ТЕМА: Како до чисто лице?

Мислење 28 Сеп 2010, 17:17

Nina24 напиша:Ќе пробаш еден период како што викаш да се опуштиш. Не ставај пудра, не го покривај лицето, никакако не го чепкај. Остави ја кожата нека дише и релаксирај се. Не мисли воопшто на акните. Размислувај позитивно. Ќе се ослободиш од стресот и претпоставувам ќе забележиш промена кога ќе престанеш да се оптеретуваш.
Потоа почни со систематско третирање на проблемот. Од секој можен аспект. Оди уште еднаш на друг дерматолог, нека ти препише терапија. Мноогу важно, да не се откажуваш. Издржи со терапијата до крај, за да има ефект. Твојот проблем треа со години и неможе преку ноќ да се излечи. Затоа биди трпелива, упорна и смирена.
Што помалку стрес, а повеќе упорност, позитивно размислување, без оптоварувања и се надевам ќе ставиш крај на таа состојба. :)

Фала ти Нина, ке се обидам да го применам ова и да се опуштам малку, повторно ќе одам на дерматолог да видам што како... и да не мислам нон стоп на акните, :)
Аватар на корисникот
senza.parole

Жолто цветче
 
30115208
Мислења: 2011
Зачленет: 22 Сеп 2010, 01:23
Локација: Sotto la luna d'argento.
Lasciatemi in pace... e vi amerò per questo.

Мислење 29 Сеп 2010, 10:32

Nina24 напиша:
пошто нема гел од пузле

Има гел од Пазл. Јас си го купив пред три недели од Зегин 102 денари. Аптекарката ми рече дека ова е новото пакување на гелот. Антибактериски е. Не содржи алкохол и не го суши лицето. Јас го користам еднаш дневно - навечер за дезинфекција на лицето пред спиење. Задоволна сум, откако ќе се измијам го чуваствувам лицето чисто и не ме затега, не ми се суши.

Нина може да ми посочиш што мислиш за колекцијата пазл против акнеста кожа?
дали се добри, дали делуваат?
и кога спомнуваше за клиндамицин, мислеше за од фитофарм Леа лосионот и гелот така?
и може уште некоја информација плус за Аеролот што го спомнуваше исто, и за третиноинот???

фала.
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
7252486
Мислења: 1370
Зачленет: 05 Јун 2010, 18:55
Локација: Скопје
„Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

Мислење 29 Сеп 2010, 11:20

Name, не сум ја користела колекцијата Пазл. само гелот за миење и тоа една туба имав купено, не видов некој посебен ефект. Чисто како антисептик,за да ја одржува кожата чиста навечер. Неможам да ти кажам за таа колекција нешто повеќе.

За третиноинот пишав претходно многу пати.
Како втора фаза е таканаречениот длабински пилинг кој ги чисти сите нечистотии длабоко во лицето, а се прави со помош на средства кои се од деривати на овошни киселини. Ги произведуваат многу фармацевтски компании. Јас лично користев Аирол, меѓутоа и тој е од Грција, така што полесно набавете си некој кој го има и кај нас, а ке ви го препорача апотекарката како средство дериват на овошна киселина , а можете и со генеричко име да го барате какоTRETINOIN. Ова се користи наредните 3 месеци, само навечер, бидејќи несмее да дојде во контакт со сончева светлина, може да настане хем. реакција и да останат флеки на лицето. Овој препарат во прв момент ке ви личи како да ви го зголемува проблемот, а тоа заради тоа што тој ги вади сите бубуљички кои требало да излезат. Нив локално ќе ги третирате со анибиотската маст-значи нема да го мачкате цело лице, туку ќе ставате директно на акната. После три месеци ќе имате совршено мазно лице без акни и со изедначен тен. Ова е трајно решение, а не привремено.

Прочитај на почетокот од темава, негде втора страна отприлика.
Сега, на почетокот на октомври е право време за почеток на терапија со третиноин. Се препорачува да се третира лицето на есен и зимно време, а пролетните и летните месеци да се избегнуваат.
Ако одиш во Грција или Бугарија, побарај го како Аирол.

За клиндамицинот, кај нас знам дека го има како антибиотик во колекцијата на Фитофарм - Леа, но ако си во можност да го купиш некаде надвор од нашава држава би ти го препорачала гелот Dalacin C. Многу ефикасен продукт кој го содржи Клиндамицинот. Ако не, купи си ја колекцијата Леа и таа ќе заврши работа.
Аватар на корисникот
Nina24

Зелено цветче
 
301188
Мислења: 667
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:32
Локација: Скопје

Мислење 29 Сеп 2010, 17:44

Во што е разликата меѓу клиндамицинот од Галафарм и Клиндамицинот од Леа..кој е подобар..инаку јас го користам лосионот со клиндамицин од Галафарм..еве цело лето и продолжувам...само незнам кој е подобар...? Некој ако знае нека пише..или пак Нина нешто ако знаеш ти во врска со ова кажи..кој е подобар за употреба.. :)
Аватар на корисникот
LovelyGirl

Жолто цветче
 
278413
Мислења: 1530
Зачленет: 10 Фев 2010, 16:19
Локација: на месечината...
Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, вечерата дај му ја на непријателот

Мислење 29 Сеп 2010, 18:59

LovelyGirl напиша:Во што е разликата меѓу клиндамицинот од Галафарм и Клиндамицинот од Леа..кој е подобар..инаку јас го користам лосионот со клиндамицин од Галафарм..еве цело лето и продолжувам...само незнам кој е подобар...? Некој ако знае нека пише..или пак Нина нешто ако знаеш ти во врска со ова кажи..кој е подобар за употреба.. :)

Ти користиш од галафарм, не Леа така?
Јас пред малце се вракам од Тинекс да купам памукчиња за лице ^^ и се загледав таму у лосиони ова она и гледам има клиндамицин лосион и хлоракол лосион..а има и клиндамицин односно леа.. Е сеа кој???
Као што сум неодлучна уште ова ми фалеше...
Можеш ли да ми кажеш која е разликата помегу клиндамицинот лосионот (не леа,тој од галафарм) и хлораколот???
Инаку мое мислење за твоево прашање мислам дека тој од галафарм е појак пошто ипак се вика клиндамицин а овој другиов е само лосион од леа кој мегу друго се состои и од клиндамицин.. =)
се надевам помогнав..
плс пиши и твое мислење за ова моево..

исто поканета е и Нина за одговор на прашањево..
благодариме =)
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
7252486
Мислења: 1370
Зачленет: 05 Јун 2010, 18:55
Локација: Скопје
„Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

Мислење 29 Сеп 2010, 19:05

Нина јас сакав да те прашам дали првин да ја истрошам тубичката што ми остана (гелот) или веднаш да почнам со употреба на аиролот :?: :wasntme:
Аватар на корисникот
Smilly

Жолто цветче
 
32346796
Мислења: 2365
Зачленет: 03 Јул 2010, 15:34
Локација: Air.
''Find what you love and let it kill you'' -Bukowski.

Мислење 29 Сеп 2010, 19:24

Jas imam problem so ispukani kapilari na liceto, ne znam od sto mi se i mnogu me nerviraat sto se taka kako crveni modri tocki, i bez pudra mi se poznavaat :devil: Ako nekoj se ima sooceno so istovo bi mi bilo milo da spodeli so sto gi tretira. Sum nemala problemi so akni, i koristam dneven i noken krem od Nivea. pozz
Аватар на корисникот
Umma

Фем почетничка
 
97
Мислења: 47
Зачленет: 27 Јун 2010, 16:50

Мислење 29 Сеп 2010, 22:31

Можеш ли да ми кажеш која е разликата помегу клиндамицинот лосионот (не леа,тој од галафарм) и хлораколот???

Хлораколот содржи друг антибиотик, кој е истоа така ефикасен против бактериите кои предизвикуваат акни, а тоа е ант. Хлорамфеникол. Сепак, поефикасен мислам дека е клиндамицинот. А колку % содржи антибиотик, односно колку мг. има во упатството сигурно.

Нина јас сакав да те прашам дали првин да ја истрошам тубичката што ми остана (гелот) или веднаш да почнам со употреба на аиролот :?: :wasntme:

Тоа зависи во каква состојба ти е лицето. Со третман со Аирол не почнувај додека клиндамицинот не ти ги смири сите гнојанички (акни со бела точка внатре) или оние црвени болни акни. Кога ќе ти биде потсмирено лицето, тогаш се почнува со аиролот, кажав веќе, тој ќе извади се на површина. Само внимавајте да ставате мала количина на почетокот, само пред спиење, зошто може да си го изгорите лицето.


Во што е разликата меѓу клиндамицинот од Галафарм и Клиндамицинот од Леа..кој е подобар..инаку јас го користам лосионот со клиндамицин од Галафарм..еве цело лето и продолжувам...само незнам кој е подобар...? Некој ако знае нека пише..или пак Нина нешто ако знаеш ти во врска со ова кажи..кој е подобар за употреба

Штом го користиш толку долго, смени го. Лицето (кожата) како и секој друг орган се презаситува од еден ист антибиотик и бактериите стануваат резистентни на тој антибиотик. После 2-3 месеци веќе скоро џабе го ставаш. Смени го. Ако си користела клиндамицин, сега почни со Хлорамфеникол, или уште подобро, одмори го лицето извесен период, не ставај ништо. Долга употреба на антибиотик е штетна, макар и да се нанесува надворешно (на лице), иако не се зема орално.

:)
Аватар на корисникот
Nina24

Зелено цветче
 
301188
Мислења: 667
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:32
Локација: Скопје

Мислење 29 Сеп 2010, 23:54

Девојки да не знаете некој лек за поткожни мозолчиња ?? Ги имам на некои делови на лицето, некои се ситни а некои така поголеми и црвени и ме болат кога ги допрам ??? Ако знаете нешто ве молам кажете ... Однапред ви благодарам :*
Аватар на корисникот
babe

Бело цветче
 
419
Мислења: 70
Зачленет: 01 Јун 2010, 23:07
Не чекај ја среќата за да се насмевнеш, туку насмевнувај се за да бидеш среќен!

Мислење 30 Сеп 2010, 07:51

Хлораколот содржи друг антибиотик, кој е истоа така ефикасен против бактериите кои предизвикуваат акни, а тоа е ант. Хлорамфеникол. Сепак, поефикасен мислам дека е клиндамицинот. А колку % содржи антибиотик, односно колку мг. има во упатството сигурно.

Фала нина =)
Ке видам ја у упатството уште еднаш али најверојатно ке го земам лосионот клиндамицин..не тој на леа..
сега ми останува уште за добар гел или крема да најдам..сакам да си го почнам третманот набрзо..
се одлучив значи за асодерм сапунот, потоа лосион(што најверојатно ке е штистиот клиндамисин) потоа гел/крема ? и на крај здраве кремата за поединечни бубулки =)
е сеа уште ова помогни ми плс.. =)
фала фала мнн :$
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
7252486
Мислења: 1370
Зачленет: 05 Јун 2010, 18:55
Локација: Скопје
„Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

Врати се на Лице

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 17 гости