее на сончањето и бронзениот тен? Да не ја заборавиме и генетиката секако, ма да пак ќе кажам џабе е генетиката ако не се грижите за лицето, сами по себе гените нема да ги спречат брчките ако не користите соодветна козметика.
За лицето како што е здрав сон, ништо не е. Нормално де, ништо не оди со гаранција. Најважно е на крајот како се чувствувате. Ако чувството не е како што треба, џабе ви естетска хирургија.
Сагласавам се.Иако, до сега повеќе пати, случајно при муабет со други, сум дошла до оваа тема на разговор, а и бога ми сум видела и луѓе, кои во однос на годините, изгледаат дупло помлади, последно се шокирав од една жена, запрепасти ме во позитивна смисла, секако.Мислам дека, барем според мене, голема улога игра генетиката, а потоа одржувањето, а еве и баба ми, немала никогаш брчки, сега од самата старост си има, што е нормално, а не дека таа употребувала креми и сл.Токму така е како што рече, тогаш било друго време, друг начин на исхрана и сл., а денес, се загадено, се си влијае, не е само до одржувањето.
Што знам, серумот на вечноста? Структурата на коските на лицето, кожата и цртите се клучни, друго тешко во физичка смисла. Според мене поголемо влијание има духот и ентузијазмот кои ги негуваме. Јас не се грижам (барем засега). Ми се чини и на 40 години ќе ме прашуваат која година средно сум. Неретко добивам коментари од типот - ти толку години имаш? Нема шансииии... Или сум зелена во умот или во фацата.
Девојки/жени. На мои 46-7 години единствено нешто што ме прави младолика е духовитоста и генот де. Бекутан цел живот и насмевка секогаш. Да напоменам и стилот на облекување.
Јас изгледам многу помладо за моите години ,е сега до кога не знам ,сепак мислам дека здрава исхрана и течностите си го прават своето ,како што го прават цигарите алхохолот дрогата и нездравата храна ,на крај изборот е наш ,е сега некој ке рече нема врска ,има и те како
Ако успеете да го надмудрите мозокот ваш и да створите некоја прифатлива слика за вас ке успеете да изгледате младолики секогаш.(нешто слично како кога љубениот или љубената изледа најубава-најубав во вашите очи кога сте заљубени).
Се’ е до генетиката но, потребно е и одржување на убавината со постојана нега. Многу е битна и само довербата, и негување на чувството на удобност и задоволство во својата кожа.