Кога прв пат пишав на темава, бев доста разочарана, лута на се и секого, без воопшто трошка надеж дека воопшто ке успеам да најдам решение за акните. Благодарение на одредени членки овде на форумов КОНЕЧНО и успешно си го решив проблемот. Простете но едноставно морав да споделам, бидејки сум среќна,пресреќна,најсреќна. Ја земав кремата од Сашо,благодарение на членки кој го забележаа мојот пост и ми го испратија телефонскиот број во лична порака. Ја употребувам веќе десетина дена, разликата и резултатот се повеќе од очигледни. Моментално преубаво се чувствувам конечно нешто убаво и мене да ми случи. Ај да си кажам, абе пре пре пресреќна сум, се радувам како малецко детенце. Креветот ми е скршен а плафонот дупнат, што скокав од радост
Ве молам доколку некој сака да ми пише ЛП каде се наоѓа точно Сашо кој ја прави кремата и дали ќе сакате да ми оставите негово контакт телефонче. Би ви била крајно благодарна.
Jaс ја имам користено во комбинација со гелот за миење лице Не е лош,и имаше некои резултати,ама доста е скап,гелот 800и нешто а кремава 500чинам беше.За поевтини пари боље купи си хлорамфеникол маст и лосион,ќе те чини двете 300ден,а лично јас од нив добив подобри резултати. И во повеќе постови прочитав дека на повеќето девојки им се исчистило лицето од хлорамфениколот.
авен го користам јас и ок е има подобрување но за парите мислам дека не толкаво инаку кошта 918 денари и го мијам лицето со неутроген кој го зимам од веро-тинекс и чини 315 денари
Роси, се наежив кога ги видов фотографиите, но не од гадење, туку ме потсети на самата себе и буквално ми се насолзија очите! Мојата ситуација со флеките по грбот која се трудев да ви ја доловам е иста како на втората слика, само што гадосииве се во мнооогу поголем број. Среќа што сега почнаа да се повлекуваат, а на моменти и се сомневам дека целосно ќе се оттргнат, ама сепак се надевам и ќе продолжам да верувам дека еден ден ќе имам чист грб... Се надевам дека на крајот сето ова ќе биде успешно и ти посакувам трпение тебе и на сите други феминки кои страдаат од вакви слични проблеми - ќе ни треба во колку што е можно поголеми количини, бидејќи ова не е од типот секое чудо за три дена. Поздрав.
Хлорамфениколот многу и помогна на сестра ми, имаше исти акни како на Роси меѓутоа на грбот. Ја мачкавме често и за некој месец и се повлекоа. И да кажам, многу ми е драго за тебе Роси, знам колку си пресреќна истото се случуваше и кај мене дома
а да си ја земеш од сашо кремата? вака ласери зрачења триста глупости ќе дадеш еден куп пари и пак незнаеш дали ќе има ефект
ијас си имам за фалење ијако се сумљав декаке помогне ипак помогна мене ми требаше подолго време некаде 16 или 17 денови. лузните повише ке митрба да ги исчистам али сегаје стако во споредба од пред 16 деновуи кеставам ислика само да ми текне кој беше пасвордот на потобукет фалати антица20
Пред Спојлер Потоа Спојлер Не е скроз, но сепак се исчисти. Сега уште да се израмни кожата и се ќе биде супер. Ќе го позлатам човеков, жими се најмило.
Не давам веке баби стринки тетки да ме бакнуваат и ми се исчисти Дај Боже да беше така ама не е... Мојата борба со акни бубулици и слично е макотрпна. Викав и дерматолози на помош ама бубулициве цела армија ни течен азот ни хлоранфеникол никаква хемија не ги фака. Па со менструацијава што се во коалиција една секој месец удар ми задаваат. НО ЈАС НЕ СЕ ПРЕДААААВААААААААМММ (ко тоа инсектчето на рекламата за раид) Сега употребувам механичка сила стисни ваму стисни таму и таман среќна крв им пуштам викам готови се ранети се умрени уште да ги закопам моето лице личи на право бијно поле. Уф колку се нервирааам... Ама ај сега нешто послабо ги имам дали Сонцево ги изгоре не знам шо им е.... Инаку од хлорамфениколот сум задоволна и од тој еден лусион Клеарскин мисламсе вика од Авон плаво лосионче. Помагаат колку толку
леле не се играј не го гњави лицето немој да го стискаш само поголем проблем ке направиш флеки и дупчиња ке оставиш и јас имам ама не мн онака и тоа на периоди ми излагаат пред да добијам се мислам за кремата од сашо ама скапа ми е некако а немам мн акни незз шо ќе направам сепак како и да е има ефекти и мило ми е за тие на кои им помогнала
Еј па штом е така дај и јас да заангажирам околу таа крема. Овако vише не иде. Не сум некој критичен случај ама пак сакам и јас да имам убава кожа на лицето.
јас имав ситни мозолчиња на лицето најмногу на челото и на десниот образ повеќето но до пред некоја недела прочитав на фемина за хлоракол тоа е уствари некој вид на киселина што ги гори брунчињата и стварно помага еве недела дена помина а мене лицето ми се чисти мозолките значително ми се намалија го купив од галафарм,91 денар за цената ич не е скапо колку што е ефикасно така да купете го нема да зажалите бидејќи сепак ова е киселина и се става само на местата каде што има мозолки и киселината не разликува тип на кожа за разлика од тие лосиони тоници и масти ви го препорачувам хлоракол а и исто може да го сретнете како хлорамфениколот
И мрморецот, ја виткаше во алуминиумска фолија слатката чоколада. Киселина си је киселина и таја е нели киселина, и ги нагризува бубуличките нели. Е има мал проблем сега,немаат сите 14 години како тебе. И не сакаат да користат,канцерпгени материи.Колку по опасен еден производ толку е поевтин,па така за само 91 денари,можеш многу повеќе да си добиеш од тоа што си го барала. И барем малку,да се потрудеше да разлисташ по темава. Да прочиташ колку пати се спонува истиот тој хлоракол. И не е киселина,жалам се работи за силен антибиотик. Додека целиот свет се бори за употреба на пробиотици,ние овде во нашава ни мила ем драга македонија ке увезуваме производи, кој се исврлаат од употреба во останатите земји. За малку ке заборавев, хлорамкфениколот се таложи во кожата, бубрезите, црниот дроб, слезинката... итн итн И докажано е дека влијае дури и на женските репрудуктивни органи. Нус појавите се појавуваат и кај потомството, во вид на алергии,слаб имунитет,деформации на плодот, дури и после години откако ке се престане со негова употреба. Па сега види ти колку е сигурен,и колку е здраво да се употребува.
а извини од каде ја доби оваа информација???????/ како може лосионот да има врска со потомството?? со деформации на плодот??? а и стручни лица го препорачуваат овој лосион како почетен чекор во терапија со акни така да ако била вистинита оваа информација немаше докторите да ја препорачуваат... се извинувам ако не сум во право
Прво хлорамфениколот, е забранет во многу земји. Ако не си знаела,слободно прогуглај, во развиените земји, се уште се употребува само во прехрабената индустрија и тоа во минимални количини, но не како адитив во храната,туку како средство за дезинфекција. Но во Кина и одредени земји ( како нашава ) сеуште се користи и во козметиката и во исхраната. По-инаку chloramphenicol,во нормалниот свет е chloramphenicol banned drug, има доста негативни ефекти а може да доведе дури и до СМРТ, од другите несакани ефекти, кој ги има се генетските деформации,бидејќи влијае на клетката а и на самата ДНК низа.Па така ти си го употребувала и си се радувала дека ке ти се исчисти лицето, но поради деформирани и нарушени гени, има шанса после неколку години да родиш, дете со недостатоци -физички или психички.Ако имаш среќа и воопшто да ги имаш. А докторите зашто го препишуваат, е тоа мораш самата да откриеш и да се запрашаш зашто е тоа така.Нај веројатно се исто толку „ Стручни “ Колку и ти што си „ Стручна “ Или воопшто не им е грижа. Еве и линк од наш весник кој што грубо ја пренесува информацијата. http://217.16.70.245/?pBroj=865&stID=10181&pR=6 Можеш и да прогуглаш,слободно да видиш каде се е забранет,во некои земји уште од 1957 година, и какви битки се водат за негово отсранување од употреба, но фармацевските компании имаат премногу голема заработка на него, па и не иде баш така лесно барем не во одредени земји, додека во европа се должни се да стават на шишенцето,и ретко кој лекар се осмелува да го препише.,за хумана употреба А колку е само канцероген толку не си тешка. Извинувањето е прифатено и продолжи си, со употребата на истиот. ( ИНФОРМАЦИЈАТА Е СТАРА НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ )
Девојки да не се зезаме, ова нека не биде никаква реклама. Мислам дека бев меѓу првите кои што го побарааа бројот на Саше и истовремено го понудија на многу други девојки. Последниот мој коментар за човеков беше дека кај мене не успеа, ниту малку. Во што е разликата? Ги следев неговите упатства! Вреди ли повторно да се проба! Мило ми е што вам ви помогна!!!