Форумџика на годината

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.992
    Ух, и јас како што знам Импала е многу лоша пудра и штетна за кожата.

    За кремата Здравје, знам дека исто била штетна, но доста помогнала, ама не ме фаќајте за збор.

    Но нема врска тоа што е ефтино, еве и Лала кремата е евтина, но многу и помогна на мајка ми за флеки.
    Црната маст е исто така ефтина, но влече чирови, како и внатрешни мозолчиња, пуздер ги прави, јас само така се спасив на времето кога ги имав истите.
    Но претходно гледав што е како е.

    И пребирајте што ќе ставите на лице, али добро за вашето лице се работи.

    Од пилинзи јас си правам домашен пилинг, нема ништо подобро од тоа.
    Пченкарно брашно, една жолчка и маслиново масло (лимон доколку е мрсно лицето, но не секогаш има потреба од лимон).
    Тоа го ставам на лице и го мијам после 20 минути со млака вода.
    Исто и со чај од камилица, и чај од жалфија. Ем природно ем здраво.

    На некои им е потребно антибиотик, но тоа секако треба со консултација со дерматолог.
    Или евентуално прашајте во аптека за најдобар антибиотик за лице (во вид на лосион или крема).

    Барем јас сега немам намера да си играм со лицето, бидејќи многу работи имам пробано и едниствено што можам да кажам, некои повеќе штетат одошто користат.

    И пред да почне нешто да се употребува, треба да се констатира дека проблемот со лицето е само надворешен проблем, бидејќи истиот може да се должи и на проблем со хормони, проблем со јајници, како и со исхрана.
    Редактирам-Не се залажувајте да спиете со пудра, лицето треба да дише, порите си се со намена, ако ги затнете и навечер, е тек тоа е штетно. Каква и да е, пудра е со друга намена, а не за спиење.
     
  2. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Ќе може по ЛП да ми кажеш од каде можам да ја набавам оваа маст, бидејќи и јас проблем со подкожни мозолчиња по лицето и рацете?
     
  3. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Црната маст ја има во секоја аптека!

    Инаку мојата козметичарка ми има кажано кога имам такво внатрешно мозолче да му ставам патлиџан или локум (од локумот тоа внатре што е, не прах шеќерот) и тоа доста извлекува.
    Но сепак, кога нешто ќе го извлече на површина, мозолчето треба убаво да се стисне и да се извади целосно. Ако не се извади како што треба останува флека, односно останува процес внатрешно и така ќе си стои.
    На козметичар обично го боцнуваат со игла, и на тој начин му прават простор како да излезе без да ја малтретираме кожата. Затоа мислам дека доколку имате проблем сепак е најдобро да се направи третман на козметичар, дерматолог. :)
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Тачно, за сите оние што не знаат, хлорамфениколот во крајна линија предизвикува српеста и апластична анемија (еритроцитите се во вид на полумецечини и се сплескуваат и слепуваат), бидејќи брзо се апсорбира низ кожата ја нарушува Ph вредноста на клетките, предизвикува тумори и исто се користи и како дрога.

    Не си играјте со здравјето, ако сакате чисто лице мавнете ги кафињата, цигарите, мрсното, зближете се со природата. :D
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.992
    Во ред е да го споделиш твоето знаење дека е штетен, ете јас не знаев, но научив нешто,јас и го ценам тоа, што се грижиш за другите, па споделуваш.
    Најмногу што можам да направам е да сум благодарна што тоа го напиша, за да прочитаме и да си знаеме за друг пат. (конкретно не користам, но ќе имам на ум)
    Но, не гледам ништо против, патлиџани, краставици, локуми и не е во ред да си поигруваш иронично со зборовите, милка чоколада, рака на срце, пре би ја изела, отколку така да ми пропадне.

    И јас имам слушаното дека патлиџан помага за внатрешни мозолчиња,но не се става на веќе воспалено лице, за локум не знаев, но немам ништо против да прочитам.
    Зелката ми помогнала во многу ситуации, поготово за цистата на грло што ми се појави пред неколку години.
    Немам ништо против, природните маски, пилинзи, и што би се рекло бабаини лекови.
    Според мене тие не се штетни, ми помогнале и за мене се најдобриот начин на негување на лицето.
    Се извинувам ако мислењево беше оф-топик.
     
  6. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Да, многу е, ама се навикнав на 4% бензоил пероксид, а гледам во Америка 10%-ниот навелико се користи.

    Ја бива многу, во неа има 10% овошни киселини и ги суши брзо акните. Само сака редовност и упорност - од два пати нема резултат. Е сега поскапа е, ама има резултат за разлика од препаратите што се продаваат по супермаркетите - Нивеа, Неутрогена... (кои повеќе се за превентива или за многу блага појава на акни). Бааѓи пецка и го прави лицето црвено, ама ќе се навикнеш. ;)
     
  7. ubersetzerin

    ubersetzerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    За хлорамфениколот прв пат го слушам ова. Јас го користам и кај мене покажува многу добри резултати. Дали сте сигурни и од каде ви се овие информации? Ако е навистина така нема да го користам повеќе. А за пудрата ИМПАЛА ја имам користено и поштетна пудра мислам дека и не постои. Пудрата има многу жива и мнооогу е штетна за кожата. Кога имам пудра Импала на лицето ужасно се чувствувам. Можеби прикрива добро ама затоа што е густа и многу тешка пудра е. Јас не ви ја препорачувам
     
  8. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    За хлорамфениколот прв пат го слушам ова. Јас го користам и кај мене покажува многу добри резултати. Дали сте сигурни и од каде ви се овие информации? Ако е навистина така нема да го користам повеќе. А за пудрата ИМПАЛА ја имам користено и поштетна пудра мислам дека и не постои. Пудрата има многу жива и мнооогу е штетна за кожата. Кога имам пудра Импала на лицето ужасно се чувствувам. Можеби прикрива добро ама затоа што е густа и многу тешка пудра е. Јас не ви ја препорачувам[/quote]
    Требе да си прочиташ поназад по темава и да си прогуглаш................... иначе секаде е забранен за хумана употреба и како лек и како козметика
    освен во кина и други скапани држави................... секаде се употребува само како средство за дезинфекција на садови во прехрамбена индустрија .................. значи се употребува наместо солна киселина............. европска унија сега и за таја намена ке го забрани пошто и така предизвикува рак и леукемија
     
  9. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Јас би ти ги препорачала МЕРЦ специјални дражеи. Јас ги користев и во тој период не ми се правеа мозолчиња , ноктите навистина ми беа поцврсти и косата убава. Не се баш ефтини ама можеш за проба.
    Заборавив да пишам јас проблемот со акни кој дооолго ми се провлекуваше го решив со кремче ТОП ШИРЛИ тоа е како коректор , таман кренав раце и почнав да неверувам во кремови и чуда неколку девојчиња ми го препорачаа и решив да го купам, во тоа време беше 50-60 денари а сега е 80 или 90 , ефтино е и многу ефикасно. На него има упатство на англиски а направено е во тајван (мислам) има избелувачки ефект. Само да спомнам дека има и само ШИРЛИ но јас го користев ТОП ШИРЛИ. Ако сакате да видите има на интернет само на гугл пишете TOP SHIRLEY CREAM. Има повеќе врсти ама кај нас имам видено само Ширли и ТОП ШИРЛИ.
     
  10. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    тоа за акни ли е или за флеки од акни, и каде може да се најде кај нас во аптеките или........
     
  11. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    http://www.shirleybeautycareshop.com/wp ... 803b71.png Тука можеш да го видиш пакувањето кое јас го користев (сега веќе не го користам, нема потреба ) а е за црнки, акни и пеги, само да ти кажам дека за црнки нема многу голем ефект но за акни е супер! А треба да потрошиш 2 паковања за да видиш убави резултати така пишува на него но јас уште со првото бев задоволна. Најважно е да го нанесуваш на чиста кожа , и додека го нанесуваш да го масираш лицето со прстите за убаво да го прими кожата. На него пишува 2 пати да се користи наутро и навечер ама јас го користев само пред спиење.А пишуваше дека може да се користи и како подлога пред шминка мислам ама не ме земај за збор. Внатре има упатство на англиски и мислам француски. А инаку јас не сум од Скопје ама сигурно го има во Скопје мислам таму некаде кај продавниците на Бит пазар. Попрашај сигурно ќе го најдеш.
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667

    Се користи за дезинфекција, ама во различна концентрација, бидејќи има бактериостатско дејство (значи не исчезнуваат бактериите, само се запира нивниот раст, ама не и растот на спорите што пак може да навлезат во порите на кожата и пак да предизвикаат бубуљици). ubersetzerin ги знам овие информации од професорката по микробиологија, значи микробиолог со диплома и работно искуство по лаборатории. Не се напразно трескани муабети. Фино тоа што ги чисти мозолчињата, ама не вреди за ризикот, верувај ми. Инаку, подобро е да менуваш навлаки на перници најмалку еднаш неделно, да си ја збогатиш исхраната со А и Е витамини и д ане се чепкаш по лицето.

    Бај д веј, најдобар третман е да се најде коренот на ваквиве глупости. Мало инфо :

    Propionibacterium acnes е бактерија што ги предизвикува акните, која е грам позитивна и анаеробна. Постои постојано на кожата, значи дел е од нормалната микрофауна/флора на човековото тело. Нормална пора е отворена, кога ќе се затвори, бидејќи е анаеробна (живее без присуство на воздух) настанува фоликулитис (се воспалува фоликулот на влакното) и после доаѓаат некои бактерии како стафилококи и стрептококи и така натаму и предизвикуваат гнојно воспаление.

    Е, за типката со бензоил пероксидот, тој ги уништува овој тип на бактерии, исто и Клидамицинот, ама па од друга страна, кога ја нема (а реков дека е дел од нормалната микрофлора) кожата е поранлива. Исто се уништува, делумно, со УВ зраци.

    Поздрав, ова беше чисто добронамерно, не да се распуцавам со знаење. :)
     
    На ubersetzerin, Rock-a-Fella и blueberry93 им се допаѓа ова.
  13. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    Незнаев дали ова е соодветна тема, но негде читав за приготвување на домашен спреј за лице којшто ја одржува влажноста на лицето, нејзиниот рамномерен тен итн итн. Е сега пишуваше дека спрејот се подготвува од вода и ПОЛНОМАСНО млеко.Какво е тоа млеко, мислам дали се мисли на она со 3,2 масленост ? :?:
     
  14. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    Имам чисто лице(пупу) ама имам многу црнки на носот,по некоја под очите и на брадата.
    Нешто што стварно би ми помогнало ?

    Иначе имам многу мрсно лице. :/
     
  15. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    дали оваа маст е погодна да се користи како подлога за пудра? мрсна е многу? може ли малку поопширно за ефектите од неа? благодарааам :)
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Becutan маст со рибино масло


    Иако кожата на вашето бебе наликува на вашата, сепак функционално е незрела. Таа е потенка и особено чувствителна на влијанијата од околината, олеснето е губењето на вода, а сето тоа придонесува за полесно навлегување на разни штетни материи и развој на инфекции.Негата на бебешката кожа започнува од првиот ден по раѓањето, a Becutan маста со рибино масло е производ создаден, токму за ваквите почетоци во светот на негата.

    Зошто?
    Becutan маста содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчиња. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и кожа оштетена од топлински или хемиски агенси. Ја храни сувата кожа, па така таа станува мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо втривање 2-4 пати на ден.

    Becutan маста со рибино масло првенствено е наменета за нега и заштита на бебешката кожа, но исто така се препорачува:
    - за изгореници,
    - за нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење,
    - за третирање на пеленски дерматитис,
    - за црвенило по кожата, предизвикано од триење и потење,
    - за нега на кожата по сончање.
     
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    [​IMG]
    Наменет е за секојдневна хигиена и нега на нормална и на проблематична кожа. Со својата pH вредност не го нарушува природниот хидролипиден слој на кожата и е прикладен за кожа чувствителна на класични сапуни и како средство за нега на заболена кожа од хронична егзема, младешки мозолчиња, алергиски дерматитис, дерматози придружени со лупење на кожата и др. Клинички е тестиран.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    Дечки да ве прашам, можеби ќе звучи чудно, но само што слушнав дека на некој лицето им се исчистило од свински сапун, такво дома што се прави, дали некој од вас го има тоа искуство да го сподели.
     
  19. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Незнаев каде да прашам па ајде тука...ме интересира што да користам за делот меѓу устата и носот, напраено ми е како мртва кожа или незнам како да објаснам...значи било каква крема...за зрела кожа...се осеќам како брумчиња да имам или незнам што...ама како мртва кожа ми е и воошто убаво не личи.
     
  20. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    286
    lovelife пробај со пилинг да ги отстраниш мртвите клетки ( јас обично правам домашен пилинг од шеќер, маслиново или било какво друго масло и малку мелко) а потоа нанеси крем за лице или пак павловичева. Би требало да се смири кожата, а потоа почни со некое сретсво за да ги отсtраниш мозолките.

    Инаку што се однесува на темава, ги користев леа производите против акни, и лосионот и гелот, иако не осетив многу голема промена од гелот лосионот ми го направи стакло лицето. http://fitofarm.com.mk/en/Proizvodi/Mladeska_Koza.htm Дефинитивно го препорачувам на сите.

    Но го користев некои три месеци и решив да го сменам за да не се засити кожата, па другарка ми препорача хлорамфеникол лосион и крема.Поужасно нешто не сум ставила на мојата кожа, и тврдам дека е од лосионот, почнаа да ми се појавуваат мозолчиња кои со месеци не се повлекуваат, а кога ке се повлечат оставаат огромни црвени флеки на лицето.

    ега го мијам само со бекутан сапун и кога ке го осетам суво лицето ставам само павловичева почна да ми се подобрува, па решив пак да си се вратам на леа лосионот, подобар нема.