simoncelicius напиша:ivana.123 напиша:Дали некој го има користено гелчево од леа за акни? Има ли резултати и за колку време?
Само моето е со бело капаче
Јас го имам користено, ама не дава баш некои резултати подобро земи го лосионот. е сеа вика после лосионот да се става гелов јас пробав ама кај мене не даде никакви резултати, за разлика од лосионот кој е предобар, денес го купив пак, а ова гелов така ми стои.
Сепак може ке има ефекти кај тебе, на билна база е, а и не е скап околу 200 денари во зегин, инаку да сега е бело капаче.
туку да прашам јас за оваа кремата бугарската, здраве, која е подобра, сина или жолта? Која е разликата?
Јас го имам и лосионот ,кога го купив ова беше гратис со него.Ставам повеќе од лосионот од ова не толку често пошто не гледам резултати па мислев да не треба да се користи подолго време, ама изгледа не го бива.Сега почнав да го користам и лосионот на јанг дерм затоа што од леа ми е јак ми го суши лицето а имам осетлива кожа.Сепак фала








